Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Прегледај го приврзокот 260470
Редици, колони на вардарци чекаат да влезат на Градски стадион, игра ФК Вардар, празник е!
Полн градски парк, се è црвено-црно, од младо до старо, од сите делови на Скопје и Македонија..

ФК ВАРДАР МАКЕДОНСКА ГОРОДОСТ - ФК ВАРДАР ТОА СМЕ НИЕ!
ВАРДАР НА НАРОДОТ И ГРАЃАНИТЕ!
ЕДЕН ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ ВАРДАР!

Ќе се бориме, за овој гигант повторно се вивне во височините..

Се е минливо само ти си вечен! ⚫

НЕ МОЖЕ ДА УМРЕ НЕШТО ШТО НЕ УМИРА!
Прегледај го приврзокот 260471

ЕХ МОЈ ВАРДАРЕ

Извадок од "Монографија 40 години ФК Вардар"
Прегледај го приврзокот 260472

Ладо Јакше, меѓународен фудбалски судија од Љубљана:
„Градот на Вардар беше за мене голем предизвик. Се воодушевував од неговите убавини. Тешкиот земјотрес во 1963 година го разурна градот. Уште во урнатини, само неколку недели по катастрофата, дојдов да го судам првиот натпревар по земјотресот меѓу Вардар и Динамо од Загреб. Уште луѓето живееа на улици, по шатори, но масовно дојдоа на натпреварот, кој покажа дека Скопје е живо и дека Вардар продолжува да ја пишува својата богата историја.
Кога по неколку години пак дојдов во Скопје, солзи радосници ми надојдоа. Ги снема урнатините, изникна нов убав град, а фудбалскиот клуб Вардар брзо чекореше кон врвот.“ линк
Колку убави времиња. Цело Скопје и Македонија обединети за една работа, сите оделе на градски без разлика на сталеж, образование, средина на живеење, возраст. После само неколку недели од земјотресот а народот пак не го оставил клубот, немале покрив над главата но игра Вардар. Луѓето од страна со коли, со други превозни средства оделе во Скопје да го гледаат Вардар. И општо надвор од Ф.К.Вардар тоа биле убави времиња(иако ни најмалку не сум југоносталгичар) луѓето биле сплотени како браќа, немало емигрирање и биле тука од 7 до 77, едноставно живееле нормален живот во местото каде што се родени и биле дел од тоа што навистина се.

Денеска знаеме сите како е, половина народ на страна, народот не го цени своето и слави туѓо, се срами од своето, ако си пак надвор од Скопје не можеш ни вистински да ја доживееш магијата, додека си дете немаш денар да отидеш да гледаш утакмица, да најдеш некој што ќе сака да оди за утакмици на домашно првенство е исто како да си открил нафта, подоцна заминуваш од државата и пак не си дел од тоа што се чуствуваш.

Малку оф топик ама тоа е.

Да се надеваме дека идните генерации ќе доживеат поубави времиња, дека некогаш пак ќе го полниме градски, дека пак ќе бидеме браќа едни со други и Вардар ќе ни биде пред се.

Вардар, тоа сме ние.
Автоматски споено мислење:

FB_IMG_1595855287805.jpg

Има ли теоретски шанси, утакмиците од после август да се играат со публика?
 
Последно уредено:

Прегледај го приврзокот 260488

Има ли теоретски шанси, утакмиците од после август да се играат со публика?
Нема шанси ради ТВ правата ќе се утепаат од лапање пари лешинарите од ФФМ.
 
Частам ручек во кафана по избор за тој шо мисли дека може да заврши работа за некако да се влезе на 13.09 со Слога :D

Ако биде се како шо треба де, ситуацијава не била покритична никогаш, никој ништо не превзема како да е се во најдобар ред.
 
Најново инфо
Останува Самс засега ..
Буџет 500 милиони евра тренер Васовски , ако е утеха не е најлошото сценарио да пропадне клубот иако вака пак е неизвесна иднината .
 
Најново инфо
Останува Самс засега ..
Буџет 500 милиони евра тренер Васовски , ако е утеха не е најлошото сценарио да пропадне клубот иако вака пак е неизвесна иднината .
Дај боже да беа 500 милиони :D
 
Најново инфо
Останува Самс засега ..
Буџет 500 милиони евра тренер Васовски , ако е утеха не е најлошото сценарио да пропадне клубот иако вака пак е неизвесна иднината .
problemot e sto ovaka verojatno samo se odlozuva stecajot, pa prasanjeto e sto e podobro, dali klubot vednas da se restartira ili da ima macenje uste godina dve i posle toa sepak da sledi stecaj. sekako najdobro bi bilo izmegu da se pojavi nekoj spasitel, no mislam deka sansata e se pomala i ovaka samo se gubi vreme.
 
Баш да видиме кој ќе се појави на прозивката
 
Легнаа 150,000,000 денари на сметка или се чека до петок, тогаш ќе се знае?
Баталете сеа парите имате нова занимација додека бадијалџите тука (y)
Еве сеа најново инфо за Сергеј дека ќе остане и оваа сезона, имате сеа материјал за заговори колку ви душа сака :pos:
Само небото знае какви се конструкции и теории на заговор ќе смислите :vozbud:
 
ОК...Терај.
 
Рачно да не ги бројат парите у НБРМ?
Може по 10 денарки биле се....
 
„Никола Глигоров ќе му помага на Васовски но не е исклучена можноста тој да се реактивира и да помага доколку не се закрпи дупката во средниот ред на тимот. “ :D

Ако ништо друго, со ваква одлука добиваме барем на време и избегнуваме тотален колапс со избацување во најнизок ранг, ама ништо не сме решиле. Ако не се изнајде решение до декември на зима истите стравови ќе не снајдат...
 
За тим кој ќе има опстанок во прва лига можеби требаат уште 500.000 еур, сите бегаат како пичици и тоа е тоа. Битно Самсоненко е виновен, голема работа ако переше пари тука. Нека ги пере сега во Монако, Русија и сл. Ебате пациентите, човекот направи повеќе за Вардар од сите гарнитури кои го водеа од осамостојувањето и му се накачија сите наши пијавици. Вардар ги има сите услови да создава добри млади играчи, ваков буџет е можеби најдобро решение да се тргнат сите молзатори околу екипата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom