А генерално. Свадба досадно помодарско клише.
Од двете страни X 30 во некој закупен локал со жива музика е идеално решење. Нема тука ќар зијан.
Ако сметаш дека третиот братучед кој до вчера не си знаел ни роднина дека ти бил, треба да ти е на свадба онда go for it. Али генерално го правиш за свој ќеиф и треба да си направите интимна атмосвера со луѓе пред кои се чуствувате слободни, па макар тоа било и пред 99% пријатели и 1% роднини
Да ама тука доаѓаат до израз родителите со муабети како они биле на свадба кај тие и тие роднини за кои ти поима немаш па сега истите тие роднини мора да бидат удостоени со покана од твоите родители за твоја свадба... и тука ќе се запознаете. Од таму и се тие 300+ гости по свадбиве од кои ти познаваш едно 100 души од кои ти живееш со едно 30 од нив.
Друго, истотака ретко глупа церемонија според мене е идењето по невеста и слични пичке материне што траат едно добри 15 саати. И тука доаѓаат до израз родителите, штооо како нема да праиш свадба, што ќе речат комшиите и роднините. Да идете у курац сите, ме заболе што ќе речат.
Најдобра варијанта е со невестата, твоите и нејзините + кум и старејко, венчавка у матично и црква, еден ручек и здраво пријатно. Друг ден резервираш кафана или ко што викаш ти закупен локал, праиш забава за 100+ души од двете фамилии и чао.
За поклонот, се знае, модерно време е и се освен пари е глупост. Ок ако си близок и да се договориш со младенците доколку им е потребно нешто од покуќнина па да им земеш, мада и тоа е дискутабилно, па дали ќе им се свиѓа, дали ќе им одговара.
Зависи и колку ти се блиски младенците, па од таму и тежината на пликото. Во секој случај минимум што треба е да си ја подмириш порцијата, САМ, а не со 20 евра ти и партнерот. Горе доле, минимумот што треба да е еден поклон според мене е 50 евра. Пак ќе кажам, зависи кај идеш и колку си близок. Кај прв братучед секако не можеш да отидеш со 50 евра. Потесна фамилија па да не праам муабет.
Ова зборам кај познаник, колега, пријател, подалечен роднина.
Јас знам 2 случки, каде колега на колега му дал 500 денари у плико. Истиот колега кај двајца други колеги што правеа свадби во рок од 1 година. Па маме му ебам пирошката, ордеверот и 2 пива не коштаат толку. Кај е главното јадење односно нели целата порција, кај е нешто за него.
Празни плика не ги коментирам, колку ниско треба да котираш на скалата човечност, да отидеш на свадба кај некој што ти направил чест и те поканил на негова веселба и ти да му остаиш точно 0 денари. Да дојдеш, да се изнајадеш изнапиеш и на сето тоа тој што те поканил да ти плати 1000+ денари. Дно.