Фан Клуб: Челзи

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Е ајде бе сега, бил арогантен изминативе недели. Тоа Баркли на сред натпревар не сакаше да слуша инструкции од тренер и му го зеде пеналот на Вилиан, па тоа Хадсон-Одои на 17 години го уценуваше клубот, тоа Кепа направи скандал во финалето со Сити и не сакаше да излезе од игра, Рудигер бил арогантен.

Класично просеравање, да ми извините. Не е добра одлука, особено не е добра затоа што има далеку послаби поединци од него и затоа што не би сакал да се потпрам во одбрана на 36 годишен играч, еден играч кој се повредува и двајца лабилни, со посебен акцент на данската барбика.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727

Он и Кристенсен ми се мене на исто ниво во моментов. А и двајцата имаат по уште две години од договорите и јасно беше од старт дека еден треба да си оди летово. Логично е дека изборот ќе падне на постариот, а на хоумгроун играчот од академија ќе му се даде уште една сезона.
Другата опција беше Томори да си оди, не гледам како ова е полошо.
 
Не се на исто ниво. Затоа е полошо. Кристенсен не нуди ништо. Рудигер нуди. На крајот на краиштата, физикус и енергија, најдобро се покажа тоа на мечот во гости со Тотенхем лани.

Искрено се надевам дека имаат некој кец во ракав и дека ќе донесат стопер, а ќе му се заблагодарат на Кристенсен. Кога веќе сме во ваква ситуација.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Рудигер ќе замине од клубот пред Кристенсен. Добро, не можеше да истераат едно лето без некоја глупост.

Имаш фудбалер кој во втората сезона кај Конте беше најдобар дефанзивец и фудбалер кој во сезоната со Сари исто така беше најдобар дефанзивец во тим.
Од друга страна, имаш фудбалер кој не е најдобар во неговото потесно семејство и не само што нема врзано период на добри игри, туку нема врзано повеќе од 120 минути каде што би изгледал пристојно, ако ништо друго.

Неубава одлука. Дотолку повеќе што го искористија да ги врбува Хаверц и Вернер и после му дадоа клоца.

За Томори ми е драго, треба да игра во овој Челзи.
Малку го преценуваш Рудигер, кај Конте и Виктор Мозес стана стандарден првотимец на премиерлигашки шампион, а кај Сари самата игра на поголем посед го намалуваше притисокот врз дефанзивците па изгледаше пристојно.

Другото е тоа тоа, избор на Кристенсен пред Рудигер е апсолутно неразбирлив.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Малку го преценуваш Рудигер, кај Конте и Виктор Мозес стана стандарден првотимец на премиерлигашки шампион, а кај Сари самата игра на поголем посед го намалуваше притисокот врз дефанзивците па изгледаше пристојно.

Другото е тоа тоа, избор на Кристенсен пред Рудигер е апсолутно неразбирлив.
Не бе, ги знам неговите можности и знам дека е многу подобар во систем и во одбрана со тројца. Ама не можеме да му го одземеме изиграното, не е фер.
Дека е калибар за Челзи кој цели високо, сите знаеме дека не е. Дека е океј опција од клупа, сигурно е.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Не можам да ги прифатам аргументите за арогантност или пак тие на @Донев дека Рудигер бил постар, а Кристенсен хомгроун играч. Барем по јавните прикази, Челзи истакнува дека гради екипа за освојување трофеи, а во таков случај мирност, арогантност, младост, старост, домашно, странско се карактеристики од занемарливо значење.

Единствена логика што ја гледам е ако има сериозно заинтересиран клуб за Рудигер и најдоцна до понеделник да е направен трансфер како гром од ведро небо како со Давид Луиз. За Кристенсен знаеме дека може да се заинтересираат само клубови како Фортуна Диселдорф, Арминија Билефиелд или Енергие Котбус.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Дека е океј опција од клупа, сигурно е.
Зошто мислиш дека он би го прифатил ова?

Иначе секако и низ минатата сезона излагаа муабети дека Лампард има високо мислење за Кристенсен и смета дека може сеуште да стане јак дефанзивец, како и дека не би сакале да го пуштат прерано и после да зажалат. А знаеме и дека општо во клубот одсекогаш имало ептен високо мислење.
Не е ова мое мислење, само кажувам зошто воопшто не е изненадување ова и од старт беше јасно дека кога би бирале, би се откажале од Рудигер. Се виде дека Лампард изгуби доверба во него уште при крај на минатата сезона.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.084
Поени од реакции
2.028
Минатата сезона какви аматерски грешки имаше Рудигер што нема ни во Македонска 4 регионална лига.
Кога има топка во нозе паничи како мало дете, доби неколку шанси на сите скоро киксна.
Играше добро со Конте ама со 3-ица во линија со 2 штопера не го бива, така да ако има некоја понуда каде што ќе игра прв тим најдобро би било и за него и за нас да си замине.
Нема веќе што да понуди.
Кристенсен исто аут, ма да моментално јас пре би го оставил Кристенсен за 4 избор.

Али сигурно дека наредно лето ќе се купува штопер така да кој и да остане исто му доаѓа, наредно лето се аут секако.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Што е работата со Лофтус го нема ни на клупа?
Фит е, ама не е избран. Пак...
Многу лоша ситуација. Цела година повреден и нормално дека сега му треба време. Ама за да има шанса да врати форма и да го надмине менталниот блок кој е нормален сега, мора да игра. Сигурно нема да игра добро доколку игра еднаш месечно или влага од клупа од време на време. За жал можеби единствено решение е позајмица :place:
 
B

Beginner

Гостин

Не очекував вакво нешто од Лампард или може го планира за следната утакмица. Како и да е уште еднаш се виде колку повреда може да ти ја заебе кариерата и тоа еден од Одои/Лофтус се повреди баш на пријателска. Претходната сезона и таа малку минутажа што ја одигра Лофтус памтам беше ок и дури имаше и асистенција за Абрахам. Сега во оваа сезона иако лошо ја изигра 1вата утакмица заслужува шанса пак во Куп/ПЛ.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Хаверц на 10ка и во 5 минути направи повеќе мего на претходните два натпревари :cautious:
 
B

Beginner

Гостин
Хаверц :uzi:
Одои ако продолжи вака и при фит Зијах не му се пишува добро :D
Дури ако и следната не е фит Пули може да се проба со Вернер и Абрахам напред.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom