Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.402
Поени од реакции
7.851
Малце глупо е како симпатизер на Дпмне да ја обвинуваш шарената револуција за промена на уставното име, а ваши пратеници гласаа за истата
Во сето ова е трагично е што дури и СДСМ се колнеа дека нема да дојде до промена на името, за време на ШР ниту беше спомнато името, паролата беше правда и мир.

Уште потрагично е тоа што немаше теоретски шанси да дојде до таа промена без ДПМНЕ, тие јавно линчуваа секој еден кој јавно се залагаше за било каков компромис со Грција, и сеа ликови кои тие ги гласаа, поддржуваа, с од некои правеа икони беа клучната алка за промената на името. И тоа веројатно со партиска согласност но ги издвоија како поединци да не го носи цело тоа бреме ДПМНЕ како структура.

А Заев треба да одговара пред цела јавност, што изјавуваше, ветуваше и за што се колнеше, а што направи.
Автоматски споено мислење:

Член од
24 март 2010
Мислења
15.183
Поени од реакции
25.857
Иницијалната каписла за промената на името, воеднo и се останато, беше расипништвото и авторитаризмот на власта на ДПМНЕ предводена со братучедите од кои се правеа икони, се друго е утешение грешним.
Тоа е твое толкување. Комплетно нерелевантно. Историјата не ја интересира ничија емоционална состојба. Ниту за вашите утехи.
Малце глупо е како симпатизер на Дпмне да ја обвинуваш шарената револуција за промена на уставното име, а ваши пратеници гласаа за истата
Од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаат под 10%. Од пратениците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ гласаа 15%. Од пратениците претставници на Шарената револуција гласаа 100%. Од пратениците од коалицијата од Шарената револуција гласаа 100%.

Единствено нешто глупо се утехите дека ако си бил доволно глуп да веруваш дека пукање во глава на некој ќе го убие значи дека не си одговорен за убиството.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Кога стана ти левичар? Види, и Тома-Диплома беше скромен човек, со износени маици се појавуваше на првите пресови. Кај нас само висока нога во СДСМ и ДПМНЕ. Треба да грабне малку моќ за да видиме како ќе се однесува. Инаку, секоја чест што си оди со бус.
 
M

Macedon1um

Гостин
Тоа е твое толкување. Комплетно нерелевантно. Историјата не ја интересира ничија емоционална состојба. Ниту за вашите утехи.

Од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаат под 10%. Од пратениците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ гласаа 15%. Од пратениците претставници на Шарената револуција гласаа 100%. Од пратениците од коалицијата од Шарената револуција гласаа 100%.

Единствено нешто глупо се утехите дека ако си бил доволно глуп да веруваш дека пукање во глава на некој ќе го убие значи дека не си одговорен за убиството.
Таа историја секогаш повеќе ќе ги памти предавниците како Љубен Арнаудов, Крсто Муковски, Канчевска, Емилија Александрова и останатите отколку Заев за кој никој не беше многу изненаден дека е спремен за вакво нешто. Дпмне нема така лесно да ја тргне оваа дамка од партијата уште долго време, џабе се обидувате тука да фрлите поголема вина на шарената револуција која навистина беше револт кој тогашната криминална влада а Заев ја искористи на некој начин.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.183
Поени од реакции
25.857
Таа историја секогаш повеќе ќе ги памти предавниците како Љубен Арнаудов, Крсто Муковски, Канчевска, Емилија Александрова и останатите отколку Заев за кој никој не беше многу изненаден дека е спремен за вакво нешто. Дпмне нема така лесно да ја тргне оваа дамка од партијата уште долго време, џабе се обидувате тука да фрлите поголема вина на шарената револуција која навистина беше револт кој тогашната криминална влада а Заев ја искористи на некој начин.
Се согласувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема лесно да ја тргне таа дамка. Исто како што нема да ја тргне ни Шарената револуција. Нема поголема и помала вина. Вина е вина.

А тоа дека поддржувачите на Шарената револуција немаат капацитет да бидат ништо повеќе од искористени кондоми е исто факт. Ама не гледам како иде во прилог на твоите аргументи во дискусијава?
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.402
Поени од реакции
7.851
Тоа е твое толкување. Комплетно нерелевантно. Историјата не ја интересира ничија емоционална состојба. Ниту за вашите утехи.
Моето е објективно толкување, тоа што не му одговара некому нема врска со историјата,

Кој и каде за време на Шарена Револуција се залагал за промена на името?

Имаш некаков материјален доказ?

Како беше, Демократска Независна Република Македонија (Скопје), звучи познато?
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.402
Поени од реакции
7.851
Кога стана ти левичар? Види, и Тома-Диплома беше скромен човек, со износени маици се појавуваше на првите пресови. Кај нас само висока нога во СДСМ и ДПМНЕ. Треба да грабне малку моќ за да видиме како ќе се однесува. Инаку, секоја чест што си оди со бус.
Во ред.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.183
Поени од реакции
25.857
Моето е објективно толкување, тоа што не му одговара некому нема врска со историјата,

Кој и каде за време на Шарена Револуција се залагал за промена на името?

Имаш некаков материјален доказ?

Како беше, Демократска Независна Република Македонија (Скопје), звучи познато?
Шарената револуција започна улични протести кои предизвикаа предвремени избори. На тие предвремени избори Шарената револуција директно учествуваше во една од коалициите. Коалицијата на Шарената револуција стана власт. Таа власт промени Устав и уставно име.

Тоа се фактите. Другото се толкувања. Објективно толкување не постои.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.402
Поени од реакции
7.851
Шарената револуција започна улични протести кои предизвикаа предвремени избори. На тие предвремени избори Шарената револуција директно учествуваше во една од коалициите. Коалицијата на Шарената револуција стана власт. Таа власт промени Устав и уставно име.

Тоа се фактите. Другото се толкувања. Објективно толкување не постои.
Никој никаде за време на Шарената револуција не спомена или пак се залагаше за промена на името. Према ова, поддршката на тие протести не значеше и поддршка за промена на уставното име на земјата.

Тоа е факт.
 
Не. Факти се работите што се случиле. Не работите што се кажале.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.402
Поени од реакции
7.851
Не. Факти се работите што се случиле. Не работите што се кажале.
Фактички ти сакаш да кажеш дека секој еден кој гласал за ДПМНЕ од 2006 до 2016 поддржувал криминал, корупција, нарачка на шамари, местење на избори, давење во кофа со вода, нарачани вести...?

По логиката која ја наметнуваш за Шарена револуција, потполно истото.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.477
Поени од реакции
2.539
Не. Факти се работите што се случиле. Не работите што се кажале.
Левица беше со шарената , Левица не учествуваше во промена на името и беше јавно против истото.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.183
Поени од реакции
25.857
Фактички ти сакаш да кажеш дека секој еден кој гласал за ДПМНЕ од 2006 до 2016 поддржувал криминал, корупција, нарачка на шамари, местење на избори, давење во кофа со вода, нарачани вести...?

По логиката која ја наметнуваш за Шарена револуција, потполно истото.
Дел од тие работи, да, поддржувал. Дел се глупости и поезија.
Левица беше со шарената , Левица не учествуваше во промена на името и беше јавно против истото.
И на крај Апасиев ја оживува Шарената револуција во говор. Малце поциничен човек би рекол дека тоа го прави зошто сака да ги избрка традиционално вмровските гласачи од него. :D
 
M

Macedon1um

Гостин
Шарената револуција започна улични протести кои предизвикаа предвремени избори. На тие предвремени избори Шарената револуција директно учествуваше во една од коалициите. Коалицијата на Шарената револуција стана власт. Таа власт промени Устав и уставно име.

Тоа се фактите. Другото се толкувања. Објективно толкување не постои.
Народот ги изгласа пратениците на Дпмне, дел од тие пратеници (онолку колку што им фалеа) гласаа за уставни промени. Дали тоа значи дека народов што гласал за Дпмне уствари бил соучесник во уставните промени ? Тоа се фактите, се друго е толкување.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.183
Поени од реакции
25.857
Народот ги изгласа пратениците на Дпмне, дел од тие пратеници (онолку колку што им фалеа) гласаа за уставни промени. Дали тоа значи дека народов што гласал за Дпмне уствари бил соучесник во уставните промени ? Тоа се фактите, се друго е толкување.
Да, бил. Добар дел од раководните структури и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ немаат ништо против промената на името. Само сакаа да ја искористат. И заради таквиот однос, го добија тоа што го добија на овие избори.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom