Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 280 40,5%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,2%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 78 11,3%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,7%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 123 17,8%

  • Вкупно гласачи
    692
Дигресија: Да не има некои нови дешавања или информации за продавници/намирници за правење пиво, слад првенствено? Аман, како до сега не се најде некој да отвори таков бизнис - се обложувам дека ќе има промет, сигурно има доволно ентузијасти овде.
Пиводром е таков бизнис, баш као што го опиша.
 
Дали во Мк има некоја дива сорта хмељ?
Утре ќе ви сликам ама оградата е во полн род:eek:
Автоматски споено мислење:

Скопско си е скопско :)
Кога нема друго и тоа е арно! Пробај го оригиналот, Крушовице, па ќе видиш која е разликата!
Автоматски споено мислење:

Ако случајно се пробуваш во тој свет се пријавувам како прв дегустатор :P
+1, сам ли ќе се копаш?
 
@Hellsing одлично, и фала многу за информацијата. (y)
Знаеш ли од прилика кој е минималниот износ на инвестиција за да пробаш да извадиш пиво, не да се оди на количински, нешто за дегустација па ако те бива да инвестираш?
Отворив на страната, и првата опрема за варење е 500 евра, колку е се тоа плус којзнае, па дали е се ова неопходно или има поевтини алтернативи.
 
20200913_014455.jpg

Fürst Wallerstein Келлер Биер нефилтрирано исто викано Цвикл, од Wallerstein близу Nördlingen на самата граница Баварија (Франконски дел) со Баден-Виртемберг. Денес нека говори само сликата :D
 
Знаеш ли од прилика кој е минималниот износ на инвестиција за да пробаш да извадиш пиво, не да се оди на количински, нешто за дегустација па ако те бива да инвестираш?
Отворив на страната, и првата опрема за варење е 500 евра, колку е се тоа плус којзнае, па дали е се ова неопходно или има поевтини алтернативи.

Тоа ми звучи малку скапо, од она што имам гледано низ Шведска почетната опрема за аматери и домашна употреба е околу 20-30 евра за да добиеш сад во кој можеш да вариш 5-6 литра

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Со 20-30 евра ништо не можеш да направиш.

Знаеш ли од прилика кој е минималниот износ на инвестиција за да пробаш да извадиш пиво, не да се оди на количински, нешто за дегустација па ако те бива да инвестираш?
Отворив на страната, и првата опрема за варење е 500 евра, колку е се тоа плус којзнае, па дали е се ова неопходно или има поевтини алтернативи.

Ти треба канта за ферментација што кошта 1000 денари.

Ти треба нешто во што ќе го вариш пивото. Зависи колку количина ќе правиш, можеш и во тенџере дома ама што ќе добиеш така 5 литра пиво, не се исплати цел труд, зашто не е малку работа. Значи рачунај дека ти треба лонец од 30тина литра што би коштал да речеме ~ 3000 денари.

Ти треба вреќа за слад - 1350 денари (помалата).

Ти треба вреќа за хмељ - 40 денари.

Ти треба мензура - 250 денари.

Ти треба хидрометар за да знаеш кога е готово со ферментација и за да имаш начин да пресметаш колку промили алкохол ти има пивото - 600 денари.

Ти требаат шишиња за флаширање. Нема да ги рачунам во цената зашто ќе претпоставам дека можеш да ги собереш од некој кафич. Инаку коштаат 70 шишиња околу 1000 денари.

Ти треба четка за чистење на шишињата - 200 денари.

Ти треба средство за стерилизација - 100 денари.

Ти требаат околу 5кг јачмен - 500 денари (~ 100 денари по килограм горе доле).

Ти треба хмељ ~ 100 грама - 300 денари.

Ти треба квасец - 300 денари.

До тука има 7640 денари. И овде не се вклучени работи што многу би ти помогнале во целиот процес како перач на шишиња, цедач на шишиња, затворач за шишиња, опрема за ладење (без неа ќе треба да полниш када со мраз и од шпорет да го носиш директ во када бидејќи сладот треба брзо да се излади). Ти треба начин да регулираш температура, на пример дур го вариш сладот треба 10 минути да биде на пример 60 степени температурата на водата, после тоа 15 минути 70 степени (секој рецепт е различен, зависи какво пиво правиш). Ќе ти треба начин да можеш ова да го регулираш, најлесно со термометар за храна и да стоиш до шпоретот да попушташ и да намалуваш јачина за да одржуваш температура.

Се на се, за да се опремиш со доволно опрема рачунај дека ќе ти требаат 200 евра почетен влог.
 
Хмељ е ова или нешто што многу личи на хмељ?20200913_121637.jpg20200913_121659.jpg20200913_121705.jpg
 
Знаеш ли од прилика кој е минималниот износ на инвестиција за да пробаш да извадиш пиво, не да се оди на количински, нешто за дегустација па ако те бива да инвестираш?
Отворив на страната, и првата опрема за варење е 500 евра, колку е се тоа плус којзнае, па дали е се ова неопходно или има поевтини алтернативи.

Тоа погоре е точно, но ако баш само сакаш да пробаш тогаш можеш да идеш со „гето“ метод. Сад за ферментација, било кој голем стаклен сад - на пример погледај ако имате некаде во подрум стари врчеви за ракија. Потребно е само да може херметички да се затвара и во затварачот да може да се вметне S испуст за испуштање СО2 (ова може и со силиконско црево да се импровизира, ама евтини се тие ствари).

- мелење е проблем, ама супер што во Пиводром нудат мелење како услуга па и тоа ете не е проблем
- хидрометар треба, ама за „гето“ обид можеш и без него да пробаш „од ѓутуре“ и да се надеваш дека ќе испадне нешто ок, но секако е евтин а можеш и да позајмиш од некој што прави вино
- шишиња може и пластични (нели гето е), со нив и не мора да се плашиш дека ќе експлодираат
- ќе пробаш со 5-6 литри, не со 30

Единствено со хигиената не може да се прави компромис. Мора се да е 100% чисто.
И не гледам дека во Пиводром нудат течен екстракт од слад, што е штета пошто тоа би било најдобро за почетници.

Инаку ако сакаш да се занимаваш со ова, дефинитивно тие 200евра за почетна опрема не се многу пари за нешто што ти прави кеиф. Баналности како мобилни телефони коштаат повеќе.
И не може „да не те бива“, ако се едуцираш за постапката, и пазиш на чекорите и хигиената, во 9 од 10 случаи би требало да добиеш нешто... Пивливо. :)
 
Со 20-30 евра ништо не можеш да направиш.

Го оправдувам твоето мислење (поготово што се гледа дека имаш познавање за областа, за разлика од тебе јас еднаш одамна се заинтересирав ама баталив никогаш не пробав) и незнам што продаваат за тие 20-30евра колку што беше најефтиниот пакет за почетници само споделив зашто нели кога ќе видиш цена од 20-30€ и некој ти рече абе тука е 500€ нормално ќе ти е сомнително :)

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom