Родителски средби има 3-4 во годината (една е на самиот старт), јас редовно одам за моите деца. Јас кога мислам на оценките, не мислев само на оценките за тромесечие, полугодие, крај на година, туку за секој одговор како бил оценет, писмени работи... Не е можно константно добивање на информации од наставниците, ама ако редовно се пополнува е-дневникот со дневните случувања, родителот ќе има увид. Нека се укине обичниот дневник, па наставниците ќе работат само на е-дневникот, не е толку тешко, некои работи Copy-Paste би ги вметнувале. Наставниците дневно имаат по 4-6 часа, ќе внесат што е работено, што е за дома, кој бил отсутен и евентуални оценки од испрашувања или писмени работи.Затоа што се губи премногу време. Секој родител треба редовно да го контролира поведението и резултатите на своето дете преку тие родителски. Само 10-15% од родителите одат на родителски, а од тоа може да се заклучите дека нема интерес од нивна страна за резултатите на нивните деца во образованието. Секој класен раководител губи по неколку часа само за средување на изостаноците, што искрено не вреди за тие мочани помалку од 1.000 ден! Во многу училишта во светот, самото училиште го известува родителот дека ученикот не се појавил на настава. Можеби тоа треба да се воведе и кај нас. Родителите мора активно да се вклучат во дисциплината, затоа што ниту еден наставник нема доволен авторитет за да воспостави ред над 30 размазени деца, каков пристап и да има.
Јас кога бев ученик, моите ги добиваа оценките преку СМС пораки!
Инаку ваков каков што е, е-дневникот е непотребен. Беше ветено дека ќе им само еден дневник, ама тоа е еден од најмалите проблеми во нашето образование.
Автоматски споено мислење:
Кај син ми во средно многу малку доаѓаат, а во основно кај син ми речиси 100% доаѓаат.Од кај ти ова дека 10-15 посто од родители оделе на родителски состаноци? Во основно дали 2-3 не доаѓаа кај нас, а во средно под 80% никогаш не биле. Не верувам за 15 години дотолку да се смениле работите.