Ми делуваш како инсајдер па би те прашал , ако знаеш , би можел да објасниш детално како настана до расколот во Левица?Бидејќи нигде во јавноства не ја дознавме целата приказна.
Далеку од инсајдер.
Левица беше неприроден спој на две невладини, едната „Ленка“ на Апасиев и другата „Солидарност“ на Савевски. Првиве беа релативно малку и кај повеќето од нив позадината во активизмот им беше борба за животна средина, конкретно во Велес, поконкретно - против отварањето на топилница у време на Грујо.
Солидарност беа далеку поголема група на луѓе и активизмот им беше претежно по синдикатите. Работнички права, стечајци, технолошки вишоци. Беа декор на сите протести. Секогаш пред микрофон, секогаш гласни, никогаш ефикасни.
Преку луѓето од или блиски на таа Солидарност и се почна со растурање на таа партија уште во 2016та, кога и рејтингот на Левица беше смешен, а најефтин изгледа бил овој у видеово, најгласното синдикално „куче“, кое со неговата дружина се обиде прво со штетни фракции да ја присили партијата на коалиција со СДС, па после по судски пат и да ја укине.
Пред изборите, Бранимир одбива да биде носител на Левица у прва изборна, а по изборите прифаќа да биде советник на Тевдовски. Бранимир е, исто, од таа група на Солидарност.
Останатите(од таа група на Солидарност) наоѓаат оправдување да го елиминираат Апасиев и „неговите“ за време на претседателските избори, кога он за првпат натежнува меѓу членството и успева да избутка поддршка за Силјановска, како демек испостава на ДПМНЕ. Со истите финти, со фракции, со тужби, со киднапирање на фб страната на партијата...
Тука има многу прикаски и пикантерии, ама на крај заклучокот е дека Апасиев знае да плива. Не е како Љубчо, зелено детиште со ветар во грб. За секоја педа релевантност се има изборено.