Вие немате кредит за било какво право што денеска албанците го имаат, освен ако јазикот станува официјален во цела држава.
Рамковниот договор и денеска го рачунате за капутилација, не може во исто време да се фалите заради него, ниту сте го дале, ниту денденеска не го прифаќате. Дури трагедијата не е во тоа, туку сакате да го саботирате во секоја можност во секое време. Целиот народ со нетрпение, одредени струи директно.
Лично јас барам од вас трпение, не да се толерира криминалот, не е рамковниот тоа, ниту рандом албанец тоа го бара. Ми се чини дека навивате за да не ја биде државава, само за да не ја имате заедно со албанците и други малцинства.
И не дека мене лично ми треба албанскиот јазик во цела држава да е официјален, сакам вие да го скршите мразот да давате едно право без наше барање, сакам вие да одлучувате, да можам јас на екстремистот албанец да му кажам чекај, македонците се сменети, минатото треба да го оставиме позади, подобро ни е тука отколку во некоја си Голема Албанија, нема гаранција дека нема да бидеме подискриминирани во таква држава.
Колку и да звучи банално ова, барем на еден ќе му затворам уста и ќе го натерам да мисли.
Не барам изговори тука, тука дискутирам со вас што вие може да направите и што не треба да направите, критика кон албанците нема што да пишувам тука, за тројцата членови што сме.
Каков ли кредит па вие имате до сега оставено, со што ли не имате толку задолжено за да кон вас покажеме такви симпатии, неизмерна толерантност, грижа и разбирачка? Освен што две децении не тероризирате, вршите тивко етничко чистење на териториите каде што сте мнозинство, го поткопувате територијалниот суверенитет на државата со закани за војна, терор и репресалии, веете знамиња на големи држави. Како при сите овие околности очекувате некој вам да ве перцепира како угнетено малцинство, да покаже сожалување, емпатија кон вас?
Вам освен трпение ви е дадено многу повеќе изминативе дваесет години. Ние бе го имаме измислено трпението, тоа е нашето средно име. Секој нормален ќе се запраша како се уште ве трпиме вам и вашата извитоперена перцепција за соживотот. Ние пет века трпевме под турско, под српско, бугарско, прешалтавме низ еден куп окупации. Еве ве трпиме две декади веќе и кое фајде од тоа? Колку време вам ќе ви треба да еволуирате во цивилизирано граѓанство па да седнеме како луѓе без уцени и закани, без терор, без ретроградни националистички пароли, да зборуваме за општиот, колективен напредок на државата, кој што ќе се темели врз економски, социјален, образовно културен прогрес?
Ако вам горенаведените работи ви се од интерес, ако низ овие две децении сте успеале да создадете вистинска еманципирана албанска интелектуала која што ќе се постави наднационално, ќе се идентификува со државата во која што живее, што не ги тргните настрана ДУИ, АА, БЕСА и остали национал шовинистички срања и создадте модерна, прогресивна партија која што ќе го тргне националниот предзнак и ќе работи, ќе се залага за општ добробит на целата држава Македонија, без разлика на национална припадност. Како постулати ќе ги постави социјалната правда и еднаквост, економскиот раст, културното зближување на националностите во оваа држава, ќе промовира мир и прогрес, вистински соживот?
Или ова звучи како утопија? Еве јас не гледам ни на повидок таков политички субјект во албанскиот политички блок на партии. Напротив, од година во година гледам се порадикални ликови, како Села, Груби... кои што добиваат огромно внимание од грото албанци. Буквално се такмичат кој од нив ќе настапи порадикално, ќе ја крене летвичката на максималистички барања повисоко. По се изгледа тоа се уште пали во голема мера кај албанскиот електорат, штом одново и одново им давате доверба на секој изборен циклус.
После се чудиш зошто таков анимозитет кон вас. Ете од каде извира а вие две децении на истиот му давате легитимитет.
Со двојазичноста вие практично го срушивте и последниот мост за градење на соживот и толеранција во оваа држава.