Кладилница (Генерална дискусија)

Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.567
Поени од реакции
5.612
Тотнем - Челзи ГГ (1.6) квота.
Ова е можеби нај шкљ утакмица за типување денеска. Не очекувам некоја голема борба, на челзи и не им е толку битен купов а тотнем го очекува дуел за квалиикации во Лига Европа што мора да го добие. Очекувам доста мешан состав и многу грешки и на двете страни, претежно дефанзивно. Би требало да добијат шанса младите и ротационите играчи, желба да покажат што знаат верувам дека имаат. Барем по една грешка на одбраните би требало да искористат и двата тима.


Динамо Киев - Гент 1х (1.26 квота)
Киев има минимална предност од минатиот натпревар, моментално си доминираат во лига, вака на хартија имаат малце поквалитетен соатав. Очекувам играчи како Суприага, Вербич и Шапаренко да напраат разлика и да го решат натпреварот. Во најмала рака очекувам понатаму да иде Динамо Киев. Гент има лош старт во лигата, само 2 победи и 5 порази, со 7 дадени и 10 примени гола. Нема да се предадат без борба но Киев би требало "лесно" да се справи и да ги помине.

Омониа - Олимпијакос Х2 (1.2квота)
Овде Олимпијакос ми е фаворит. 0-2 предност има, очекувам претпазливо да играат и да одат на победа. Омониа не изгледа како тим што би можел да се носи со овој Олимпијакос.
30.09.2020
Беневенто - Интер 2 (1.4 квота)
Интер тука е фаворит, во дуелов очекувам да влезе мотивирано и да ги освои трите бода. Беневенто сано што се врати во првата лига, незгодна екипа се, издвоија победа против Сампдорија, но мислам дека на чист квалитет на поединци ќе ја добие оваа утакмица Интер. Иако не очекувам преголем форс, сепак викендов интер има тешка утакмица против Лацио.

Хуеска - Атлетико Мадрид 2 (1.5 квота)
Хуеска не делува нешто посебно опасно, имаат 2 нерешени и 1 пораз сезонава што не е воопшто лошо кога ќе видиме дека двете нерешени им се со Виљареал и Валенсија. Атлетико Мадрид е голем фаворит, очекувам да тргнат без двоумење по 3 бода. И како колектив и поединечно се доата поквалитетна екипа.

Вкупен коефициент 5.08

Коефициент само за денешните 2.42

(спорт лајф)
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
На толкава понуда денес, јас за Ласло Џере се фатив..
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.155
Поени од реакции
7.858
Почнува Еврокуп од денес, па да се пробаме. Пишувам малку касно, во 7 почнуваат.

Crawford 14.5+
Откако се рестартираше сезонава, 6/8 натпревари ја префрла оваа граница, два пати заглави на 12. Шутира по околу 12-15 шутеви на утакмица, ако има просечна вечер лесно треба да префрли ова заедно со 4 слободни во просек. Заедно со Чери се главни играчи, може и на него да се проба на истата граница.

Browne 12.5+
Најмногу шутира од Тренто, минатата 19 поени со послаб шут, 7/8 натпревари после рестартот оди на плус (на едната со 11), со многу шутеви и слобода. Очекував граница како и Крофорд, ова е поклон според мене.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.332
Поени од реакции
7.079
циципас и рубљев играа финале пред само два дена и ви беа фаворити за денес ? рубљев пројде, циципас може и тој некако ама до кај ќе тераат овде шо викате
Автоматски споено мислење:

мартич ако изгуби од дои на земја може сите фанови да ја тужат за претрпен стрес...........
Автоматски споено мислење:

тот - чел 1.5+ 1.60
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.956
Поени од реакции
9.587
Вавринка ни за почеток ни за крај на ден ваков идиот
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.649
Поени од реакции
115.193
Денес Свитолина беше најголемиот зицер, 1.25 и дале со умренана Заразуа, Ерани за сиромашни.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.641
Поени од реакции
3.266
Лацио - Аталанта ГГ3+ @ 1.68

Второ коло во Италија, а се среќаваат двете можда и најофанзивни екипи во лигата. Аталанта гостуваше и првото коло кај Торино, победи со 4:2, а водеше 2:1 уште накај 20-та минута. Лацио пак, играше во гости кај Каљари, победи 2:0 отворајќи го резултатот уште во втората минута. Минатата сезона се сретнаа два пати, одиграа 3:3 во Рим, а Аталанта победи дома со 3:2. Тешко би било да се типува на победник на овој натпревар, ама мислам дека головите би требало да бидат загарантирани.

Виљареал - Алавес 1 @ 1.55

Виљареал во четвртото коло во Ла Лига веќе го игра третиот натпревар на домашен терен. Има една победа против Еибар со 2:1, а првото коло ремизираше со Хуеска со 1:1. Знаеме, последното коло кај Барселона беа декласирани со 4:0. Можи слободно да се речи дека Емери нема баш посакуван почеток на сезоната, иако има солидна екипа. Алавес би требало да биди противникот против кој лесно треба да се освојат трите бодови на домашен терен. Можи да се проба и евентуално 1 и ГГ за поголем коефициент, со оглед на тоа дека во последните седум натпревари на овие две екипи, на шест и двете постигнаа барем по еден гол.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Не е нормално ако успее Свитолина да изгуби од оваа.. не е !
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Не е нормално ако успее Свитолина да изгуби од оваа.. не е !
Многу беше добра Мексиканката, одлично изигра. Свитолина треба да се размисли зошто дозволува толку многу брејкови. Против Грачева повеќе од 10, сега повторно.
Автоматски споено мислење:

Во тешки говна е Азаренка, Шмиедлова игра како на допинг. Никогаш не била нешто посебно на земја Азаренка, дури и кога беше во најдобра форма.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom