Што се случува со Хадсон-Одои? Дечкото од први моменти на настапи на доминантните и трофејни младински состави на Челзи од пред 4-5 години делеше со талентот заедно со Доминик Соланке, почна со ок сениорски настапи во тој периодот есента под Сари. Точно е дека имаше тешка повреда, ама тоа би требало да го има надминато досега. Приватни проблеми или глупости? Штета ако од него не стане стандарден првотимец на Челзи, моментално како што изгледа и просечно талентираните Маунт и Абрахам ќе се вклопат со германците во брзи напади, а Одои не.
Како за флоп прогласен после три полувремиња и за човек кој до пред месец дена играше фудбал со Леверкузен, слета во Лондон и веднаш стартуваше со добриот Брајтон на гости, на неприродна позиција и уште понеприродна формација на Лампард, како и после стартот против шампионот Ливерпул на домашен терен на позиција десно крило, не е лош хет-трикот и асистенцијата на првиот натпревар на својата позиција.
Покрај Хаверц, Абрахам изигра многу квалитетно и покажа чувство и интелигенција во сите акции. Тоа досега не било случај.
Тиаго Силва дебитираше, не го коментирам него, класика. Знаеш што очекуваш, знаеш што ќе добиеш. Кабаљеро одличен, Емерсон добар исто така, Чилвел асистенција и Жиру гол, шлаг на тортата.
Останува жал за Хадсон, реакцијата по недосудениот пенал кажуваше бајги. Ќе беше убаво да стрела за самодоверба.
Против ВБА очекувам Хаверц на 10, лево Маунт, а десно повторно би го стартувал Одои. Канте и Кова позади, Вернер во врвот на нападот. Копукот Кепа на клупа.
Тоа е тоа. На дело се гледа како игра и разлика од Силва па како нашиве 4 штопера.
Каи одличен на 10 ка, само му фали теретана, инаку се гледа дека е огромен талент.
Контролен натпревар, далеку се од квалитет на пл, така да не мора ништо да значи победава, ама ми се свиѓа што се крена
квалитетот на играта од лани, еве го Баркли, Одои, Абрахам летаат по терен, покажуваат желба за разлика од лани.
Конкуренција е добра работа.
Резултатов не е релен приказ за квалитетот на Барнсли (или на Челзи), очигледно после вториот гол направија rage quit Барнсли. Ова во второ полувреме беше дуел на екипа што сака да тренира и екипа што бога моли да се врати дома.
Не знам некогаш да имам гледано полувреме каде Челзи делувал вака доминантно, а сме играле и со многу послаби екипи.
Одлично е ова за билдање на хемија во тимот, а и за самодоверба.
Голманот на Барнсли со некои потези ептен потсети на Кепа, што само треба да потврди дека сите што го бранеа трансферот на Кепа треба да им се забрани гледање на фудбал на пар месеци.
Може истото да се каже и за трансферот на Баркли.
Маунт денеска импресионираше, фалеше ова од него, се надевам ќе се врати брзо во онаа форма од стартот на минатата сезона.
Одои навистина разочара
Секоја чест за головите на Хаверц, се гледа дека има потенцијал, денеска не се ни трудеше ептен а сепак прв сениорски хе-трик забележа.
Тоа е, нема што многу да се збори, рутинирано дадовме два гола и остатокот беше тренинг. Дури би рекол и на тренинг повеќе се мачат.
Од аспект на самодоверба и се тоа - маестрално, се надевам ќе победиме и во ПЛ па да се почне со позитивна енергија во тимот.
Инаку прочитав денеска Вили против оваа мртва екипа успеал да стигне до повеќе одбрани него ли Кепа што имал чисти мрежи за нас Значи, да беше Кепа ова ваљда ќе беше некоја 6-3 утакмица
Добро е, бринг ит он... Тотенхем или што и да ќе бидне со таа утакмица.
Он и Кристенсен ми се мене на исто ниво во моментов. А и двајцата имаат по уште две години од договорите и јасно беше од старт дека еден треба да си оди летово. Логично е дека изборот ќе падне на постариот, а на хоумгроун играчот од академија ќе му се даде уште една сезона.
Другата опција беше Томори да си оди, не гледам како ова е полошо.
Знам дека ти се, ама стварно мислам како различни мечеви да гледаме.
За мене Рудигер цела сезона лани беше бољи од Зума и Кристенсен, не знам од каде им текна сега дека не го бива...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.