Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
И јас и Борат сме дебело платени да ја фалиме Левица. Не мислев дека олку брзо ќе не откриете.
 
Член од
22 март 2019
Мислења
233
Поени од реакции
551
И јас и Борат сме дебело платени да ја фалиме Левица. Не мислев дека олку брзо ќе не откриете.
Не знам за тебе ама за Борат дефинитивно треба да му ја укините платата за фалби на левица. Он секако зима плата од Сдс ДПМНЕ за антиреклама :)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.379
Поени од реакции
46.765
Од оваа временска дистанца, кога веќе све и на секого му е јасно околку револуцијата, не треба професорот да биде буљаш и да ги продава овие фори. Револуцијата не беше ни киднапирана ни предадена како што сакаат да веруваат разочараните, туку беше обична шаблонска, генеричка револуција каква што се спроведувала на секој континент и секоја паланка каде што требало да се симне некој од власт.

Значи не дојдоа тие од Американска амбасада (кои сега ги прозива од говорница) да им ја превземат на Васиљ и Павле, туку тие ги измислија Васиљ и Павле сосе целата медиумска и теренска логистика. Негов промашај (или погодок) беше тоа што во тоа време се приклони на таа групација, ама ок е, елегантно се опра од тоа искуство.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.855
Исто и Квислинг, не беше предавник, туку предаден.
И во време на Хитлер кога Гестапо ги давеше во кофи со вода неговите неистомисленици, се велеше дека е за доброто на германската нација.

Лесно е да банализираме и да се правиме штосни ко шо глеаш.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.204
Поени од реакции
25.919
И во време на Хитлер кога Гестапо ги давеше во кофи со вода неговите неистомисленици, се велеше дека е за доброто на германската нација.

Лесно е да банализираме и да се правиме штосни ко шо глеаш.
Апсолутно. Ама учам од Апасиев. Тој банализираше и пробуваше да биде штосен во Собрение, па гледам ти се допаднало.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.855
Апсолутно. Ама учам од Апасиев. Тој банализираше и пробуваше да биде штосен во Собрение, па гледам ти се допаднало.
Воопшто не банализираше, ја говореше голата вистина, она шо три децении и се случува на Македонија. Тоа во Собрание е мелодрама, ова тука е штосност.

Тоа е блага реторика за она што ми се допаѓа мене, јас би сакал нешто без тронка вулгарност а да остави црн печат на нечија политикантска кариера.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.204
Поени од реакции
25.919
Воопшто не банализираше, ја говореше голата вистина, она шо три децении и се случува на Македонија. Тоа во Собрание е мелодрама, ова тука е штосност.

Тоа е блага реторика за она што ми се допаѓа мене, јас би сакал нешто без тронка вулгарност а да остави црн печат на нечија политикантска кариера.
Голата вистина е дека Шарената револуција беше иницијалната каписла која предизвика промена на уставно име на крај. Се друго е лажење.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.855
Голата вистина е дека Шарената револуција беше иницијалната каписла која предизвика промена на уставно име на крај. Се друго е лажење.
Иницијалната каписла за промената на името, воеднo и се останато, беше расипништвото и авторитаризмот на власта на ДПМНЕ предводена со братучедите од кои се правеа икони, се друго е утешение грешним.
Автоматски споено мислење:

Сега кои се "комуњарите", СДСМ или Левица?



:icon_lol:
 
Последно уредено:
M

Macedon1um

Гостин
Голата вистина е дека Шарената револуција беше иницијалната каписла која предизвика промена на уставно име на крај. Се друго е лажење.
Малце глупо е како симпатизер на Дпмне да ја обвинуваш шарената револуција за промена на уставното име, а ваши пратеници гласаа за истата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom