Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа не можам да го разберам со Гарсија. Ќе даваат 18-20 милиони кога го имаш подобриот Тодибо и плус со тие пари и уште некој милион може да го донесат Депај. Луда работа!
Сигурен сум дека Лион би го шитнале за 25, се виде уште од одма дека се очајни да го продадат, таква им е политиката, купи-продај, а следната година ќе им бега за нула. Тоа не се случува често со клуб којшто е ориентиран на правење пари од продажба, а резултатите во втор план.

А притоа од 30 милиони што ги добија за Семедо, само околу 7 ќе одат на Дест ова лето, еве нека се и 10, не знам колку ќе е прва рата. Плус од плати се ослободија тешки милиони со продажбите, тука се поставува прашање како е можно да се нема до толку пари, каква сака нека е кризата. Можно е гомното Барто сега пред крај да се обидува да зачува што повеќе пари, бидејќи има шпекулации дека ќе плаќа од свој џеб ако му излгасаат недоверба.
 
Сеа на крај за 25че го лапавме Депај и тоа може да го напраат на рати, сигурен сум... само да не го изгубат без пари следна година.

Рафиња не го шиткале за под 16 милиони. Што им е бе... Селта го бара чоекот за 10 милион топ им е. Не знам кој им е филмот...
 
Нека се убијат ако го пропуштат ова.

Screenshot_20200929-114947~2.png
 
Дест пристигнува вечерва, а ќе потпише во петок, има уште детали да се договорат.

Гуд, разумно.

Ептен ми се свиѓа како размислува Куман, како директно одговара на прашања на прес, се што мисли кажува. Си кажа на кој смета на кој не, бескомпромисен е, за разлика од безмудестите досега. Знае кој е играч доволно квалитетен за овај тим, другите гревчиња немаа видено повеќе од Билбао и Бетис за да знаат кој е доволно голем играч за големината на клубот. Штета што во моментов нема никакви средства во клубот да му се донесат играчите што ги бара. Никогаш Куман немаше да донесе играч како Брејтвејт или друг просек, барем така ми изгледа, да не изненади негативно до крај на трансфер роков :D
 
Мене ми е мило шо се инвестира во млади таленти. Де Јонг, сеа Дест, го имаме Фати, и дефинитивно не требаше да го испуштиме овој Де Бек шо отиде во Јунајтед, али тоа е. Со вакви трансфери може да се решат генерациски проблеми, доволно е 50 % од нив да покажат класа. Единствен веќе докажан играч шо сакам да го донесат е Мбапе, али ова моментално е невозможна мисија со Том Круз.

Куман има влијание и познаници во холандискиот фудбал шо е многу позитивна ствар, оти знаеме какви се таленти излегувааат од нивните школи.
 
Доаѓањето на Депај зависи од евентуалното заминување на стаклениот гејмер, на клоци би го шутирал до Манчестер само да се отарасиме, ама се укотви тенџерето, ништо не го мрда од Барса.
 
Доаѓањето на Депај зависи од евентуалното заминување на стаклениот гејмер, на клоци би го шутирал до Манчестер само да се отарасиме, ама се укотви тенџерето, ништо не го мрда од Барса.
Квалитет има, само во главата нема. Моментално може само да му е замена на Ансу Фати.
 
❗ Gerard Romero: "Operacija DEMBÉLÉ - MEMPHIS se zagrijava."

"Ousmane počinje sumnjati da će nastaviti u Barceloni."

"Machester United nastavlja da traži mogućnost posudbe ili u najgorem slučaju kupovine. Ako bi Ousmane Dembélé napustio Barçu, ne bi bilo prepreke za dolazak Depaya."
 
Утре (т.е вечер) гостуваме на Селта. Тешко гостување, последен пат победивме на Балаидос пред 6 сезони, во 2014-15та, првата сезона со Луис Енрике.
Автоматски споено мислење:

Иначе, Дест веќе ги поминал лекарските прегледи, веќе втор ден е во Барселона, би можело најверојатно во текот на денот да потпише и да објават и официјално. Го спомна денес и Куман на прес конференцијата, рече дека фали уште официјално да потпише договор.

Реално, не знам за каков играч станува збор, да не испадне некој вечен талент како Грегори ван дер Вил пред неколку сезони, кој требаше да биде новиот Дани Алвес. Ми дава надеж дека е добар играч тоа што и Баерн беше заинтересиран за него. :D
 
Последно уредено:
Дембеле го притискаат од сите страни и Барса и Јунајтед, ама го притискаа и за во псж лани па џабе. Летово ги одбил Ливерпул, Јувентус и пред две недели Јунајтед. Куман да го зашамари некако ама пак тешко да го избркаат.

Пак се преговара за Гарсија, 8+2+Рафиња понудиле, Сити одбил. Не го сака Рафиња, туку 20 милиони минимум. Ќе ја покачат понудата изгледа, ама нема 20 да е сигурно.
 
Јас сум против заминување на Дембеле. Јесте да ништо не направи досега и ова ќе биде четврта сезона како се очекува да покаже нешто, ама па ако веќе сакаа да се ослободат од него требаше тоа да се направи порано, а не сега откако започна сезоната.
Плус Јунајтед сака само позајмица (со право на откуп), така да ќе си изигра една сеозна кај нив, ако по некоја случајност истера цела сезона без повреда и си ја поврати формата, може и да го откупат, ако не, ќе ни го вратат и ќе си го земат Санчо наредно лето.

Не гледам што би добила Барселона од заминување на Дембеле, посебно на позајмица.
 
Би се ослободиле од платата, плус пари од позајмицата и би го добиле Депај.
 
А бе кој куууур Бускетс пак прва постава, ако изигра како со Виљареал све ќе му ебам!
Пјанич и поише трча, помага у одбрана и покреативен е. Супер тандем се со Де Јонг!

Многу тешко гостување ни е, 6 год неаме победено тука. Очекувам тесен резултат али и победа.

П.С. Добра група у ЛШ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom