- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.164
- Поени од реакции
- 4.728
- Возраст
- 29
Прашање е каква формација планира Тетовче, ама од тоа што го имаме, мислам дека ќе останеме на 3-4-3, Велковски, Најдовски и Наумчевски би биле стартери. По страните очекувам Попзлатанов да биде редовен десно, енигма е левата страна, за прво коло мое мислење е дека би стартувал Реџепи (иако е везњак, може да покрива и таму), во средина би играле Мицевски и Најденов, а во нападот Блажевски, Цветановски и Колевски. Филип Петковски не верувам дека би бил стартер и ќе биде претежно играч од клупа. Очајно фали уште еден штопер и лев бек, играчи за ротација во моментов се луксуз така да за тенкиот состав нема да навлегувам.. Ако си отиде уште некој од првотимциве, сме во огромни проблеми, мада искрено, не му ја мислам многу за составот со оглед на ситуацијата, лигава и онака е преслаба и со ваков состав можеме лесно до опстанок. Не знам кои од младинците сигурно остануваат, по страните може да игра и Давид Велковски ама негде ко да прочитав дека и он си отишол. Од новиве генерации што ги вклучија, појма неам што играчи има и дали има некој интересен што би можел да добива поголема минутажа.