Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Се ќе е џабе ако нема играчки промени. Најстара екипа сме у Европа.
Уште после Рома требаше 2 по 2 да си одат, сега е тешко сите во еден прелазен рок.
Иста песна ќе е и следната година, ама ај.
 
Не верувам дека Куман ќе е безгласна буква.
Поважно е кога Бартомеу ќе испише избори.
Ќе е, верувај. Ко по калап ги носат, стар и мирен човек, повторно кланот ќе си игра со него.
Автоматски споено мислење:

Сигурно ќе е на барем 3 години, ела смени го после. Ќе треба да му исплата тешки милиони.
 
За разлика од претходниот, овој барем има освоено некој трофеј како тренер
 
Oд она малку што го памтам, Куман ми беше Оливер Кан тип на лик. Да не сакаш у темна уличка да го сретнеш. Не верувам дека ке биде марионета, ама и тешко дека со овој состав ке биде нешто успешен. Ме потсетува оваа ситуација на онаа од Манчестер од времето на Мојс, кога наследи истрошен тим, па почна транзиција од која тешко се излегува, со разлика на тоа што Барса го има Меси.
 
Да бидеме реални, проблемот е мноогу многу поголем од тренерот. Точно дека имавме ботови и марионети после Лучо, али клубот има проблеми во секој сектор. Во соблекувална, во управа, во финансии, во менаџмент, буквално канцер кој е раширен насекаде.

На тоа додај ја и политичката ситуација, и најди нзс. Сеа денес да го презентират Клоп, пак ќе биде исто ако некој таму горе им гарантира првотимски статус на Пике и Бускетс оти се каталонци. Џабе е се ако нема пресек, едни Чави и Иниеста се повлекоа кога видоа дека се готови, ние ќе го трпиме дволичниот Пике. Боже колку го мразам, никојпат никојпат не сум го сакал ни како играч ни како личност, одвратен е.
 
Нема тренер што ќе ги премести на клупа овие горе што си ги спомнал, уште помалце па Серги Роберто.
Тој што му дал договор на Серги Роберто со услов 70% од утакмиците дека ќе игра, тој е за тепање :)
 
Нема тренер што ќе ги премести на клупа овие горе што си ги спомнал, уште помалце па Серги Роберто.
Тој што му дал договор на Серги Роберто со услов 70% од утакмиците дека ќе игра, тој е за тепање :)
Кај има таков договор бе, што ти е?
 
Кај има таков договор бе, што ти е?
Има таков договор иначе, зашто мислиш Семедо го јадеше на почетокот кога дојде?

На Семедо договорот е да се исплатат бонуси после незнам точно колку полувремиња изиграно и као поштено секоја утакмица замена беше.

Видал има исто глупа клаузула, после исто незнам точно колку утакмици изиграно клубот треба по 2-3 милиони да му исплаќа, што нели лани имаше дубари дека не му ги исплаќале и имаше закани од него дека ке иде на суд и ке си замине од клубов.

Роберто после голот со ПСЖ го ставија 4-ти капитен и му понудија нов договор со откупна клаузула 500 милиони евра и да игра на 70% од утакмиците без разлика која позиција.

Па после зашто тоне клубов. :)
 
Следнава сезона може да биде една од најлошите во историјата. Со истиот состав и Куман како тренер прашање е дали ЛШ ќе обезбедат, па и подобро е да одат ЛЕ според мене, доста се трауми додека не се оправи клубот.

Нова управа на 15 март, Куман е на 2 сезони, така да ако го шутираат ќе треба само една сезона да му исплатат. Па тогаш евентуално би била големата чистка и Чави како тренер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom