Стефан Ристовски можеби најдобриот поединец во македонскиот тим на денешната средба е разочаран од условите за игра, посебно од теренот кој не ги задоволува основните критериуми.
„За мене ова не се само обични три бода, ова се златни три бода. Од страна гледано можеби ова не личеше на добар фудбал, но и гајле ми е за тоа дали сме играле добро, затоа што толку можеме на ваков терен. Сакам да упатам порака до надлежните за Градскиот стадион дека ова е срамота. Зборуваме за Македонија, која пред неколку години организираше Суперкуп, а сака да игра на Европско првенство. Ако мислат да продолжат со ваков терен, тогаш нека ни кажат со време за да си најдеме друг терен затоа што ова е срамота. Ние сме со недели затворени во карантини за да дојдеме и да изгинеме за македонскиот дрес и вака да бидеме пречекани… Срамота“, изјави Ристовски.
Sent from my SM-G980F using Tapatalk