НБА сезона 2019/2020

Статус
Затворена за нови мислења.
Валда сака да каже да се играла денешнава игра додека бил во прајмот би уфрлал по 50-ка.
Пирс е потценет играч,не е атлетски граден нешто како Брадата но физички прилично силен.Не се троши многу и не комплицираше многу во напад но беше многу ефективен.Можеше да погоди од секаде,ефикасен за три поени,мид рејнџ и често знае да влезе до обрач и да поентира бидејќи имаше многу експлозивен прв чекор,би рекол комплетен играч.
Овие коментари не му се од сега,ја хејта денешнава игра и трошењето топки за три поени,затоа има вакви коментари.
 
Ѓубрево Морис пак би да се тепа
Во право беше овојпат.

Време е за прво конференциско финале! :D
После 15 годишно симпатизирање/навивање за Клиперси, конечно на праг до најголем успех.
 
Колку е гнасен овој Херел мајко мила. Горила класична
 
Неверојатно, дали по трет пат ќе остане сон конференцисково финале, втор пат по водство од 3-1???
Автоматски споено мислење:

Катастрофа, три промашени тројки од чиста позиција на крајот.
Доаѓаат на -2 и Вилијамс шутира тројка во зачеток на нападот. Тотално нерационално особено во меч во кој ништо не му одеше. На крајот Денвер рецка тројче од нигде никаде.
Нешто ми викаше дека натпреварпв може да тргне надолу, а со тоа и цела серија. Секогаш играат мртво во трета четвртина...
Да изгубиш со добри партии на Џорџ и Каваи...
 
Последно уредено:
Касно се вклучив, Комптон Клиперс изгубија :)
На Bracket Challenge имав ставено победа на Клиперс 4-2 над Денвер, ама како што се развива плејофот искрено би сакал Денвер да продолжи во 7.

Туку сега да видиме кој ќе оди понатаму, Бостон или Торонто.
 
И сосема заслужено Бостон оди понатаму.
После катастрофалната игра на Кемба Вокер и Џејсон Тејтум во претходниот натпревар вечерва Кемба играше пристојно а Тејтум беше у Мамба моуд.
Ќе биде ова убаво за гледање Бостон - Мајами во финалето на истокот.
 
Ајде Јокара и компанија, со вас сме. :oeoeoe:
Али од друга страна па сакам и Клиперс да пројдат за да бидат унаказени и понижени, плус да се додаде уште еден банер у Стејплс кој можда напатенковците ќе го покријат како и останатите, и тоа банер остварен со победа баш против нив.
 
Е тоа е

Многу лоша партија во седмицава, дури може и среќни дасе

Ептен ми е криво, добра кошарка играа, ама тоа е што е :(
Мислам дека да победеа ќе можеа со Мајами да се носат...

Ептен ми е криво бе :(
Фали лидер на екипава, не може цело време на Лаури да се ослонуваат, мислам ако решат малце агресивни да се на пазаров ќе биде интересно..имаа шанса пак..ама тоа е :(
 
Нека уплати некој Хјустон сигурно нема да игра финале.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom