Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Апасиев со половина од неговата реторика да ја водеше ДПМНЕ за овие избори, сеа ќе имаа 61+ пратеници а Заев, Димитров и пола раководство на Сдсм ќе бараа политички азил по Грција, Бугарија и други земји :D
A како да излезат со онаа реторика кога газот им е валкан? Би изгледало гротескно Мицко да зборува за патриотизам.
 
Последно уредено:

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.740
Поени од реакции
7.992
Тоа е тоа, вмровски и сдсмовски портали. Цел живот од партии зависат, затоа не доведоа до такво дереџе... заради лични интереси.

Се плашат од Апасиев оти им го плеска, ама ако... следните избори одиме уште појјако!
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.669
Поени од реакции
3.605
Тоа е тоа, вмровски и сдсмовски портали. Цел живот од партии зависат, затоа не доведоа до такво дереџе... заради лични интереси.

Се плашат од Апасиев оти им го плеска, ама ако... следните избори одиме уште појјако!
A кога пишуваа за него се во суперлатив, тогаш какви беа?
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Сега за сега само еден е таков, сите го знаеме, овој над мене.
Јас приметив и уште еден-двајца, а на социјални мрежи еден куп, посебно југоносталгичари и русофили. Али јебига, во моментов се создава база на гласачи, троа популизам не е на одмет. Апасиев го има сиот луксуз да игра валкано, се му е простено додека ги пердаши вмро-сдс полтроните и зборува за теми кои што до вчера беа табу, се збореа само уз кафе.

Мене лично императив ми е да ги укине приватните универзитети и да воведе приемни испити. Денот кога тоа ќе се деси ќе го земам за куќна слава :D
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Уште си тука?
Остави го човекот на мира, на норма е, а има фамилија за ранење. Нека си напиша што треба, ионака никој од таквото не го удира.
 
Последно уредено:

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.175
Остави го човекот на мира, на норма е, а има фамилија за ранење. Нека си напиша што треба, ионако никој од таквото не го удира.
Хахахаха,сеа ќе ми пише,оди сецкај салата,не се мешај у политика.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Мислам дека не е некоја тајна, тоа се истите што седеа дома без работа и примаа плата, па пред некое време се формираше некое ново министерство каде го ставија оној еколошкиот министер Дураки, и сите овие ги вработија таму, всушност пак седат дома и примаат плата само сега и формално и по закон се регулирани како вработени.
Јас воопшто не бев запознат со ова. Разбрав пред некоја недела и никако не можев да поверувам. Уште си мислам дека е некоја лага и дека то стварно не е можно да се дешава. :icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Ми делуваш како инсајдер па би те прашал , ако знаеш , би можел да објасниш детално како настана до расколот во Левица?Бидејќи нигде во јавноства не ја дознавме целата приказна.
Денешнава структура на Левица беше за поддршка на Гога. Не ради то што се шиткаа во ДПМНЕ, туку ради то што СДС го правеа со името, јазикот и тие ствари. Можеби требаше да останат неопределени ама изгледа не можеа да си дозволат да останат апатични во случај кога едниве распродадоа се и решија да ја федерализираат државава.

Од друга страна Савевски наводно сакал да ги поддржи овие од СДС пошто 2016 Левица беше голем поборник против режимот на Грујо и во никој случај не сакале да се вратат ДПНЕ.


Во секој случај, од овој виден аспект, поделбата во Левица е добра. Но доколку Савевски и компанија не подлегнеа под закани, уцени, подкупи и го задржеа истиот став и храброст како Апасиев денес, Левица на овие избори ќе беше со барем 10-20 илјади гласа повеќе.

Во старата Левица имаше доста квалитетни кадри.
 
Последно уредено:
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Ми делуваш како инсајдер па би те прашал , ако знаеш , би можел да објасниш детално како настана до расколот во Левица?Бидејќи нигде во јавноства не ја дознавме целата приказна.
Далеку од инсајдер.
Левица беше неприроден спој на две невладини, едната „Ленка“ на Апасиев и другата „Солидарност“ на Савевски. Првиве беа релативно малку и кај повеќето од нив позадината во активизмот им беше борба за животна средина, конкретно во Велес, поконкретно - против отварањето на топилница у време на Грујо.
Солидарност беа далеку поголема група на луѓе и активизмот им беше претежно по синдикатите. Работнички права, стечајци, технолошки вишоци. Беа декор на сите протести. Секогаш пред микрофон, секогаш гласни, никогаш ефикасни.

Преку луѓето од или блиски на таа Солидарност и се почна со растурање на таа партија уште во 2016та, кога и рејтингот на Левица беше смешен, а најефтин изгледа бил овој у видеово, најгласното синдикално „куче“, кое со неговата дружина се обиде прво со штетни фракции да ја присили партијата на коалиција со СДС, па после по судски пат и да ја укине.


Пред изборите, Бранимир одбива да биде носител на Левица у прва изборна, а по изборите прифаќа да биде советник на Тевдовски. Бранимир е, исто, од таа група на Солидарност.
Останатите(од таа група на Солидарност) наоѓаат оправдување да го елиминираат Апасиев и „неговите“ за време на претседателските избори, кога он за првпат натежнува меѓу членството и успева да избутка поддршка за Силјановска, како демек испостава на ДПМНЕ. Со истите финти, со фракции, со тужби, со киднапирање на фб страната на партијата...

Тука има многу прикаски и пикантерии, ама на крај заклучокот е дека Апасиев знае да плива. Не е како Љубчо, зелено детиште со ветар во грб. За секоја педа релевантност се има изборено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom