Македонци во Германија

Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
Здраво на сите

Доста време ја пратам темата и неколку пати ми помогнала за одредени работи за кои што сум благодарен на членовите овде. Па после нешто повеќе од година дена во Германија, собрав некакво мало, скромно искуство и имам некаква претстава за животот и луѓето тука, па ќе се обидам да споделам.

Јас сум на североисток во Германија, близу Росток, ептен на Балтик. Морето ми е буквално преку улица. Луѓето се супер, помагаат, не се себични, за на доктор без проблем не носат ако треба, за продолжување на визата минатата година без збор не однесоа два пати до соседниот град и ред други работи. Си помагаме, се имаме, изгледа дека е мало местото. Една улица е и толку :) Ама искрено не се гледам тука. Дојдов тука само за да дојдам во државата, после се знае - одиме на подобро. Ама ситуацијата тука ни се искомплицира, па моравме да стоиме во место 10тина месеци, па короната, па дојде турбо сезона во хотелите со гости - за да се надополни загубата од времето додека не работевме, кога почнавме со работа работевме со 50 проценти повеќе гости отколку минатата година. Паѓавме од работа цело лето. Приватно работите се подобрија, ама работата не ни даваше многу слобода. Што велат Србите куча-посо-куча. Само работа - дома 3 месеци. Сега се олабави и подобро е. Во тек сме за вадење на нова виза која не знам колку ќе трае со оглед на тоа што од хотелот ни понудија неограничен договор - што искрено врска немам што значи.

Што се однесува до луѓето - нас ни се погодија супер луѓе и одлично сме прифатени. Пред некоја година кога работевме во Бамберг, другар ми ги опиша Германците со еден збор - ебиветер. Понестабилен народ не сум видел. Сите се океј додека е океј работата, штом нешто не е во ред и почнува паника, стрес, леле ова, леле она. Тоа е изгледа дека системот си ја брка работата за многу работи и тие не се замараат за ништо освен за својата работа. Инаку тука сите Германци фаќаат кривини на работа. Ретко кој си ја работи целосно работата. Си префрлуваат работа еден на друг, паузите за цигара се нормална работа, а има Германци што работат по 11-12 саати на ден. Во кујната сите работат најмалку по 10 саати. И скоро сите шефови се на работа најмалку 10 саати и сабота и недела.

Друго, мажите се огромни пички - барем од она јас што го гледам. Повлечени, смирени, ако пример им се развика некој веднаш се извинуваат, се повлекуваат. Само да покаже човек малку заби и доста е. Не се навикнати да се борат за нив. Се им е погодено и тие само користат. Ме боли прстот - болен. Ме боли ноктот - болен. Ме боли косата - болен. Изгубен народ. Како еден Македонец што има кажано - Германија денес паразитира на системот изграден од пред неколку децении. Меки се многу луѓето некако. Имавме минатата година шеф со потекло од Грција или Кипар (не сум точно сигурен), човекот се гледа не е оригинал Германец, висок некаде 170цм, ама со мадиња. Не смееше никој ништо да му врати. Бестрашен - сите ги пердашеше. Немаше трте-мрте со него. Тој не вработи преку само еден емаил, без воопшто познавање на јазик и многу не засака дека балкански менталитет и си ја работиме работата - знаеше дека со нас е на чисто. Едноставно храбар човек - директен - немаше лево десно со него. И според него гледам една работа - ако човек го знае доволно добро јазикот - нема граници до каде може да напредува во оваа држава. А кога веќе некој како нас што напуштил родно место, фамилија, се најблиско, нема причина зошто да не проба се што може и да вложи 100 проценти од себе за да си го подобри животот тука.

Жените од друга страна се или многу убави или многу грди. Ретко некоја средина да се фати. И сите се облечени исто како од еден калап излезени - барем кај мене на работа е така. А ми се допаѓа што се директни - не те шетаат по тавани, туку в лице ти кажуваат се.

За животот... Тука луѓето се дружат и тоа многу. јас сум во мало место и гледам дека немаат многу пријатели ама тие што ги имаат се добри - како што пиша некој во претходен пост. Малку ама квалитетни. Многу пијат, скоро секој е на некаква дрога или користи некаква супстанца за смирување ова она. И сите имаат тетоважи. СИТЕ.

Дојдов тука со многу мало познавање на јазикот. Завршив еден курс пред да дојдам за А1, ама не е тоа тоа. И кога дојдов немав можност да го учам тука јазикот, дека немав услови. Сега имам конечно после година дена и терам по 4-5 саати на ден. Планирам да терам еден маратон така наредни 5-6 месеци додека нема работа. После чао пријатно.

