Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.812
Поени од реакции
17.751
Мене ми се одмили Конте некако, одвај чекам да дојде вторник да видиме што ќе одлучат со кинезот. Ова плачење и лигавење ми иде страшно на курац, многу мразам луѓе што се жалат за све и свашта у животот и кривицата секогаш ја гледаат на страна а не во себе.
Конте мора убаво да размисли што понатаму, ако одлучат да остане, тоа јавното квичење и удирање директно по управата мора да престане, доколку реши да си оди тогаш нека биде на негова штета а не Интер да му плаќа оштета.

Медиумиве низ Италија денеска пишуваат дека Марота има 2 годишен договор со Алегри за 8 милиони евра плата по сезона. Уште од поодамна се овие шпекулации дека Алегри ќе биде нов тренер така да верувам дека Марота го има исконтактирано уште тогаш па овој имал време да го гледа Интер и да се запознае со играчите преку ТВ секако, да знае што да очекува од нив и што му треба.

Алегри е добар тренер, добар тактичар, мирен тип којшто работи со тоа што ќе го добие, не извољева и не се кара за секоја ситница и неправда туку гледа да ги среди работите. Добар тактичар којшто има разработено неколку системи, не иде со глава у ѕид и како и сите италијани иде на сигурно и полека.
Кога дојде во Јувентус цел свет беше скептичен околу тогашниот избор на Марота, нормално дека и јас сум го мразел и хејтал пошто е тренер на Јувентус, секако освен за Маркизио и Дел Пиеро ништо позитивно неам кажано за никој друг од таа скупштина таму.
Марота направи полн погодок со неговото назначување, се виде тактичката флексибилност на дело, иако до тогаш никогаш немал играно со 3ка позади, не отиде своеглаво од старт да мења у 4ка, туку остана на составот на Конте и со 352 играше скоро цела сезона. Во следните сезони играше со 4ка позади во различни системи, 442 дијамант со Видал напред, 433, 4231 или 442 пошто Дибала не е класична 10ка.
Не се сеќавам дека некогаш играл со неговата омилена 4312 формација пред се поради тоа што кај Јуве никогаш немаше класична 10ка односно треквартиста, ко Ериксен кај нас.

Објективно мислење, за мене Алегри е моментално најдобар италијански тренер.

Воопшто не ме плаши немањето ростер за 4231, кој па и кажал дека Алегри ќе игра така ко прво, ко второ и да игра ќе се купат 2 крила, ќе се врати Перишиќ и чао пријатно. Кај Алегри у систем можевме да го видиме Манџукиќ на лево крило, Барзаљи десен бек, Видал 10ка, Лиштајнер десно крило и слично, Квадрадо десен бек. Од таа гледна точка знам дека Алегри ќе се адаптира на тимов и на засилувањата коишто ќе бидат по негова желба.

Греота ќе биде за тимов ако се отстапи од играњето со двајца напаѓачи, Лаутаро и Лукаку играат страшно у тандем, греота ќе биде да не се искористи целиот потенцијал на Ериксен, затоа најдобар систем за нас е 4312, отсекогаш сме играле добро во ваква формација, секогаш добро ни идело коа сме имале 2ца напаѓачи у фор, уште од времето на Манчини во првиот мандат, преку Мурињо и сега со Конте. Верувам дека Алегри ќе знае што да праи со Ериксен, пошто освен Снајдер никад сме немале ваков плејмејкер у тим.

Конте и Алегри се дијаметрално спротивни тренери, првиот е ура бура тренер, вториот е мирен тактичар. Мислам дека во моментов на Интер му е подобро ура бура тренер неколку сезони, да не разбуди, да не мотивира и крене како тим, пошто спиеме 10 години, Конте е таков ама е и пичка, џабе ми се претставува како воин кога секогаш кривицата ја бара у другите. Алегри е тактичар па може и така на мирен начин да си тераме и да победуваме без да дигаме галама.

Секако на крај останува да го видиме епилогот во вторник иако мислам дека Конте е минато, доколку реши да остане ќе ја има мојата подршка секако, ама квичењата мора да престанат.
Алегри за мене е топ 3 тренер. Неверојатен тактичар.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Zosto go ispadivte od Juventus?
Официјално од двете страни (управата на Јуве и Алегри) можеш да најдеш изјави од стилот право време беше за разделба, најдобра опција за сите е да се раздвоиме, за подобра иднина на Јуве, бла бла.

Некои имаат мислење дека Алегри е испратен пошо Јуве паднал со игра и резултати у последната сезона на Алегри, почнал да покажува знаци на опаѓање па затоа се разделиле. Паднале со мотивација после толку освоени титули по ред, па потребна била промена на тренерот. Досаден фудбал играл, не го ваѓал максимумот од Дибала, Роналдо и тако даље.

Мое мислење, Алегри бараше големи промени во тимот за да остане. Виде колку е саат со таа средина што ја имаше Јуве, и бараше револуција. После доаѓањето на ЦР7, се стремеше кон освојување на ЛШ, ама со Кедира, Емре Џан, Матуиди, Де Шиљо и остали од оваа клапа тешко тоа. Сериа А да, ама ЛШ у никој случај. Паметен е Алегри да го воочи ова. Управата не се согласи и се сврте кон потрчко тренер кој ќе работа со тоа што ќе му биде дадено = Сари, кој уште од старт изјавуваше на пресови дека не го интересира трансфер пазарот на Јуве, не е тоа негова работа и слично, што уште повеќе алудираше на тоа дека никој ништо него не го прашува кога се у прашање нови играчи. Е сега годинава одкако виде како игра овој тим на Јуве изгледа ја воочи грешката Ањели, и мислам дека Пирло ќе има збор околу трансферите. Ете и почна чистката малце по малце. Матуиди отиде, Кедира и Игуаин се следни, се најавува и Де Шиљо, Бернардески и Рамзи можеби.

Алегри би бил најдобро нешто шо може да му се деси на Интер. Не покажува игра мелем за очи, ама резултати ќе има. И нема да плаче по пресови ко овој. Ќе извади максимум од играчите што ќе му бидат на располагање.

That being said, се надевам дека ќе го задржите Конте. :)
 
Член од
6 април 2014
Мислења
5.137
Поени од реакции
6.585
Procitav nekade deka inter i konte ke se spogodile za razdelba od 6M evra a Alegri ke podpisal za godisna plata od 7M.

Ima nesto tocno vo ovaa?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.668
Поени од реакции
59.773
Јас како задолжен од страна на управата за составување на договорот, и Бене како преведувач, можеме да потврдиме дека има вистина во гласините.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.253
Поени од реакции
10.342
Се посилни се шпекулацииве за заминување на Брозович. Еден од оние у тимов на кои може да се извади сума, а би биле лесно заменливи. Веројатно и од таму инвестицијата во Тонали. Само искрено се надевам дека конечно ќе се фатат со чистка на оние кои треба, како Гаљардини, Кандрева, Весино итд.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.593
Поени од реакции
13.963
На Видал му е соопштено да си бара нов клуб, така да Интер хере ви гоу :icon_lol:

Брејс јорселф и сапуницата Лаутаро се враќа на екраните :kafence:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.984
Поени од реакции
23.948
На Видал му е соопштено да си бара нов клуб, така да Интер хере ви гоу :icon_lol:

Брејс јорселф и сапуницата Лаутаро се враќа на екраните :kafence:
Сега да се паметни Интер, шо го ебам и нека си прави "Here we go" во Коло Коло.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.685
Поени од реакции
7.363
На Видал му е соопштено да си бара нов клуб, така да Интер хере ви гоу :icon_lol:

Брејс јорселф и сапуницата Лаутаро се враќа на екраните :kafence:
Od Nejmar i Mbape na Lautaro Li padnavte? ;)

Mi go spotrebal Vidal, koa Konte kje si fakja patot.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.593
Поени од реакции
13.963
Сега да се паметни Интер, шо го ебам и нека си прави "Here we go" во Коло Коло.
Да, али Контарот го сака, а дури и да го смените со Алегри и тој би го зел во тим, видеќемо.
Автоматски споено мислење:

Od Nejmar i Mbape na Lautaro Li padnavte? ;)

Mi go spotrebal Vidal, koa Konte kje si fakja patot.
Прочитале на форумов дека Лаутаро е гига, ултра јак и решиле по него да одат, не можам да ги убедам дека не вреди за парата :D
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.120
Поени од реакции
9.068
Нека го клонираат Барела на секоја позиција и покриени сме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom