Не сум дојден да останам да живеам тука, пред се сум тука да заштедам пари. Јас сум сведок на овие приказни, освен покачување на тонот во некоја ситуација не ми се случило никава незгода, имам документи, знаат дека можам утре да си отидам, си го работам својот дел, добивам добри саати, празници, на било кое место за брза храна не би можел да заштедам како овде, иако не напредувам во позициите. Муабетот ми беше дека има моменти каде се случува ова, како што викаш во социјална држава, они знаат а не реагираат, тоа за мене не беше сфатливо, поточно не очекував такво нешто. Не можеме да дискутираме за ова затоа што од различни агли ја гледаме ситуацијата, барем од тоа што сум го видел и сфатил, системот и тука не функционира за сите и има двојни стандарди.