Е сега некое прашање. Првично ме влечеше Росток за да се преселам за живот, ама како што читам западна Германија е доста подобра во секој поглед. Не планирам долго да бидам во Германија, ама не се знае ништо никогаш. Сега овој период треба да вадиме нова виза - втора откако сме тука. Некој предлог за место на запад ? Не ми е важна работата што ќе ја работам, само ми е важно да се преселам во град :)

Се распишав, дека денес сум слободен.... Поздрав до сите
П.с. Според многу луѓе што дошле тука, велат Германија е одскочна даска. Прво тука па после на подобро место...
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
Hotel Brudemuehle мислам дека се вика, лето 2017 година, во стариот дел на градот покрај река е хотелот.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Hotel Brudemuehle мислам дека се вика, лето 2017 година, во стариот дел на градот покрај река е хотелот.
Не сум бил тогаш, знам каде е ова.
И како ти се свиѓаше градот тогаш, луѓето. Нема многу наши овде.
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
Кога бевме, работевме скоро по цел ден. Бевме како студенти, ама имавме долго работно време. Во слободни денови шетавме лево десно. Градот е прекрасен, од луѓето баш немав некој впечаток дека не шетавме многу и немавме време и не знаевме воопшто ни јазик. Ама се на се беше океј. Се сеќавам дека од кај што бевме сместени, на 5 мин од хотелот, до Медиамаркт одевме пешки дека не знаевме кога и каде има автобуси. Додека бевме ние имаше некои еразмуси што работеа на кратко во хотелот од Франција, Хрватска, Србија па беше добро. А газдарицата беше оган. Убедливо најлошо место за работа во тој дел на градот. Сите бегаа после некоја недела. Се дереше на кој ќе стигне - на мажот, на синот - синот го правеше пепел пред сите, викаше буквално на кој ќе стигне. И пред да дојдам тука кај што сум сега, пак не бараа за работа таму, ама не фала.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Германија си е многу убава држава, ама само за Германците. Германците си работат од понеделник до петок, (8 часа) петок малку порано си заминуваат, саботи и недели слободни... Тие ги имаат најубавите работни места. Кај се видело некој Германец да работи прљава, мачна и тешка физичка работа? И кај се видело некој Македонец да работи во државен сектор без разлика што би бил далеку поспособен од некој Германец?

Ама тешко на Македонците и на Балканците!!! Тие работаат по минимум 10 часа, сабота работаат, а некои има што работаат по 2 работи за да успеат да спечалат за стан куќа... Нашите становите/куќите таму ги отплаќаат со кредит на 25 години...

А и доста последниве години ја паднаа работната рака (сатницата) народите од отепаните држави Непал, Филипини, Фиџи, Камбоџа, Индија, Египет, Курдистан...
Има Македонци во државен сектор али тие се претежно од втора/трета генерација, таму родени или растени со поминат Германски образовен систем. За сите други тешко.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.418
Temite za iseluvanje osobeno za Germanija najdobro da odat vo Archiv.

Toa kje bide realnosta koja e vekje aktuelna, Germanija nema da bide destinacija koja kje nudi reshenie za makedonskata siromashtija i primitivizam.
Mozhebi nekoj struki kje ostanat vo proces IT medicina i sl. Za nekakva masovnost nema izgledi.
Vprochem DEU , i Germancite ja napustaat.

I toa za diskriminacijata , demek ako si pismen jazik ova ona nemalo diskriminacija. Notorni gluposti !
Doagja Doktor Specialist celosno oformen profil/iskustvo jazik apsolviran, pa kje go zacementiraat kako Assistent. Kolku povekje napreduvas so jazik i integracija tolku povekje im gi otkrivas dubiozite.
Zhan Mitrev bese Chefarzt na klinikata vo Frankfurt ako ne se lazham, pa se vrati vo MK i napravi imperija.Se prasal nekoj zosto se vratil ako e se taka idealno vo DEU.
Istrazhuval nekoj razlikata vo plati za ista profesija dvajca kolegi ista rabota, germanec i stranec.
Problem e i toa so makedonceto od pusti kompleks nema da izleze so vistinata, ako se mozhe chalam niz selo.

Uste ednas barajte drugo chare ama ne DEU.
Кои глупости хехех. Со жан митрев сам си се дематираш. А за платата се плаќаат овде по тарифа на синдикатите и со два клика на интернет знаеш кој колккава плата зема. Ама да се лупетало само. Тоа твое искуство е можно да му се деси на неписмен кој не знае двата клика на нет да ги направи.
 
Член од
3 август 2015
Мислења
1.722
Поени од реакции
2.958
Ekipo edno prasanje sto bidna so vizite podnesiv avgust 2019 i seuste nema aber , kolku sto razbrav se cekalo nekade 1 godina a seuste neam povraten odgovor.... Inaku gi imam site kategorii B,C,E. I megunarodna licenca za KRAN so iskustvo ... Ako ima nekoj da ponudi rabota vi blagodaram na razbiranjeto imajte ubav den
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
331
Поени од реакции
319
Кои глупости хехех. Со жан митрев сам си се дематираш. А за платата се плаќаат овде по тарифа на синдикатите и со два клика на интернет знаеш кој колккава плата зема. Ама да се лупетало само. Тоа твое искуство е можно да му се деси на неписмен кој не знае двата клика на нет да ги направи.
Toa dali i kolku sum pismen ne e tvoj problem. Pogledni na shto ti lici postot so licni diskvalifikacii. Posle ti zboruvas za pismenost.
Ne slucajno gi odbrav dvata primeri. Prasanje koj ja razbra poentata.

Toa za tarifata i net-ot, ocigledno uste mnogu treba da ucis od/za Germanija. Tarifata e za pocetnici, platata se dogovara vo chetiri ochi po osnov na iskustvo i postiganja i kako takva e tajna, ne slucajno.

I eden sovet, procitaj se povekje pati i razmisli kade zgreshi.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Кои глупости хехех. Со жан митрев сам си се дематираш. А за платата се плаќаат овде по тарифа на синдикатите и со два клика на интернет знаеш кој колккава плата зема. Ама да се лупетало само. Тоа твое искуство е можно да му се деси на неписмен кој не знае двата клика на нет да ги направи.
Plus, Zan Mitrev so svoja bolnica vo Makedonija pravi daleku povekje pari nego kako Chefarzt vo Germanska klinika.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.418
Plus, Zan Mitrev so svoja bolnica vo Makedonija pravi daleku povekje pari nego kako Chefarzt vo Germanska klinika.
Жан Митрев е друга приказна, да не разлглабам сеа како дошол во МК како и што и каква политичка алатка беше. Зоран Буре весник има објаснето како е дојден во МК и како е граден култот на личноста
Автоматски споено мислење:

Toa dali i kolku sum pismen ne e tvoj problem. Pogledni na shto ti lici postot so licni diskvalifikacii. Posle ti zboruvas za pismenost.
Ne slucajno gi odbrav dvata primeri. Prasanje koj ja razbra poentata.

Toa za tarifata i net-ot, ocigledno uste mnogu treba da ucis od/za Germanija. Tarifata e za pocetnici, platata se dogovara vo chetiri ochi po osnov na iskustvo i postiganja i kako takva e tajna, ne slucajno.

I eden sovet, procitaj se povekje pati i razmisli kade zgreshi.
Шефовите се договараат во 4 очи. А Германија е полна со шефови, секој втор е шеф.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.354
Поени од реакции
38.592
Абре нормални сте со споредбата на докторската плата во Германија и Македонија? Правам муабет за општи лекари, не за генијалец како Жан Митрев кој вади срце и пак го става.

Дечко од Кавадарци, 34 годишен, 8 години во Германија и он и жена му работат како општи лекари, никакви специјализации никакви курци палци. Исплатија стан од 120 квадрати, и сеа пред некој месец земаа Масерати од 50к евра. ЗА 8 ГОДИНИ ТУКА.
Немојте жити се самата помисла на споредба е срамна. За тие појаките доктори хирурзи, неврохирурзи да не правам муабет, спаѓаат во буржоазија.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Сакав да прашам, што се овие најави за законот за спојување на семејство? Право за спојување дури по 3 години работа?
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Абре нормални сте со споредбата на докторската плата во Германија и Македонија? Правам муабет за општи лекари, не за генијалец како Жан Митрев кој вади срце и пак го става.

Дечко од Кавадарци, 34 годишен, 8 години во Германија и он и жена му работат како општи лекари, никакви специјализации никакви курци палци. Исплатија стан од 120 квадрати, и сеа пред некој месец земаа Масерати од 50к евра. ЗА 8 ГОДИНИ ТУКА.
Немојте жити се самата помисла на споредба е срамна. За тие појаките доктори хирурзи, неврохирурзи да не правам муабет, спаѓаат во буржоазија.
Абе виј, има и во Македонија лекари милионери, и тоа не се малку, бајаги ги има, луѓе со пари шо Германци би ги сонувале.
Али шо знам Германија никад не ме убедила мене лично, не знам зошто. Една пријателка имам отиде пред некоја година и дадоа специјализација, постира слики женцката на интернет има скап ауто, ама еднаш коа стави слика од амбулантата ми се одмили ко од шеести години на 20. век ебате беља и беше. Шо знам за една кола дали вреди Германија. Мислам се глеа дека нема лајф она дека е куча посо се теши со кола.
Иам и еден пријател исто отиде Австрија со него повеќе муабет иам го товариле со работа бел ден не видел и тоа не е човечко. Плус купил стан со кредит на 30 години њтф момент. Се што е над 8 саати работа бегај подалеку ќе те уништи психички треба човек и живот да види.
Не знам нека ме убеди некој поинаку. Не велам да не се оди надвор, али да се оди во салам држави кај шо можиш да живееш квалитетно да има храна не повеќе од 8 саати работа нормални луѓе да можеш да растиш деца во нормална околина. Мене Германија не ми личи нат аква околина. Плус Германскиот да го учиш е додатна мака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom