Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.409
- Поени од реакции
- 7.865
Тоа што Апасиев го ставаат на мраз во Собрание не е ништо друго туку типична контрола на штетата, значи битката за собраниската говорница е добиена, настрана што таму има шака луѓе кои ако ништо повеќе, барем можат да дадат соодветна реплика, која ако се развие понатаму во дебата, не може да донесе ништо друго сем испливувње на нови гомненици на површина. Шаблонот вие крадете, ние крадевме помалку е исфрлен од колосек.
Проблемот настанува со тоа шо говорите од Собрание, ставовите и идеите кои Левица ги промовира од таму, треба да бидат експлоатирани медиумски, ако веќе имаат политика, потребни се план и програма како тоа да се реализира, ресурсите се друга приказна.
За полесна операционализација можат да формираат две целни групи, воглавно партиски неопределени,
Првата се оние кои се интензивни корисници на социјални мрежи, до кои лесно се стигнува но чии глас т.е поддршка тешко се придобива, доволно би било континурано да се промовираат пратенците на Левица тука, и да се избегнува колнењето и пцовките кои се типични за партиските ботови кога ќе наидат на несогласување, ад хоминем ти си мурто/курто не е ништо ново ниту може да придонесе нешто позитивно.
Исто така не оди во прилог кога носителка на пратеничка листа во изборна единица секој втор збор по социјални мрежи и е сороспија, шуто рогато, комуњато, комуњари а настапува од позиција на Црвена петокрака, Апасиев бил дел од таа соросписка шуто рогата револуција, тек и советник во СЈО, настрана шо од собраниска говорница Апасиев изјави дека Шарена револуција не била предавничка тука предадана.
Малку компактност во ставовите не е на одмет. Нема потреба од оксиморонски пристап.
Втората група се оние кои ретко или воопшто не користат социјални мрежи, и воглавно се базираат на инфо од ТВ, што значи Левица тешко може да стигне до нив иако нивниот глас и симпатии полесно се добиваат, тука чисто се потребни финансии, а ниту еден медиум со национална концесија нема да промовира било што џабе, а финансиите на Левица отидоа со Евростандард банка. Згора на ова, сите правни лица кои спонзорирале Левица сега очекувано ги роварат органите на уќуматот, кои и онака немаат ништо попаметно направено откако постои вилаетов, сем тоа да бидат слуги на секоја власт.
Сега ако не изнајдат модел на легално и безусловно стекнување на финансии, нема многу да им биде од помош тоа шо имаат два пратеници, а допрва им е потребно градење на здрава партиска оператива, шо во овие услови е скоро па невозможна мисија