Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.572
Поени од реакции
2.791
Од каде ова дека се чека 10 дена? Ја сите што ги знам периодов се тестираа за 1 ден на приватно. Цените се 3-4 илјади.
Може е нешто сменето сега али јас се јавив на 21 јули и ми закажаа најрано на 27 јули.Исто и другар недела дена пред крај на август и му закажаа на 3 септември.Значи зборам за нормално приватно за 3- 4000ден не за овие брзиве од 100 евра и нагоре.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.922
Поени од реакции
38.060

... ОК, што те натера сега пак да се тестираш? што ќе постигнеш со тестирањето? и дали нешто ќе смениш доколку си позитивен освен самоизолација што ќе биде закаснета зашто ќе се тестираш после цела недела на твоето сомневање?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.434
Поени од реакции
18.613
Може е нешто сменето сега али јас се јавив на 21 јули и ми закажаа најрано на 27 јули.Исто и другар недела дена пред крај на август и му закажаа на 3 септември.Значи зборам за нормално приватно за 3- 4000ден не за овие брзиве од 100 евра и нагоре.
За тие зборам, Авицена, Биотек. На татко ми на државно му закажаа за 3-4 дена. Така ти се погодил периодот.
Секако државата не може да помогне ако луѓе на своја рака се тестираат без никаков критериум и прават дополнителна гужва. Периодов еден куп луѓе правеа и тестови за да идат во странство.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.572
Поени од реакции
2.791
... ОК, што те натера сега пак да се тестираш? што ќе постигнеш со тестирањето? и дали нешто ќе смениш доколку си позитивен освен самоизолација што ќе биде закаснета зашто ќе се тестираш после цела недела на твоето сомневање?
Кај прочита дека пак се тестирам жити се :) Зборам за периодот крај на јули кога бев болен со сите можни симптоми со температура 39 со 5.Од тогаш фала богу добар сум :) А иначе кај мене многу треба да пазам дома имам татко со ХОББ и не ми е сеедно.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.922
Поени од реакции
38.060
Кај прочита дека пак се тестирам жити се :) Зборам за периодот крај на јули кога бев болен со сите можни симптоми со температура 39 со 5.Од тогаш фала богу добар сум :) А иначе кај мене многу треба да пазам дома имам татко со ХОББ и не ми е сеедно.
...е добро де, јас те разбрав дека пак сакаш да се тестираш :) и не само за татко ти туку и за себе треба да се пазиш,
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.029
...ако телесната температурата ти е испод 37,5С и не си имал некој „сомнителен“ контакт подолго време, би требало да биде резултат на промена на климата, местото...а богами и ресторан, ајде признај, каде јадеше нешто сомнително, а го изеде цело?
Мислам дека е ова поголем проблем од стомачниот вирус, ваљда ме стигнал нездравиот живот кои го живеам веќе 2 години. Ќе напишам кога ќе се вратам од доктор.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.922
Поени од реакции
38.060
Секако државата не може да помогне ако луѓе на своја рака се тестираат без никаков критериум и прават дополнителна гужва.
... па тие што патуваат не сакаат од ќеф да се тестираат, тоа е на државно ниво договорено, како тоа „дополнителна гужва“, сведок сум како една приватна лабораторија токму по барање на таков „иден патник“ го тестирале, му наплатиле и му го дале резултатот и толку!
нит му кажале што е резултатот, нит му рекле некаде да се јави некој да му го види резултатот, преку второ лице ми побара мене помош да му го прочитам резултатот на вибер! ...воопшто не во ред таков однос и таква неконтрола од институциите, човекот да не знае што да прави, ниту државата го знае тоа дека тој има позитивен тест, ниту министерство за здравство ја има таа бројка од тој позитивен тест, дадено така листот нааааа на рака, а човекот си плати поштено!
...прашање дневно колку вакви позитивни тестови се дадени и не се евидентирани?
Мислам дека е ова поголем проблем од стомачниот вирус, ваљда ме стигнал нездравиот живот кои го живеам веќе 2 години. Ќе напишам кога ќе се вратам од доктор.
...де бе па ти одма на лекар, еден Линекс, малку диета, течности и малку одмор ќе се средиш, ако човек излегува во тек на денот пролив преку десет пати поради дехидратација и непрекинување на губење на течности, па може да се јави на лекар за дополнување на истите со инфузија, вака барем пази се носи заштитна маска на преглед, да не одиш за едно, а да добиеш друго!
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.486
Поени од реакции
7.843
мислиш не? мислиш нема погрешни совети и тоа од јавен карактер и никој не реагира... и тоа не од било кое медицинско лице туку од соодветен специјалист инволвиран токму во згрижување на педијатриската возраст за време на пандемијава, ......
Не мислам, туку знам и тоа од лично искуство + од многу други, дека погрешни совети фрчат на сите страни, а одговорност никаква. Што би се рекло, вашите грешки, земјата ги покрива. Нејсе секој со свој памет.

Ти на пример на оваа тема си многу контрадикторна. Во многу постови се сомневаш во тестирањата т.е. тестовите, во советите од страна на официјалните лица, и се тоа оправдано, и поткрепено ти е со факти. Но, од друга страна, верглаш дека се работи за многу опасен и лесно пренослив вирус. :confused:
Често напоменуваш дека во споредба со други години, не е нормално да има пациенти со вакви симптоми, но секогаш го избегнуваш моментот, дека други години немало полициски часови, немало карантини, немало медиумска параноја, немало присилно носење маски, каде ти е тука загаденоста и ред други работи. Причини и последици штом не се трудиш да анализираш, секако дека заклучокот ќе ти биде нецелосен.

Овие што си ги набројала дека лежеле на инфективна :facepalm:, тебе бар (бидејќи си стручна и поткована) треба да ти е јасно дека НЕ ни смееле да припарат до инфективна со тие симптоми и да фаќаат место на некои други потешки случаеви. Дел од нив поради медиумска слава, Милошевски да избегне врачување на судска покана итн итн.
Истата холивудска финта. На пример зашто никој НЕ ги осуди овие "пациенти", како Том Хенкс и остали ретардирани, неморални нелуѓе, дека не следеле препораки итн итн, туку и ја злоупотребуваат короната да си подигнат рејтинзи... цела фамилија имале корона, а влакно не им фали, па народ ги жали итн итн.

е сега дискутабилно е зошто на ваков начин да се справува комисијата за заразни болести и министерството за здраваство што дава сомневање и луѓето да бидат збунети дали да веруваат во пандемијата или „наместена пандемија“,
Ете, повторно си контрадикторна, постоеше ли реална опасност или нешто друго е во прашање... комисијата е составена од стручни лица, не е можно да не знаат што треба да се прави и како да се справат со реална пандемија. Форумџии кои немаат никакво искуство, дадоа логички и реални совети за справување со пандемијава, а не па лица со долгогодишно искуство.
Твоите постови од една страна бидејќи си стручна, логички размислуваш, укажуваа на тоа дека нешто не е во ред, а од друга страна, во дел од постовите, се однесуваш типично како дел од системот, даваш потврда на нелогичните работи. Во вакви случаеви и времиња, воздржан НЕ може да си. Или се работи за лесно пренослив и смртоносе вирус (сегашните бројки укажуваат нема тронка вистина), или перење мозок.

Без грижи, твојот страв ќе излезе како точен, како и што неколку пати претходно напишав, нареден период ќе има повеќе болни, за жал и повеќе блага пченица ќе се дели, па пЛандемијата ќе излезе дека е реална пандемија, но причините за идната состојба и справување со неа, секој со свој памет и информации со кои располага.
 
C

CoolIris

Гостин
Ако седиме со скрстени раце и ич кур не ве боли, не Италија, туку Македонија ќе стане земја на мртовци...пу пу..не дај Бог:facepalm:
Само никој не се освестува..еве сега во моментов, пред зграда во паркот и на игралиште има повеќе од 100 деца., кој игра фудбал, кој кошарка, жмурки, седат пијат, дуваат..од се има..страшно и жално.
Ти нели беше таа што кога бевме затворени беше токму за тоа да не пуштат сите да си го живееме животот на раат?

Факт е дека не може на сите да ни погодат и да ни ги задоволат желбите, но уште поголем факт е дека не знаат ни самите тие што и како треба да направат. Едноставно, неспособни луѓе ни ја водат државата кои во комбинација со вирусот, ќе ни помогнат да се истребиме меѓусебно.

Знам дека што и да кажам, во очите на некој ќе звучам апокалиптично и ќе кревам паника, ама да, мислам дека во ноември ќе имаме слика прилика да видиме до каде сме со вирусчево.
За мене апокалиптично е и сега, со толку голем број на смртни случаи на милион жители. Колективен неуспех.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.901
Поени од реакции
12.450
Без врска. Човек не може нос да си издува од маската.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.926
Поени од реакции
17.159
Ај вака, чуствувам подуеност, некое гадење, имам пролив, немам апетит, чуствувам некоја блага треска и некое покачување на темература. Горе-доле тие ли се симптомите?
а прво да пробаш од овие рецепти:
на гладно насабајле малку мастика или узо
за настинката мед со цимет
нормално Ц итамин, Зинк.. и лук :cool:
Автоматски споено мислење:

Без врска. Човек не може нос да си издува од маската.
да, луѓе што се мрсулави ( тенкокожниот тип, мислам по кинеска медицина Јинг? а дебелокожните беа Јанг ?), склони на банална настинка и или алергија мака си имаат со маските
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.922
Поени од реакции
38.060
Ете, повторно си контрадикторна,
... тоа не е контрадикторна...тоа е мое „ поинакво мислење“ ти си десно од патот, институциите одговорни за пандемијата се скроз лево на патот... а јас сум на средина, колку што можам повнимателно гледам што се случува и десно и лево, комбинација од обичен човек од улица и медицинско лице од болница со мислење и заклучок од двете,
- што има вирус кој се сомневам дека е природен - ИМА! што е многу вирулентен - Е! , што нема лек- НЕМА, што нема специфичен тест токму за овој вирус- НЕМА! тоа е моето мислење,
тука позитивна страна и спас е имунолошкиот ситем на човекот - антитела е најважна во моментот како борба против вирусот, ама важно е и нашето експонирањето во вирулентната средина и типот на коронавирусот што во моментот дополнително со коморбидитетите дава равенка на опстанок или губење на битката со вирусот,
- атак од милиони коронавирус во моментот во нашето тело и истиот да биде подтипот Л кој е многу вирулентен, агресивен -тешка борба го очекува телото, па макар бил на врв имунитетот,
НО, со неколкуте внесени коронавирус онака слабо експониран кон друг кој е инфициран, па одозгора пот тип С на коронавирус кој е „полесен“ и поневирулентен, пациентот ќе помине со лесни или асимптоматични последици, затоа е препорачливо да се носат заштитни маски во гужва на луѓе, не дека не може низ нив да помине коронавирус, ама нема да биде тоа голема коцентрација, голем број на тој вирус во моментот, можеби „ ќе поминат неколку“ и тие нашиот имунитет ќе ги „среди“!
...ете така ја гледам оправданоста на маската или визирот, но истите на отворен простор и каде има дистанца со другите апсолутно е погрешно да се носат- поради пречки во дишењето и недобрата сатурацијата со кислород каде кај да е ќе си го покаже резултатот со пречки во здравјето што не е добро! ете тука сум на средина тоа што те буни тебе што велиш сум контрадикторна, ти велиш нема потреба од заштитни маски, институциите велат мора да се носат заштитни маски секаде... а јас ја имам срдината што ја образложив погоре!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.565
Поени од реакции
10.531
Ти нели беше таа што кога бевме затворени беше токму за тоа да не пуштат сите да си го живееме животот на раат?

Факт е дека не може на сите да ни погодат и да ни ги задоволат желбите, но уште поголем факт е дека не знаат ни самите тие што и како треба да направат. Едноставно, неспособни луѓе ни ја водат државата кои во комбинација со вирусот, ќе ни помогнат да се истребиме меѓусебно.

Знам дека што и да кажам, во очите на некој ќе звучам апокалиптично и ќе кревам паника, ама да, мислам дека во ноември ќе имаме слика прилика да видиме до каде сме со вирусчево.
За мене апокалиптично е и сега, со толку голем број на смртни случаи на милион жители. Колективен неуспех.
Искрено да ти кажам, ниту јас сама веќе незнам што сум кажала, каде сум кажала, но една работа знам, а тоа е дека сум многу уцвикана од овој проклет вирус.
Од почетокот на пандемијава сум за почитување на мерките за заштита, за промена на начинот на живеење и дивеење од страна на млада попилација која на почетокот ги кривеше пензионерите за ширење на вирусот, но бидејќи таков никаков народ сме, со нула култура и свсест, без почитување на било кој закон, си го кркаме тоа што е, во летен период да имаме троцифрени бројки на заразени.
 
И јас сама сум со поделени ставови понекогаш. Те разбирам.

Читав пред некој ден, во Загреб околу 200 ученици биле во карантин, после почетокот на учебната година. И нас може да не снајде истото.

Инаку што се однесува до некултурата. И возрасни имаш некултурни. Баш пред некој ден, човек без маска дојде на преглед, под изговор дека маската е во кола, само за пред полиција. Е извини, нема така.

Секако, исклучоци има од сите возрасти. Ама ниту пензионерите не се баш најсјајни. Ти му викаш не иди во гужва, они во најголемата гужва се пикнале. :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.922
Поени од реакции
38.060
... точно пензионерите не се најсјани, оти си ги сакаат децата и внуците повеќе отколку што треба и ги вршат работите што цел живот ги вршеле додека биле млади, па наместо новите генерации тоа да го продолжат истите пензионери мака мачат, пошто новите генераци (има исклучоци секоја чест) све се во некоја анксиозна, депресивна состојба, па не можат да пазарат, ниту да цепат дрва, ниту да прават зимница, ниту да викна сервис за расипан апарат дома, ниту сопствени деца да чуваат или да ги учат, воспитат било што,
улогата повторно ја зема пензионерот- да биде татко мајка на своите внуци, да чува внуци, да ги воспитува, да ги учи, да трча по маркети, на пазар, по лекари, нели мора да се влезе во гужва,
и кога ќе им речеш -не е добро така мора да ја уживате пензијата и пензионерскиот живот да шетате низ парк, ќе „речат греота, деца мои се, да помогнам“ ... да бе деца, од едно 25-27-35 години!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom