ГраЏанската елита е во паника токму поради тоа што преку гласот на Апaсиев, резонира сиот бунт на една нова генерација и потиснат народ!
Вака да ви нацртам: Вие сте директни виновници за запустувањето на цели генерации, кои пак сега се будат и кај нив повеќе не фаќа вашиот „фарисејски (соросписки) квас“. Сето она што сте го криеле сега се открива, сето тајно и злобдно веќе е узнаено. Го изгоревте обичниот човек а сега неговиот оган, вашите темнини ги извади на виделина - го убивте телото ама не и вистината/идејата! И сега во паника се чудите како младите Апасиева го восприемале како рок ѕвезда!?
Епа господа, џезот заврши време е за рок, факелот е запален и мир нема да има ами само раздор - на ВИЕ и НИЕ. Зошто, отсега петмина, во една куќа, ќе бидат разделени: тројца против двајца, двајца против тројца; ќе се разделат: таткото против синот, и синот против таткото; мајката против ќерката, и ќерката против мајката. Едноставно, младите го препознаваат времето, оти ни најсилните војски не можат да ја запрат идејата на која и е дојдено своето време. А вам времето ви истече, и нема да видете бел ден се додека не ја дадете и последната лепта!