Дечки од денес официјално спаѓам во групата на излечени граѓани од корона вирусот. Ќе пробам да опфатам се од првиот до последниот момент како пројдов, во случај некој во иднина ако заболи да знае како да се однесува.
На 4 јули, сабота, брат ми качи температура 39 и имаше болки во грлото. Му се јави на матичниот, му рече да почека ден два за да видиме како ќе се одвива ситуацијата. Јас тој викенд бев кај девојка ми, а последен контакт со брат ми имав во петокот, четвртокот воопшто се немавме видено, средата исто имавме контакт.
Понеделникот, на 6ти јули кренав температура, негде 37.5 проследена со лесна грлоболка. Отидовме на лекар заедно, кај ист матичен сме инаку, и ни даде амоксиклав и не упати да се тестираме за секој случај иако клинички немавме наоди за корона според него. Да кажам дека вечерта добив и пролив и со тоа се ебавав 2-3 дена.
Средата, 8ми јули, се тестиравме јас и брат ми и тестовите излегоа позитивни. Утредента ни издадоа решенија за самоизолација преку Вибер, и плус ни се јави епидемиолог да ни прави анкета. Тука можеш да лажеш колку сакаш, не ги боли многу уво, и нагласив едно 900 пати дека сум имал контакт со девојка ми и брат и, таа само девојка ми ја запиша. Жива среќа совесни луѓе се па си седеше и он дома 14 дена без решение без ништо. Од работа кај мене во четвртокот се тестираа сите и сите беа негативни за среќа. Се тестираше и еден комшија со кого играв серва во средата на први јули, и он испадна негативен.
Од друга страна се тестираа двајца другари на брат ми, двајцата позитивни. Четвртокот, 9ти јули мајка ми ја тестираа во Чаир, петокот 10ти татко ми во Куманово.
Мајка ми го доби тестот уште утредента, позитивна беше, татко ми чекаше до понеделникот и да не се јавеше на 500 броеви немаше да го известат. На крај испадна дека заборавиле да му се јават..., кул стори бро.
Мајка ми и татко ми беа без симптоми и се уште се, јас и брат ми тоа што го пишав погоре ни траеше 2 дена. После тоа немавме ништо и скроз лесно го поминавме вирусот. Е сеа јас ви кажувам за луѓе што го протерале вирусот со најлесни симптоми, не можам да кажувам за тие што залегнуваат или завршуваат на респиратори. Пиевме 5 дена амоксиклав, цинк, селен, Ц витамин, Б витамин и апчиња со лук кои си ги пиеме и онака пошо се здрави.
После амоксилавот останавме на витамините.
Кога ми ја правеа анкетата ми рече докторката да ја потсетам 2-3 дена пред да пројдат 14 дена од првиот тест за да ни закаже тестирање.
Ај ок, и пишав порака, ми врати дека ни е закажано на 22 јули, среда, тестирање. Јас испаднав негативен, брат ми позитивен. На моите им закажаа тестирање во петокот, 24 јули, впрочем кога го правев и вториот тест. Еве јас имам резултати за вториот тест, моите се уште немаат, искрено немам коментар. Тотална неорганизираност и хаос, не се знае кој пие кој плаќа. Па ај ако не нека седат 2 месеци дома, да ви ебам матер.
Скроз сум разочаран од институциите, разбирам дека е хаос и све тоа, ама да забораваш да закажеш тестирања на пациенти, да ги праќаш во друг град да се тестираат, организираност нула. Брат ми што кажа еден другар дека биле во контакт кога му се јавиле да му прават анкета рекол дека лажел брат ми. 
Јас нели петокот правев втор тест, праќам порака на таа од ИЈЗ, никаков одговор, морав до денес да чекам, инаку рекоа утредента ќе имаш резултати, т.е. саботата.
Е сега околу двајцата другари на брат ми што беа позитивни, со нив се тестираше и татко им како близок контакт, он беше негативен али остана 14 дена во изолација за секој случај. Некни се тестираа и он и жена му, он позитивен а жена му негативна, а заедно спијат, јадат, све праат.
Девојка ми и брат и седеа 14 дена во изолација, се тестираа и ги добија денес резултатите, негативни на вирусот и негативни на антитела. Логиката овде ја гледам во тоа да не сум бил во можност да заразувам се до понеделникот на 6 јули, пошо нели до неделата бев со нејзе. Нели вирусот има и време на инкубација и слично. А ситуацијава со родителите на другарите на брат ми не ми е јасна...
Така да тоа е тоа што се тиче корона, не е страшно, ама ова го збори човек со екстра лесни симптоми, така да не сум скроз релевантен пошо не сум видел лошо од ова, а и нејќам искрено.
Многу ми е мерак што не испадна некој куршлуз од ова и што не заврши некој во болница. Пазете се, носете маски кај што треба да носите и максимално избегнувајте контакти со луѓе, собиранки и слично. Идам сеа на воздух малце, да осетам што е слобода.