- Член од
- 20 јули 2016
- Мислења
- 7.788
- Поени од реакции
- 5.063
Браво Убаво напишано. L2TW од 30% на дивиденда данок плус 10% во МК едно 40% оди на данок од дивиденда. А ако најдеш ЕТФ во земја надвор од САД можеш и помалку да платиш. АМа тука(надвор во САД-Ирска пример) да не те фаќа данок на капитална добивка? Т.е. тоа е прашање за од земја до земја. Ирска е супер земја ако сакаш да избегнеш данок...Не предвидов дека S&P ќе 10% годишен принос во иднина. Ова беше хипотетички пример само да се долови дека треба да се внимава и на даночењето за да не платите повеќе данок на САД од Трамп
Во врска со данокот:
Овде имате повеќе инфо за данокот, а овде споредба на VOO и VUSA.
- Данок за капитална добивка
- Во САД мислам не се плаќа за луѓе кои не се државјани на САД (исто и во Ирска).
- Во МК не се плаќа до 2023. Понатаму ќе видиме.
- Данок на дивиденда
- За US акции/ETFs, од бруто износот за дивиденда се одбива 30% withholding tax. За земји со договор со САД за двојно оданочување данокот е помал од 30%.
- VUSA на пример е во Ирска. Така што ETF-от ќе плати 15% данок на САД и потоа објавениот износ се исплаќа во целост затоа што Ирска има 0% данок на дивиденда.
Уште едно хипотетичко сценарио:
$10,000 инвестирани во S&P 500 со 7% просечен принос, по 40 години би биле $163,114.
Ако во меѓувреме им текнало да воведат данок во МК на капитална добивка од 15% (на пример).
Данок за плаќање: $20,961
Принос кога би немало данок: 7% (149744.58/10000)^(1/40)
Принос кога би имало данок: 6.6% ((149744.58-139,744.58*15%)/10000)^(1/40)
Дали во ваков случај мислите дека е паметно да се преселите (доколку се уште не сте преселени) и да ги извадите парите во земја со 0% данок на капитална добивка?
Поправете ме ако грешам, ама во сите нормални држави има некој вид на Tax-free savings account, кој нуди даночни бенефиции.
Кај нас, не знам дали има такво нешто... Знам дека имаше нешто ослободување од капитална добивка за инвестициски фондови кои ги поседувате повеќе од 10 години. Е сега не знам дали ова важи и за ETF (кој што технички е инвестициски фонд) или само за нашите инвестициски фондови со ненормални провизии од 2-3%.
Последно уредено: