Трансферот се води како 0 евра, Интер не потрошил ни денар за Санчез коа ќе треба да се правда во УЕФА. Манчестер добива 0 евра во ФФП извештаите, од друга страна заштедува 40 милиони евра за 2 годишни плати што би требало да му ги плаќа на Санчез доколку овој решеше по секоја цена да остане односно да не се откажеше од платата. Алексис и Манчестер го раскинале договорот спогодбено, без оштета, односно Санчез поднел оставка у Јунајтед.
Санчез ќе си земе 20 милиони за 3 годишен договор у Интер, со тоа што ќе игра фудбал и нема да дреме на трибини. Ништо чудно и да е договорен со кинезите да игра кај нив после истекот на договорот со Интер.
Интер не губи ништо со ваквиот трансфер, баш напротив. Ми е гајле за даноци и слично, тој е вкалкулиран трошок и не игра никаква улога. Ај сеа тоа ќе глеаме, даноци кој колку плаќа, па бруто плата, па пензиско осигурување, па дали на рака зима пари некој, бог да чува.
Ок ајде нека биде генијален потег на Вудвард, играч што си го `платил` 35 милиони (ок знам дека беше трампа со Миктаријан, ама на документ се води као потрошени пари) му даваш 20 милиони година плата, после 1.5 година го даваш на позајмица за која му плаќаш 70% од платата, по истекот на позајмицата го пушташ да си иде за 0 евра. Брилијантна работа.
А тоа дека е стар, истрошен, умрен играч може некој само од инат да го збори, тоа што потона у канцер средината каква што е Манчестер не го праи лош играч, ни малце.