Нека објасни некој. Значи нема договор со САД за одбегнување на двојно оданочување. Например во САД плаќаш 10% данок на капитална, и треба во МК пак. Но нели во МК данокот на капитална е одложен т.е. не се плаќа данок? Или тоа важи само за МК акции? Зошто ако во МК е 0% а во САД е 10% плаќаш само во САД. Додека ако имаш во европа например Германија таму е 25% а исто во МК 0% т.е. се одбегува ништо. Пак излегува дека Американски акции барем во овој пример се оданочени пониско. Незнам точно за даноците во САД и зависи нормално во која Европска држава е ЕТФот, најчесто се во Британија и Германија. Во конкретниов случај VOO e US a VUSA e UK.
Инаку податокот за поверат од 1980 е нерепрезентативен. Во 1980 п/е може било окулу 5 сега е п/е окулу 25. Така да неможе да се очекува исто поврат на следните 40 години како на минатите 40 години. Следните 40 години повратот би бил многу понизок.
Не предвидов дека S&P ќе 10% годишен принос во иднина. Ова беше хипотетички пример само да се долови дека треба да се внимава и на даночењето за да не платите повеќе данок на САД од Трамп
Во врска со данокот:
- Данок за капитална добивка
- Во САД мислам не се плаќа за луѓе кои не се државјани на САД (исто и во Ирска).
- Во МК не се плаќа до 2023. Понатаму ќе видиме.
- Данок на дивиденда
- За US акции/ETFs, од бруто износот за дивиденда се одбива 30% withholding tax. За земји со договор со САД за двојно оданочување данокот е помал од 30%.
- VUSA на пример е во Ирска. Така што ETF-от ќе плати 15% данок на САД и потоа објавениот износ се исплаќа во целост затоа што Ирска има 0% данок на дивиденда.
Овде имате повеќе инфо за данокот, а
овде споредба на VOO и VUSA.
Уште едно хипотетичко сценарио:
$10,000 инвестирани во S&P 500 со 7% просечен принос, по 40 години би биле $163,114.
Ако во меѓувреме им текнало да воведат данок во МК на капитална добивка од 15% (на пример).
Данок за плаќање: $20,961
Принос кога би немало данок: 7% (149744.58/10000)^(1/40)
Принос кога би имало данок: 6.6% ((149744.58-139,744.58*15%)/10000)^(1/40)
Дали во ваков случај мислите дека е паметно да се преселите (доколку се уште не сте преселени
) и да ги извадите парите во земја со 0% данок на капитална добивка?
Поправете ме ако грешам, ама во сите нормални држави има некој вид на Tax-free savings account, кој нуди даночни бенефиции.
Кај нас, не знам дали има такво нешто... Знам дека имаше нешто ослободување од капитална добивка за инвестициски фондови кои ги поседувате повеќе од 10 години. Е сега не знам дали ова важи и за ETF (кој што технички е инвестициски фонд) или само за нашите инвестициски фондови со ненормални провизии од 2-3%.