UEFA Champions League [2019/20]

  • Креатор на темата Креатор на темата LostParadise
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го крене овогодишниот Uefa Champions League трофеј во Istanbul ?

  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Овие муабети ми се најјаки, не ги знаеле дека постојат у Париз, да бе у Париз населението во ова време навива за ФК Париз од 30та лига или за Булоњ или Ред Стар. Секако.

Факт е дека Сити и ПСЖ се пластика во денешно време, што не значи дека ќе бидат пластика и за 30 години ако продолжат вака да бидат битен фактор у фудбалот. Манчестер Сити јас веќе не го ни гледам како пластика, ко што кажа Фросе делуваат попрофесионално од ПСЖ. Исто ко Челзи што го сметавме за пластика до пред 10 години. Никаква историја немаат ни Сити ни Челзи да бидеме искрени, освен што постојат 100 години а ПСЖ 50, никад не биле фактор у Англија и светот.

Голем дел од ``нашиве`` клубови истотака биле пластични своевремено, кога почнувале да се издигнуваат во одреден период од својата историја, ама останале да бидат големи и денеска не ги гледаме ко такви, пластични. Мада друго време било пред 50 години друго е сега.
 
Во што е глобален бренд ПСЖ живти мајка? Во Париз не ги знаат дека постојат :facepalm:
Точно, освен 5-6 клубови све друго е колку да се брои, да не бидат сами на светот!
Што се 17 години за историјата на фудбалот?
Не форсирам ради Јунајтед, ама светот е инертен. Можеш да се окозиш и да имаш успеси и квалитет, ако немаш историја и име малку го интересира народот тоа. За жал брендот тежи многу повеќе од моменталниот спортски успех!
Сега има многу ако, Челзи имаше среќа да анимира нација(Русија) која е доста фудбалска, плус беше клуб со историја и пред Абрамович. Сето тоа го издигна да се котира високо. За жал ќе си ја носи титулата прва пластика, иако не е баш точен називот;) Сити е хендикепиран од страна на инвеститорите, пари имаат ама немаат фан база од инвеститорите. Иако со солидна историја нема да има некој осетен скок на листата на најпопуларни, освен ако не зареди 10 години да освојува ЛШ за ред. Оќеле нејќеле ќе си го трпат називот пластика:cautious: ПСЖ е утепан во двете категории, нит историја, нит фан база како подршка од кај инвеститорите, горе спомнав ни во Франција не се нешто популарни.
Тебе може ти е важно откако си дознал дека твојот клуб има историја па сега ќе го збориш тоа против сите други кои немаат некоја толку богата историја. На просечниот фан, и посебно оној кој сега почнува да гледа, ич не му е гајле. Убаво е тоа, ок. Ама еве Челзи од 1905 до 1955 секоја сезона да биле шампиони на Англија, какво значење ќе ми има тоа мене сега доколку не можат ни во ЛШ да влезат или не се ни во прва лига? Битни ми се моменталните успеси затоа што сакам јас како фан да ги доживеам. Не ми значат многу тие што не сум ги доживеал лично. Тука се само за да ги спомнеш во муабет. Пак, нормално дека си има тежина, ама најбитно е тоа што го прават во моментов, сега живееме и гледаме, не во минатото.

Иначе не сум гледал, ама сигурен сум дека Челзи има повеќе фанови во Азија и Африка него во Русија конкретно. Просечниот фан ништо чудно и да не знае кој е газдата на клубот.

ПСЖ последниве години ептен ја имаат зголемено вредноста на брендот. Ако не ви е јасно тоа...
 
Никој не е минус но го држи тимот ради забава и кејф, не си прајте бајрам на умот.

Се тоа е бизнис.
 
Овие муабети ми се најјаки, не ги знаеле дека постојат у Париз, да бе у Париз населението во ова време навива за ФК Париз од 30та лига или за Булоњ или Ред Стар. Секако.

Факт е дека Сити и ПСЖ се пластика во денешно време, што не значи дека ќе бидат пластика и за 30 години ако продолжат вака да бидат битен фактор у фудбалот. Манчестер Сити јас веќе не го ни гледам како пластика, ко што кажа Фросе делуваат попрофесионално од ПСЖ. Исто ко Челзи што го сметавме за пластика до пред 10 години. Никаква историја немаат ни Сити ни Челзи да бидеме искрени, освен што постојат 100 години а ПСЖ 50, никад не биле фактор у Англија и светот.

Голем дел од ``нашиве`` клубови истотака биле пластични своевремено, кога почнувале да се издигнуваат во одреден период од својата историја, ама останале да бидат големи и денеска не ги гледаме ко такви, пластични. Мада друго време било пред 50 години друго е сега.

И на ПСЖ им се смееја пред да ги купи Арапот, па ете сега што се...
ФК Парис исто така го купуваат некои Шеици, Арапи, но не целосно, туку само дел од акциите.
Моментално Парис е во втора лига, а доколку се инвестира паметно, за неколку години, би можел тимот да го достигне успехот на ПСЖ.

Парите денес сé прават.

Кога ќе ми текне само каков тим беа Челзи и Сити, додека не ги купија милјардерот и Арапот...а сега се едни од најдобрите вештачки тимови заедно со ПСЖ.
 
Тебе може ти е важно откако си дознал дека твојот клуб има историја па сега ќе го збориш тоа против сите други кои немаат некоја толку богата историја. На просечниот фан, и посебно оној кој сега почнува да гледа, ич не му е гајле. Убаво е тоа, ок. Ама еве Челзи од 1905 до 1955 секоја сезона да биле шампиони на Англија, какво значење ќе ми има тоа мене сега доколку не можат ни во ЛШ да влезат или не се ни во прва лига? Битни ми се моменталните успеси затоа што сакам јас како фан да ги доживеам. Не ми значат многу тие што не сум ги доживеал лично. Тука се само за да ги спомнеш во муабет. Пак, нормално дека си има тежина, ама најбитно е тоа што го прават во моментов, сега живееме и гледаме, не во минатото.

Иначе не сум гледал, ама сигурен сум дека Челзи има повеќе фанови во Азија и Африка него во Русија конкретно. Просечниот фан ништо чудно и да не знае кој е газдата на клубот.

ПСЖ последниве години ептен ја имаат зголемено вредноста на брендот. Ако не ви е јасно тоа...
Се сложувам со твојот став, јас иако фан на Јунајтед, саглам почнав да се интересирам за нив откако дојде Ферги и почнаа успесите. Инаку станав фан после нивното прво освојување на тогашна КШ и читајки за крашот на авионот. Тогаш повеќе Ливерпул го даваа на телевизија, Јунајтед или Челзи еднаш ако успеат да играат во Лига куп во финалето, толку! Зборам за периодот 70 и некоја до средина на 80 сти. После тоа веќе форматите на лигите станаа како денешниве и со појава на кабелските посебно, друга димензија стана! Порано фудбалот покрај комерција беше повеќе мерење, кој е по.... Сега е обратно, прво пари после се друго. Единствено кои не трзаат на пари туку сакат да покажат кој се, се баш тие клубови во кои влегоа огромни инвестиции! А такви дали се десетина клубови!
Што се однесува до фан базата, хе хе, азијатите кои навиваат за Јунајтед дали знаат 3-4 играчи од прв состав, ама важно купуваат дресови, сувенири, полнат стадиони на турнеи.... Дури и не знаат дали Јунајтед е шампион таа година или не, битно е они се у тренд и навивачи на фудбалски бренд. Исто е и со другите, Јунајтед како пример го дадов.
Јас разбирам дека ПСЖ ја зголемил вредноста, од 14 место рипнал на 10 место. Не е спорно тоа, ама до топ бренд ќе поработи малку или малку повеќе ;)
 
Ајде...вечер гледајте ги копачите на Чоло....Природно 100 %....А утре најголемиот клуб моментално како губи од Барса(бидејќи сите гледаме моментален фудбал а не натпревари од пред 10 и повеќе години)...

ПС...Ибрахимовиќ во Псж беше ради пари(и ништо не придонесе за клубот) а у Ман Јунајтед ради љубов, традиција, успех,спорт, музика (y)....
 
Имам дрес од Њукасл, и после некои коментари тука некако шубе ми стана што ми е дел од колекција... ако арапот ги превземе стануваат пластичен клуб?
 
Никој не е минус но го држи тимот ради забава и кејф, не си прајте бајрам на умот.

Се тоа е бизнис.
А кога рушеле трансфер рекорди Реал, Јунајтед, и останатите пред 50+ години тогаш парите ништо не правеле (y)
Од секогаш парата си имала улога во спортот, особено во фудбалот! Само формата на вреднување е сменета, реално појма немаме што прават шеиците и тајкуните со истурање на парите во фудбалот!Јасно е дека влегуваат во системот и имаат план, каков веќе гледаме, Русија и Катар добија СФецко, ставање на мапа на нивните инвестициони фондови и што уште не ....
 
Кој носи дресови од Сити и ПСЖ, освен ќерки/синови на возрасни фанови на тие клубови? Какви се овие глупости?
Реалноста е дека ако излезеш на улица ќе сретнеш барем 2-3 деца со дрес на псж, од Нејмар и Мбапе нормално, а 0 од Баерн. Се менуваат времињата, а Баерн кај нас никогаш и не бил многу омилен тим, се брукаш како и стално.
 
Имам дрес од Њукасл, и после некои коментари тука некако шубе ми стана што ми е дел од колекција... ако арапот ги превземе стануваат пластичен клуб?
Не се плаши, нема да станат пластика ;)
 
Реалноста е дека ако излезеш на улица ќе сретнеш барем 2-3 деца со дрес на псж, од Нејмар и Мбапе нормално, а 0 од Баерн. Се менуваат времињата, а Баерн кај нас никогаш и не бил многу омилен тим, се брукаш како и стално.
Има податок на интернет, турнаа рекорд по продадени дресови лани мислам беше.
 
Од секогаш парата си имала улога во спортот, особено во фудбалот! Само формата на вреднување е сменета, реално појма немаме што прават шеиците и тајкуните со истурање на парите во фудбалот!Јасно е дека влегуваат во системот и имаат план, каков веќе гледаме, Русија и Катар добија СФецко, ставање на мапа на нивните инвестициони фондови и што уште не ....
Кај шеиците е битен ПРЕСТИЖОТ. си ги мерат куровите со европките гиганти и тоа им успева реално. "Мртви"клубови ги направија стабилни институции.
За разлика од олигарсите и богатите компании на шеиците им тече нафта у двор, буквално. Имаат загарантиран милионски профит. Треба чудо да се деси и нафтата да стане небитна за шеиците да осетат зорт.

Има огромна разлика.
 
А што Абрамович од ајвар правење му се парите, исто и он нафта експлоатира! Исти миленко е, само место чаршав одело носи!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom