Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 280 40,4%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,1%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 78 11,3%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,6%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 124 17,9%

  • Вкупно гласачи
    693
науката не се согласува
Го знаеш штосот за дедото и апчињата?
Ај за тие што не го знаат!
Го прашуваат дедото, како дедо се грижиш за здравјето? Да бе дете! Секој месец идам на доктор и он треба да живее, он ми препишува лекови и идам кај аптекарот си ги купувам, и он треба да живее! После ги фрлам лековите во контејнер, па и јас треба да живеам :)
Не сум претерано стар, ама сум меѓу најстарите на форумов! Од мене еден совет: Умереноста е најдобар лек!
Од тука натаму е ваше како ќе го протолкувате. Топ здравје не е еквивалент на квалитетен живот.
Автоматски споено мислење:

Епа комшии треба да повикате на средба(по форумска линија), бајдвеј супер средено! Асортиментот каков е? Јас бев во Норвешка во една пивара 10-12 видови пиво имаше! Стрвен газ, а тоа скапо 100 евриќи ме фати задоволството да пробам од сите ;)
 
Последно уредено:
Не си пробал затоа што добар вејзен не постои. Не знам како ви се сладат пивата со пченица, мене ич не ми убави. Го поштувам германскиот Purity Law.

Ако идеме така тeхнички, тогаш најголемиот дел од житарките (сладот) секогаш е јачмен пошто пченица, пченка и другите, немаат доволно ензими за конверзија на скробот во составните шеќери (при „варењето“).

Но искрено ни јас не ги љубам многу вејзените, ок освен можеби тие на Eрдингер и Пауланер (на пример Hefe-Weissbier). Иако како што рекоа и други - онака за промена некогаш ми се ОК.
 
Ти го памтам истиов муабет и прошлото лето, овој период :) Зошто побогу би оставал пиво, истото и тогаш те прашував?

Туку, имам проблем. Пијам 2 3 пива, прекинувам, после саат време глава почнува да ме боли, без разлика на пивото. Пијам многу пива, 10, заспивам ко труп и се будам сред ноќ со главоболка. Што би можело да биде проблемот?
Ја пијам. Некој би рекол многу.
Ама жестоко и вино.
Од една флаша пиво глава ме боли.
 
Имам чуство дека македонските пива се катастрофа во глобала. Ептен растворени, скоро како вода. Убедливо најдобро македонско пиво што го имам пробано е Златен Даб темно, и не е македонско туку само се полни во Прилеп.
 
Вишок течности и може на таа база ти се крева притисокот, контролирај си го притисокот повремено, особено кога те боли главата!
Не би требало од литро течност да имам проблем со кревање на притисок, и така одма се исфрла тоа. Мое мислење е дека пивото тука е срање, и искрено пијам само од "комерцијалниве" пива, шо ги имаш секаде достапни и повеќето од луѓето ги пијат. Евентуално можам да кажам дека единствено Хајнекен не ми праи фрки нареден ден со желудникот и цревата, зборувам за поголема испиена количина, од другиве како лаксативи да сум пиел.
 
Не би требало од литро течност да имам проблем со кревање на притисок, и така одма се исфрла тоа. Мое мислење е дека пивото тука е срање, и искрено пијам само од "комерцијалниве" пива, шо ги имаш секаде достапни и повеќето од луѓето ги пијат.
Кај мене пак пивото како иљач делува особено кога имам главоболка или мака со спиење, 2-3 комада и сум бајче :D
 
Досега од тоа што сум пробал најдобро пиво ми било Никшичко, најдобро домашно Златен даб.
 
Никшичко беше никшичко некогаш, сега мислам дека само називот му остана! Да, беше убаво пиво 80 и некоја, па и девеесетите, после се деси нешто со сопственоста на пиварата и мислам како и дел од прилепското го носат од некаде и во Никшич само го пакуваат, аможе и сосе етикети им стигнува ;)
Златен даб не е лошо, само толку. Додуша кој му е конкуренција? Скопско, Староградско и Македонско? Последново не го препорачувам ни во Сахара:(
 
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom