Се извадивте за влакно

.
Валчак катастрофа цел натпревар, ама на борбеност и енергија го реши натпреварот во финишот. Ќе видиме што ќе биде од него, последните 3-4 минути даваат надеж дека ќе биде од некаква корист, и добро е што е така бидејќи претходно ниту на овој натпревар ниту во Струга, ништо не покажа, меѓу најслабите играчи беше и во напад и во одбрана. Потребни се и такви борбени играчи, ќе си најде можеби улога и полјакот.
Имав 0 очекувања за Вујин, знаев дека е далеку од неговите добри години, ама овај да ти бил бетер и од најниските мои надежи. Тотален минус во екипата. Којзнае колку акции заеба, а згора на се и бавно се менува за одбрана. Во македонско првенство едно 5 појаки десни бека можеш да најдиш. Апсолутен очај. Векиќ и Јагуриновски не се на ниво за прва опција на екипа од ЛШ но се далеку пред него моментално. Ќе има големи проблеми на таа страна Вардар сезонава. За Векиќ треба време. Мислам дека беше добра инвестиција тој трансфер, но мора да се биде трпелив, да се игра на долг рок со него. Мислам дека има потенцијал да се извади Коплјар тип на играч од него. А Коплјар колку и да не бил омилен, сепак не случајно цела кариера има значајна улога во големи клубови. Јагуриновски има лимитиран потенцијал, но има одредена потребна дрскост дечкото, реално има и некакво искуство играше доста за Металург последните години и СЕХА и ЛШ. Доста некоректно, во оган го фрли Алушевски на 7-8 минути до крајот, имаше еден клучен гол и украдена топка, но и неколку промашувања. Во секој случај далеку подобро одиграа со него отколку со Вујин.
На лево-среден бек ќе закрпат некако само треба да се уиграат Јотиќ, Гаџа, Дисингер и Талески. Додуша тоа повеќе важи за вторите тројца. Јотиќ ќе видиме. Дечкото е неспорно дека има талент, има игра, реално е најдобар, најкомплетен бек во екипата, ама е соло играч. Таков бил отсекогаш, се уште се чека тим што ќе го доизделка и ќе го направи дел од тимски мозаик. Гаџа се разигра во финишот да се надеваме ќе му помогне тоа да фати нагорна линија во формата. Дисингер имаше добри моменти но и имав впечаток дека доста топки потроши. Талески во неговите 10тина минути мислам одигра коректно. Не нешто којзнае што, далеку од тоа, но тој овојпат не беше проблемот во екипата.
Ептен се чувствуваше отсуството на Столе. Вардар отсекогаш базирал доста од офанзивната игра на пикерот (без разлика дали за завршница или за градење на самите акции). Калараш и Валчак не се ни за 2 класи подолу од Столе во офанзива. Да се надеваме дека Столе ќе ја надмине короната до ЛШ, бидејќи тешко ќе биде било која екипа да се победи без него.
Борко класика. Се изнабрани зицери, го избушија од 9. Не ми е јасно што е со Кантегрел? Зошто не добива шанса досега?
Се на се ќе се мачите есенва. Можеби и напролет. Комплетно нова е бековската линија, мислам дека нема 2 играчи што играле заедно, ќе треба време да се уиграат. Некако овој состав повеќе ми е склопен како за идната сезона отколку за оваа. Има доста работа за да се вклопат како што треба. Без публика голем скептик сум за ЛШ. Освен Елверум прашање е друг дали може да победат. Можеби Мешков Брест. Со нив ќе биде битката за 6то. Тоа е, немавте среќа во ждрепката, другата група е многу полесна.