- Член од
- 1 март 2010
- Мислења
- 7.888
- Поени од реакции
- 14.440
Директни инвестиции според мене се однесува баш на тоа - директна инвестиција преку отворање фирма во странство или вложување во сопственички удел во странство. Од тоа што сум се сретнал досега со работата на Централен немам слушнато или видено некој да доаѓа да пријави акции во странство.Тоа не е во презентацијата туку во Законот за девизно работење.
Прегледај го приврзокот 264840
Ако е 2015 презентацијава. Ова подолу е од ажурираниот закон за девизно работење последна верзија пречистен текст. Значи НБРМ треба пријава. Се јавив во НБРМ. Таа што беше за ова е на одмор. Ми даде други контакти ко замена. Ќе се јавам утре и ќе препроверам и ќе кажам. Она што ме буни исто е дека требало месечно ова да се прави. Не е појаснето дали мора секој месец состојбата имало немало трансакции. Оти е така општо. Нејсе. Затоа ќе зборам директно и со нив. Оти кај нас се е така. Ќе ти тупнат некоја давачка и ќе ти речат си требало да знаеш. Тие два формулари кои ги има во погорната презентација ги има на сајтот на нбрм да си ги спуштиш и пополниш.
Во други одредби подолу во законот има рок крај на секој месец или најдоцна 20 дена по трансакцијата.
Прегледај го приврзокот 264841
Ова е збунувачки и тотално непотребно, доколку навистина се бара и од тебе и од овластениот учесник да доставувате извештај. Северна...