Фан Клуб: Челзи

Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Што се случува со Хадсон-Одои? Дечкото од први моменти на настапи на доминантните и трофејни младински состави на Челзи од пред 4-5 години делеше со талентот заедно со Доминик Соланке, почна со ок сениорски настапи во тој периодот есента под Сари. Точно е дека имаше тешка повреда, ама тоа би требало да го има надминато досега. Приватни проблеми или глупости? Штета ако од него не стане стандарден првотимец на Челзи, моментално како што изгледа и просечно талентираните Маунт и Абрахам ќе се вклопат со германците во брзи напади, а Одои не.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.613
Поени од реакции
2.235
Исто така треба да се спомне дека Кабалеро за едно полувреме одбрани се што Кепа цела сезона не успеваше да одбрани.

Со квалитетен голман тимов ќе се крене неколку нивоа погоре.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Како не дадоа уште 1 гол Баркли и Маунт уште ги пцујам(7+ ја имам :D)
Odoi, Maunt i Barkli ima 100% shansi, 8-9 gola mozhea da dadat. Od druga strana Barnsley imaa nekolku dobri shansi, ama Willy sredi rabota. :D

Dobar trening utakmica, dobija minuti i Ben i Thiago Silva i konecno Kai na prvata pozicija.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Како за флоп прогласен после три полувремиња и за човек кој до пред месец дена играше фудбал со Леверкузен, слета во Лондон и веднаш стартуваше со добриот Брајтон на гости, на неприродна позиција и уште понеприродна формација на Лампард, како и после стартот против шампионот Ливерпул на домашен терен на позиција десно крило, не е лош хет-трикот и асистенцијата на првиот натпревар на својата позиција.

Покрај Хаверц, Абрахам изигра многу квалитетно и покажа чувство и интелигенција во сите акции. Тоа досега не било случај.
Тиаго Силва дебитираше, не го коментирам него, класика. Знаеш што очекуваш, знаеш што ќе добиеш. Кабаљеро одличен, Емерсон добар исто така, Чилвел асистенција и Жиру гол, шлаг на тортата.

Останува жал за Хадсон, реакцијата по недосудениот пенал кажуваше бајги. Ќе беше убаво да стрела за самодоверба.

Против ВБА очекувам Хаверц на 10, лево Маунт, а десно повторно би го стартувал Одои. Канте и Кова позади, Вернер во врвот на нападот. Копукот Кепа на клупа.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.122
Поени од реакции
19.526
Го извадив Хавертц од фантази и одма хеттрик, за викендот да знајте пак ќе дај гол, традиција имам таква :)
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.084
Поени од реакции
2.028
Добри. :D

Тоа е тоа. На дело се гледа како игра и разлика од Силва па како нашиве 4 штопера.

Каи одличен на 10 ка, само му фали теретана, инаку се гледа дека е огромен талент.


Контролен натпревар, далеку се од квалитет на пл, така да не мора ништо да значи победава, ама ми се свиѓа што се крена
квалитетот на играта од лани, еве го Баркли, Одои, Абрахам летаат по терен, покажуваат желба за разлика од лани.
Конкуренција е добра работа.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Јеј.

Резултатов не е релен приказ за квалитетот на Барнсли (или на Челзи), очигледно после вториот гол направија rage quit Барнсли. Ова во второ полувреме беше дуел на екипа што сака да тренира и екипа што бога моли да се врати дома.
Не знам некогаш да имам гледано полувреме каде Челзи делувал вака доминантно, а сме играле и со многу послаби екипи.

Одлично е ова за билдање на хемија во тимот, а и за самодоверба.

Голманот на Барнсли со некои потези ептен потсети на Кепа, што само треба да потврди дека сите што го бранеа трансферот на Кепа треба да им се забрани гледање на фудбал на пар месеци.
Може истото да се каже и за трансферот на Баркли.

Маунт денеска импресионираше, фалеше ова од него, се надевам ќе се врати брзо во онаа форма од стартот на минатата сезона.
Одои навистина разочара :(
Секоја чест за головите на Хаверц, се гледа дека има потенцијал, денеска не се ни трудеше ептен а сепак прв сениорски хе-трик забележа.

Тоа е, нема што многу да се збори, рутинирано дадовме два гола и остатокот беше тренинг. Дури би рекол и на тренинг повеќе се мачат.

Од аспект на самодоверба и се тоа - маестрално, се надевам ќе победиме и во ПЛ па да се почне со позитивна енергија во тимот.

Инаку прочитав денеска Вили против оваа мртва екипа успеал да стигне до повеќе одбрани него ли Кепа што имал чисти мрежи за нас :D Значи, да беше Кепа ова ваљда ќе беше некоја 6-3 утакмица :D

Добро е, бринг ит он... Тотенхем или што и да ќе бидне со таа утакмица.
Автоматски споено мислење:

Он и Кристенсен ми се мене на исто ниво во моментов. А и двајцата имаат по уште две години од договорите и јасно беше од старт дека еден треба да си оди летово. Логично е дека изборот ќе падне на постариот, а на хоумгроун играчот од академија ќе му се даде уште една сезона.
Другата опција беше Томори да си оди, не гледам како ова е полошо.
Знам дека ти се, ама стварно мислам како различни мечеви да гледаме.
За мене Рудигер цела сезона лани беше бољи од Зума и Кристенсен, не знам од каде им текна сега дека не го бива...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom