Rafael Hernández (španski novinar): "Gallardo ili Pochettino, nijedna druga legitimno odlična opcija nije dostupna Barceloni trenutno." "Rangnick, Negelsmann, Ten Hag i Klopp bi bili nevorovatni,...
www.facebook.com
Одлично објаснето.. Нагелсман, Клоп, Гвардиола во моментов се нереални и недостапни опции, Тен Хаг е веројатно достапна опција, меѓутоа времето е кратко, проблем е јазичната бариера, и не знам колку е паметно да се носи во ваква ситуација каква што е клубот. Чави ќе биде тешка глупост и самоубиство, и за клубот и за него, и е супер што одбива, не е моментот за него. Остануваат како интересни и достапни опции Покетино и Гаљардо и изборот мораше да биде на еден од овие, а не на Куман, кој сепак не е така лоша опција затоа што е далеку поголемо име од Валверде и Сетиен со неспоредливо поголемо искуство и знаење и како тренер и како играч, ама самиот факт што целата гарнитура остана, со се Абидал за кој се најавуваше отказ, не ветува воопшто и тие причи за голема чистка се знак прашалник, затоа што истото и за Абидал се пишуваше.
Греота е Меси да остане во една ваква ситуација и да ги потроши последните години од кариерата за ништо, колку само повеќе можеше да направи и он и клубот.. Ама па од друга страна и греота е да си отиде во ваков момент, би бил испратен на најлош можен начин после све што направи низ годиниве.
Околу играчкиот ростер и трансферите, огромна грешка ќе биде пазарење на играчи за големи суми, од типот на Лаутаро, за кои е знак прашалник дали и колку ќе се снајдат и колку се уклапаат во тимот, како што се правеше низ годиниве со Дембеле, Кутињо, Гризман, потребна е сериозна чистка и стабилизација, и конечно со некаков концепт да се тргне. Единствено што Куман би знаел што сака да игра и би имал замисла во глава ми дава некоја надеж дека нема дотолку да ја оплескаат и овој трансфер-период, ама колку ќе му дадат слобода е прашање. Ракитиќ, Видал, Умтити, Кутињо, Суарез МОРА да бидат АУТ, едноставно нема повеќе простор за нив во Барса. Пиќе и Алба ќе бидат веројатно најпроблематични, со се Бускетс кој јас би оставил и следна сезона, меѓутоа само како играч од клупа.
Не би се излетувал со менување многу на десен бек, поготово затоа што нема многу интересни опции на пазарот, па би одел со два од Семедо, Роберто и Емерсон (од Бетис) за следна сезона. Проблематична позиција е и лев бек, и ако Алаба не продолжи договор и е достапен е MUST, други многу добри опции баш и нема, евентуално Гаја од Валенсија, ама ако веќе пазарат мора Алба да напушти. Проблем е малку и штоперската позиција иако тука има неколку интересни опции, тука е и Гарсија од Сити како ефтина опција, а не би го отпишал и Тодибо кој сосема солидно се покажа при добиените шанси, и кај нас и во Шалке. Подобро да се ризикува една сезона со нив плус Ленгле и Араухо како четврта опција, во ситуација кога нема многу за трошење. Идеално би било да си отиде Пиќе, да го земат Гарсија и при евентуална продажба на Тодибо да тргнат по некој квалитетен и докажан, ама такви баш и нема многу достапни, први што ми паѓаат на памет се Шкриниар, Кулибали и Диего Карлос од Севиља, ама се ризични а веројатно скапи, во зависност од финансии би ризикувал и со Тодибо една сезона.
Во среден ред секако фали еден играч, Ван де Бек е идеална опција и ако постојат шанси да го донесат, мора финансиите да се организираат околу неговиот трансфер, ќе завршат огромна работа со него, со Де Јонг и Пјаниќ ќе бидат одличен среден ред, плус Пуиг кој може да игра и место Пјаниќ и место Ван де Бек, а триото Рики, Де Јонг и Ван де Бек се одлично long-term решение. Бускец би го задржал како замена за Де Јонг. Алења по мене нема квалитет за да игра во Барса.
Во напад, Суарез мора да си оди, нема како нападот на Барса да функционира со него во екипата, дури ни за од клупа не би го задржал. Меси мора да игра централно, како лажна деветка, дефанзивниот (не)придонес е огромен проблем за да игра како крило. Гризман е баш тип на играч кој мислам дека би се снашол десно крило со Меси лажна деветка, ќе има простор за негови влезови централно затоа што Меси пречесто ќе се извлекува, и може одлично да функционираат. Тука е и Тринкао како супер измена за двајцата. Проблем е лево, го имаме Ансу Фати ама огромен проблем е Дембеле. И продажба и позајмица се опција, ама секако би фалел плус играч, ама носење на класична деветка ќе биде тешка глупост, треба напаѓач кој се извлекува на страна, има брзина и знае со топка.
У принцип, џабе напишав волкав пост, затоа што со оваа управа, ќе ги земат Сар за беспари, ќе фукнат пари на некој играч што никако не се уклапа и нема да го играат на природна позиција и ќе отиде уште една сезона во пропаст, а со нова управа следната ќе биде уште потешко за оправање на ситуацијата