Гледам читам на назад пишано се за Германија па ај јас моето да си го пишам.
Се преселив во Германија пред 8 месеци. Оставив одлична работа во МК каде што бев платен близу 1000е и одев на обуки и како support во Германија често, ланската година бев 5 месеци во Диселдорф во Мерцедез Бенз. Работев Специјалист за Анализа и Превернција, одговорен на почеток за рекламации од Мерцедез и покасно од Ауди (заедно со тимот со кој работевме во фирмата). Ја напуштив Македонија поради свои лични X причини и поради простата маса која постанавме, поделбите на Антички и Северџани и остали глупи проблеми.
Дојдов во Германија работам во Хотел со 5 ѕвезди на граница со Данска на островот Зилт. Таман што стигнавме почна корона кризата. Ние тука во ниеден момент не сме биле обесправени или дискриминирани, било кој проблем да сме го имале на работа или во Ауслендербехорде (биро за странци) и во било коај установа (Општина, Центар за собраќај итн...) никој никогаш не не вратил или ни се смеел. Зборувам начесто Англиски иако разбирам се кога ми зборуваат Германски, уште се немам до толку олабавно за да зборам се се на Германски.
Шефицата ни е Германка во Хотелот + 2 асистенти од Романија и Бугарија. Истата пред да дојдиме ни ја кажуваа како ѓавол и искрено сум ја зачекал често во тоа издание но не спрема мене. Германец неќи правење паметен и забушавање, те плаќа и сака да е работата завршена. Спрема мене и женска ми е ептен топ жената и сите ама кога има работа работиме, нема ама зошто ама ова она....
Во овие 8 месеци со плата од 1600е нето успеавме да смениме смештај (бевме во персонален од хотелот сега сме во наш), плативме кауција за истиот 2000е, смештајот беше празен сега купивме се. Одиме кога сакаме кај сакаме, си дозволуваме работи да си купиме и имаме поќе од доволно за до крај на месецот па и заштеда. Убавото во Германија е што има за секој џеб да купи се од храна до облека и обувки и истите се квалитетни и проади тоа остануваат пари заштедени, пари кои МК никогаш нема да ги заштеди човек ма што и да работи.
Газдата на смештајот е Германец. Со истиот немаме ников проблем и со сите Германци каде што живееме во градчето, баш им е мило дека учиме јазик нивни и култура. Не канат дома на ручеци, на забави итн... Овде 90% од популацијата се Германци, 5% има Полјаци ама и тие се сезонски тука и ние околу 20тина Македонци.
Немам никаков негативен впечаток од Германците, ни нацисти ни диксриминатори. Сите ни зборуваат Англиски ако нешто не ние јасно, ни помагаат. Во биро за странци се ептен фини, со младите немаме никаков проблем баш напротив луѓето не се баш ладни како што очекувавме. Работа има на секаде и секаква не им е битно дали си Германец, Финец или МК. Јас да го доусовршам јазикот и ќе сменам работа и повторно ќе работам во автомобилска индустрија или IT пошто по струка сум Дипломиран Информатичар. Ако знајш јазик, небото е граница. Тука има МК кои се 7 години и веќе имаат свои куќи, по 3 коли и луѓето работат и не ни мислат за назад. Збораме за луѓе кои работат како работници - Градежништво, фабрика за штранд корпи, фабрика за месо итн... И најбитното, моменталниот работодавач знај за моето образование и искуство и ме мотивира да учам јазик и да вложам во себе за подобра краиера и иднина надвор од хотелот, нешто што е невозможно во МК од газда или шеф. Ако имаш било како проблем да им се обратиш одма се средуваат зад затворени врати без врева, закани или притисок. Со било кој колега ако те вреѓа или малтретира без разлика што работи одма средуваат. Гостин не смеј да ни дигне глас низ Хотел...Тоа е кај нас, за на др место не знам.
Куче ме касна во една соба пред 1 месец, одма со кола ме пратија на болница, поради стрес и шок (како да не само огреботина имав) ми дадоа минимум 2 дена дома без никаков проблем и ако треба и барам оштета ( не побарав, едноставно глупо е)...
Тие стереотипи од пред 20 години се одамна срушени барем лично за мене.