Еве да ти кажам некои работи бидејќи не ги знаеш. Пред десетина години имаше статистика за најголема проодност на мали коефициенти по спортови. Ја имаше на betting advice форумот, ама сега никако не можам да ја најдам. Беше одамна, можеби е избришана. Е на таа статистика женскиот тенис беше на второ место по проодност на мали коефициенти. На прво место беше американскиот фудбал. Од тоа време доста работите се сменети, затоа што ги нема повеќе Анин, Клајстерс, сестрите Вилијамс се при крај, Возниацки се повелече, Ана Иванович се повлече, Шарапова се повлече, ги нема доминантните сили во женскиот тенис, затоа во моментот се случуваат повеќе изненадувања.
Така да тоа нема никава врска со тоа дека женскиот тенис е тежок за предвидување сам по себе, и дека малите коефициенти не излегуваат само затоа што е женски тенис. И од машкиот тенис ако ги извадиш Надал и Џокович на кои практично и нема коефициенти, и таму се резултатите каша попара. Затоа ви велам да олабавите со муабетите, жени, ќе добијат, психата, и такви глупости. Секој спорт си има своја логика при кладењето.