Македонци во Германија

F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
840
Поени од реакции
1.326
Сакам да се пријавам во амбасада да закажам термин, некој од искуство да ми кажи шо треба да се пополни во полето кај шо пишува од каква причина сакаш да одиш? Ова за обичен работник (неквалификуван). Сакав да пишам за работа (оти глупо ми е прашањето) ама не сакам да ја оплескам.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.852
Поени од реакции
23.208
Ај ја вас што работите во Германија да ве прашам затоа што гледам има многу различни цифри...
Која е просечната плата?
Имам другари, еден во Нирнберг, еден во Штутгарт и еден во Минхен.
Тој во Штутгарт немам појма колку заработува, не сме стигнале до тој муабет ама овој од Минхен ми кажа дека со две работи (ниско квалификуван) заработува 2.200€ додека тој од Нирнберг има подобра работа и заработува по 11 од час. Тоа би било околу 2.000 бруто онака грубо пресметано на 180 работни часа. Мора тука да се напомене и цената на становите во Нирнберг (800-900) и Минхен (1200-1300)

Нумбео вика дека просечната би била околу 2.4к бруто, па би сакал да знам онака мислење од тие кои живеат таму чисто од љубопитност.
Се мислам периодов и разгледувам доста опции за Даблин, платите се ептен солидни таму ама становите се изгор скапи.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147

Јас се пријавив пред некој ден на страницата на амбасадата, и ми стигна на мејл потврда дека успешно сум испратил апликација и ми стигна бројче од 8 цифри и ќе си го чувам бројчето.

Во тие полињата во апликацијата, во тоа едното одбрав: Arbeitsaufnahme/ работа work visa
а подолу тоа полето каде е прашањето зошто ви е визата? Нормално одговорив на латиница: Arbeit in Deutschland.

Штом ми вратија со одговор дека сум успешно аплицирал, не гледам дека сум нешто погрешно напишал.
Автоматски споено мислење:

Се премисли ти за Германија?

Таму пред 10-тина страници на оваа тема фрлаше дрва и камења по Германија, пишуваше дека Малта е рај за Германија, ама си се премислил.
 
Човек, стварно си многу шлакнат.
Втор пат ме провоцираш со глупости.
Ниту сум пишал дека е рај Малта за Германија, ниту се мислам да се преселам.
Прочитај го убаво мојот коментар, па тогаш реплицирај ми. Не изигравај кловн.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.401
Поени од реакции
4.775
...сатница од 11 евра ти е загарантирана од државата со закон(во превод тоа ти е минималецот) :)
...од бруто платата се одбива данок,пензиско и здравствено така да доаѓаш одприлика на 1200 евра во полно работно време месечно
...додај сметките па направи си есап дали ти се исплаќа ;)
 
F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
840
Поени од реакции
1.326
Јас се пријавив пред некој ден на страницата на амбасадата, и ми стигна на мејл потврда дека успешно сум испратил апликација и ми стигна бројче од 8 цифри и ќе си го чувам бројчето.

Во тие полињата во апликацијата, во тоа едното одбрав: Arbeitsaufnahme/ работа work visa
а подолу тоа полето каде е прашањето зошто ви е визата? Нормално одговорив на латиница: Arbeit in Deutschland.

Штом ми вратија со одговор дека сум успешно аплицирал, не гледам дека сум нешто погрешно напишал.
Фала ти мн, пак реков да прашам за секој случај.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.349
Поени од реакции
38.542
Ај ја вас што работите во Германија да ве прашам затоа што гледам има многу различни цифри...
Која е просечната плата?
Имам другари, еден во Нирнберг, еден во Штутгарт и еден во Минхен.
Тој во Штутгарт немам појма колку заработува, не сме стигнале до тој муабет ама овој од Минхен ми кажа дека со две работи (ниско квалификуван) заработува 2.200€ додека тој од Нирнберг има подобра работа и заработува по 11 од час. Тоа би било околу 2.000 бруто онака грубо пресметано на 180 работни часа. Мора тука да се напомене и цената на становите во Нирнберг (800-900) и Минхен (1200-1300)

Нумбео вика дека просечната би била околу 2.4к бруто, па би сакал да знам онака мислење од тие кои живеат таму чисто од љубопитност.
Се мислам периодов и разгледувам доста опции за Даблин, платите се ептен солидни таму ама становите се изгор скапи.
Просечна плата се движи од 1500 до 1600 нето после сите давачки. Тие шо зимаат по 1200-1300 се платени на минималец околу 10тина евра незнам колку точно беше, плус минус. Прифатлива и добра плата за во Германија може да се каже дека е 2к. Јас сум нешто околу 1900 нето, и можам да кажам дека далеку подобро се дише за разлика од почетокот кога бев скоро минималец.

Плаќам кирија, сметки за струја гас телефон интернет, пари за храна, осигурување за кола, данок за кола, гориво, ова ми се основни must трошоци. Сето ова ме кошта околу 850-900 евра месечно, значи нешто над 40 % од нето платата. Ај да потрошиш уште 150-200 евра на облека или некое излегување ручок кафанче, значи над 55 % од платата ја трошам месечно. Комотно можам со оваа плата да заштедам по 600-700 евра месечно.
 
Последно уредено:

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.587
Поени од реакции
17.430

Колку плаќаш струја ме интересира?

јас плаќам Warmiete = 660e за 60 квадрати стан плус гаража плус двор и + 70е месечно за струја. Некои ми Велат мн скапо било.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.349
Поени од реакции
38.542
Колку плаќаш струја ме интересира?

јас плаќам Warmiete = 660e за 60 квадрати стан плус гаража плус двор и + 70е месечно за струја. Некои ми Велат мн скапо било.
35 евра плаќам струја, 40 гас. Со штадверк имаш договор? На крајот на годината прават пресметка, и гледаат колку си потрошил. На крајот на јануари ќе ти стигне извештај колку си потрошил, и на база на тоа можат да ти вратат пари ако си преплатил. Јас лани плаќав 100 евра месечно струја и гас, на крајот на годината ми вратија околу 110 евра, и автоматски цената за 2020 ми падна на 75 евра вкупно.

Иначе се плаќа на човек, не на квадратура. Скоро слични ни се становите, мојот е 55 квадрати.
 
F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
840
Поени од реакции
1.326
Дали знај некој кои се документите што треба да ги симнам од страна на амбасадата?

Ова ми го пишаја „About 4 weeks before the exact appointment date you will receive another e-mail.“

„Please make sure that you have the complete paperwork needed before you come to your appointment.“ Clicking the link

www.skopje.diplo.de/Vertretung/skopje/mk/04/Info__RK__Abteilung.html
 
Да да штадверк. Па со женска ми заедно живејме значи зато толку стига иако само моето име е на сметката и договорот кој стигна. Гас не плаќам освен ако е на сметката со струја заедно. Вкупно секој месец до 15 морам да платам 70е.

Па јас мислев поќе враќале :D Јас само навечер дури спиеме го клавам парното на comfort heizen ама со вода ние парното или гас шо знам :toe:

Страв ми е да бе поминеме преку дозволениот праг. На да секој ден од 7 до 18.30 нема никој дома :)
 
Последно уредено:

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Има Германци што работаат физички работи, ама тие се со мал процент. Пример имаш градежна фирма со 20 души 19 Балканци и еден Германец... Балканците ќе земаат плата од 2.000 евра, а Германецот ќе земе плата 4.000 евра на основа само затоа што е Германец, (ама ќе работи најмалку од сите Балканци и ќе соли памет), сите тие треба да матат да дупат за него... Значи таква дискриминација вршат Германските работодавци...

Во иста куќа во едниот спрат под кирија живеат Германци, во другиот Балканци... Балканците ќе плаќаат повисока сума, Германците 30% помала сума...

Друга работа што е честа во Германија Македонец го прашува на Германец на англиски јазик каде се наоѓа тој и тој објект, или некоја адреса, или каде е патот од Хановер за Бремен...

Секој Германец перфектно го знае и англискиот јазик и францускиот, ама не ти враќа ако не му се обратиш на Германски јазик...

Тие се една од ретките нации во светот што го практикуваат тоа ако не им се обратиш на нивниот мајчин јазик да не ти враќаат... Се прават ѓо не те разбираат...
1. Никој паметен газда немат да го плаќат германецот појќе само заради то шо е германец. Немат никаква економска логика во твоево тврдење. Ако Балканецот знајт јазик мојт и тој да преговарат за плати и слично.

2.Плаќањето на кирија е многу различно. Сите нововселени вклучително и Германците ќе плаќет поголема кирија. Ако некој е во станот од 1950 можит да плаќат 90еур кирија а некој нововселен 400еур за истиот стан. То е заради законската заштита на станарите и неможноста да се покачвит киријата за голем процент од ко ќе се вселит станарот.
Единствено шо имат многу пати е дискриминација на странци при одбирање на нови станари заради лоши искуства со истите (Кој ќе се изгорит на млекото ќе дуват и на маштејнцата) како неплаќање навреме кирија, одселвење без најава, праење на гета и вклучително намалвење на цената на станојте за нови станари.

3.Јас досега немам сретнато некој шо немат да пробат да ти објаснит нешто. Да, многу од нив немат да користат англиски ама ќе ти објаснат со раце и нозе (mit Händen und Füßen). Ти си дошол во нивната држава и требит да се потрудиш барњм малце да го научиш јазикот и да се интегрираш.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.587
Поени од реакции
17.430
Дали знај некој кои се документите што треба да ги симнам од страна на амбасадата?

Ова ми го пишаја „About 4 weeks before the exact appointment date you will receive another e-mail.“

„Please make sure that you have the complete paperwork needed before you come to your appointment.“ Clicking the link

www.skopje.diplo.de/Vertretung/skopje/mk/04/Info__RK__Abteilung.html
Оди на сајтот и во зависност за каква виЗа си ги има сите документи во ПДФ форма.
 
F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
840
Поени од реакции
1.326
Оди на сајтот и во зависност за каква виЗа си ги има сите документи во ПДФ форма.
За работна виза аплицирав (неквалификуван работник). Барав не можев да најдам само најдов лист во пдф шо пишува шо треба да имам всушност, некои формулари, пасошо скен, и нз шо др.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Фер дискусија. Да видиме што вика Дуци. За неупатените тоа е познат кошаркар и тренер од бивша Југославија, кој станал успешен на академско поле, а живеел одредено време баш во Германија, а посетувал и други држави како академик и спортист.
Има неколку негови интервјуа на јутуб. Не ми е целта да му правам реклама на човекот, но ме заинтригираа неговите изјави за Германија.
Според неговите кажувања во спортската сала во осумдесеттите години каде што се играло кошарка вика он во едно интервју дека не само што била ишарана со кукасти крстови него била и тапацирана. Тоа според мене кажува за духовната ситуација таму многу. Не верувам дека туку така тие работи се менуваат.
Кажува дека 98% од децата на мигрантите не завршуваат школо што е запрепастувачки податок. Вика системот прави се што може да направи од тие деца џубретарска радна снага. 98% е ужасна бројка тоа не може да го оправда ништо. Според мене еве да претпоставимо и повеќето да заслужуваат тоа по меритократски критериуми сигурно 98% не заслужуваат. Еве 50 или 80% нека биде, но 98?
Интересна е и изјавата дека сепак уште повеќе од обичниот работник се попрезирани лекарите и оние што се интегрираат во локалната култура. Затоа што се откажуваат од својот национален карактер се со цел пари.
Видеото е тука https://www.youtube.com/watch?v=VD8NwfceyB8
Муабетот за Германија почнува на 16 минути... Гледав некаде следните 10 минути до 25 минута просто запрепастен сум. Ако ќе го догледам може и ќе дополнам тука.
Лошо е да зборуваш за нешто што не со исклусил сам туку само рецитираш. Ја па кај мене во градов од недела до недела запознавам млади доктори дојдени од Македонија пред година, два, пет. Сите задоволни. Со најдовме добро друштво не видов некој да се пожали сите ситуирани за брзо стан, уба кола све ок. Како млад доктор од Македонија дојден мораш некое време де стиснеш заби пошти си од Македонија и без оглед на знаење почнуваш најдолу. Ама ко ќе го поминеш тоа ќе ги постигнеш и тие 8 саати работа на ден, не се секирај. Рака на срце, не знам како е во други земји низ Европава моментално, не сум бил да коментирам, ама во Германијава е доста солидно.
Автоматски споено мислење:

Гледам читам на назад пишано се за Германија па ај јас моето да си го пишам.

Се преселив во Германија пред 8 месеци. Оставив одлична работа во МК каде што бев платен близу 1000е и одев на обуки и како support во Германија често, ланската година бев 5 месеци во Диселдорф во Мерцедез Бенз. Работев Специјалист за Анализа и Превернција, одговорен на почеток за рекламации од Мерцедез и покасно од Ауди (заедно со тимот со кој работевме во фирмата). Ја напуштив Македонија поради свои лични X причини и поради простата маса која постанавме, поделбите на Антички и Северџани и остали глупи проблеми.

Дојдов во Германија работам во Хотел со 5 ѕвезди на граница со Данска на островот Зилт. Таман што стигнавме почна корона кризата. Ние тука во ниеден момент не сме биле обесправени или дискриминирани, било кој проблем да сме го имале на работа или во Ауслендербехорде (биро за странци) и во било коај установа (Општина, Центар за собраќај итн...) никој никогаш не не вратил или ни се смеел. Зборувам начесто Англиски иако разбирам се кога ми зборуваат Германски, уште се немам до толку олабавно за да зборам се се на Германски.

