- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.758
- Поени од реакции
- 9.535
Точно, многу работи можат да се променат до следната година. Предвидуваме затоа од сега и коментирам на предвидување дека следно лето ќе му опаѓа цената за што не се согласувам.Милион работи можат да се сменат до другата година, ние отсега го предвидовме трансфер маркетот за следното лето. Ама ај ако веќе почнавме, ПСЖ не гледам како е конкуренција за Санчо, ликот делува амбициозно, не верувам дека би сакал да игра во смешно првенство со еден кандидат за титула. А Мбапе ако замине, секако ќе оди во Реал, што го исклучува Реал за Санчо. Ливерпул ги има Салах и Мане по крилата, мора да продаде еден од нив за да го земе Санчо, сигурно нема да дадат 120 милиони за резерва. Друг клуб баш и не гледам, во Сити колку што знам не сака да се врати.
Годинава немавме конкурент за Санчо, следно лето дека ќе имаме иста ситуација и да очекуваме цената да му опаѓа само ќе зависи од катастрофална сезона на Санчо или некоја негова повреда...ништо друго. Да немаше потпишано нов договор, тогаш е друг муабетот и ќе требаше да има предобра сезона за да ја одржи Дортмунд бараната цена.
Еден куп синџир на трансфери може да повлечи на пр. Мбапе во Реал...на пр. ПСЖ да искешира за Салах кој тогаш би имал 29 год и Ливерпул би имал последна шанса да наплати и кешот да го реинвестира во Санчо. Исто ПСЖ може да се вклучи по Санчо од друга страна...
Барса ќе има претседателски избори...нов претседател со нов проект на играчи. Сити и Челзи не знаеме како ќе се однесуваат...
Фактот што ќе имаме минимум еден конкурент за негов трансфер ќе влијае цената да му расти.
За нас дополнително ќе зависи и како ќе се покажиме годинава во лигата...Ако немаме резултати и пласман во ЛШ може да се доведеме до ситуација да заборавиме на Санчо за следно лето.