А кога рушеле трансфер рекорди Реал, Јунајтед, и останатите пред 50+ години тогаш парите ништо не правеле
Легендата на Реал Мадрид, Ди Стефано, тргнал од Аргентина да потпише за Барселона. Челниците на Барселона со месеци преговарале со него, оделе во Аргентина и се обиделе да го доведат во свои редови.
Човекот трга со брод за Барселона. Бродот е пресретнат од луѓето на диктаторот Франко, Ди Стефано за уши и во Мадрид. Останатото е историја.
Фудбалот, освен ако не извадиш четири камења и ги ставиш на улица, играјќи до онесвестување, од '30-ти години на минатиот век, горе-долу е игра на моќ.
Моќта тогаш, како во случајот со Франко е манифестирана на чист начин, чиста сила и наметнување волја, сега во 21 век моќта се манифестира со пари.
Продолжете сега со ,,вештачки" и ,,природни" клубови.