Шефицата ни е Германка во Хотелот + 2 асистенти од Романија и Бугарија. Истата пред да дојдиме ни ја кажуваа како ѓавол и искрено сум ја зачекал често во тоа издание но не спрема мене. Германец неќи правење паметен и забушавање, те плаќа и сака да е работата завршена. Спрема мене и женска ми е ептен топ жената и сите ама кога има работа работиме, нема ама зошто ама ова она....

Во овие 8 месеци со плата од 1600е нето успеавме да смениме смештај (бевме во персонален од хотелот сега сме во наш), плативме кауција за истиот 2000е, смештајот беше празен сега купивме се. Одиме кога сакаме кај сакаме, си дозволуваме работи да си купиме и имаме поќе од доволно за до крај на месецот па и заштеда. Убавото во Германија е што има за секој џеб да купи се од храна до облека и обувки и истите се квалитетни и проади тоа остануваат пари заштедени, пари кои МК никогаш нема да ги заштеди човек ма што и да работи.

Газдата на смештајот е Германец. Со истиот немаме ников проблем и со сите Германци каде што живееме во градчето, баш им е мило дека учиме јазик нивни и култура. Не канат дома на ручеци, на забави итн... Овде 90% од популацијата се Германци, 5% има Полјаци ама и тие се сезонски тука и ние околу 20тина Македонци.

Немам никаков негативен впечаток од Германците, ни нацисти ни диксриминатори. Сите ни зборуваат Англиски ако нешто не ние јасно, ни помагаат. Во биро за странци се ептен фини, со младите немаме никаков проблем баш напротив луѓето не се баш ладни како што очекувавме. Работа има на секаде и секаква не им е битно дали си Германец, Финец или МК. Јас да го доусовршам јазикот и ќе сменам работа и повторно ќе работам во автомобилска индустрија или IT пошто по струка сум Дипломиран Информатичар. Ако знајш јазик, небото е граница. Тука има МК кои се 7 години и веќе имаат свои куќи, по 3 коли и луѓето работат и не ни мислат за назад. Збораме за луѓе кои работат како работници - Градежништво, фабрика за штранд корпи, фабрика за месо итн... И најбитното, моменталниот работодавач знај за моето образование и искуство и ме мотивира да учам јазик и да вложам во себе за подобра краиера и иднина надвор од хотелот, нешто што е невозможно во МК од газда или шеф. Ако имаш било како проблем да им се обратиш одма се средуваат зад затворени врати без врева, закани или притисок. Со било кој колега ако те вреѓа или малтретира без разлика што работи одма средуваат. Гостин не смеј да ни дигне глас низ Хотел...Тоа е кај нас, за на др место не знам.

Куче ме касна во една соба пред 1 месец, одма со кола ме пратија на болница, поради стрес и шок (како да не само огреботина имав) ми дадоа минимум 2 дена дома без никаков проблем и ако треба и барам оштета ( не побарав, едноставно глупо е)...

Тие стереотипи од пред 20 години се одамна срушени барем лично за мене.
Одличен пост нека се тагне како прв пост.
Автоматски споено мислење:

Колку плаќаш струја ме интересира?

јас плаќам Warmiete = 660e за 60 квадрати стан плус гаража плус двор и + 70е месечно за струја. Некои ми Велат мн скапо било.
Кај си во кој град? Мене 660ЕУР варм не ми изгледа многу, просек за средно место. Гаража плус е нормално, дворот не баш ако е дел од станот, што пари се? Дали месечно 70ЕУР е скапо за стурја можеме да процениме само ако знаеме колку кв часови трошиш годишно. Ако си сам изгледа малце надпросечно ама не прескапо.
Автоматски споено мислење:

Да да штадверк. Па со женска ми заедно живејме значи зато толку стига иако само моето име е на сметката и договорот кој стигна. Гас не плаќам освен ако е на сметката со струја заедно. Вкупно секој месец до 15 морам да платам 70е.

Па јас мислев поќе враќале :D Јас само навечер дури спиеме го клавам парното на comfort heizen ама со вода ние парното или гас шо знам :toe:

Страв ми е да бе поминеме преку дозволениот праг. На да секој ден од 7 до 18.30 нема никој дома :)
Вода и парно ти е во варммиете. Сметката ја добива газдата и ти праќа годишен извештај за потрошеното. Или ти враќа или доплаќаш.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom