Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
има инфо некој кои се заболениве од Прилеп?
да не се од масовните собири од Калипсо?
 
Овој одговор неколку пати го имам коментирано.
Позитивен на тест постмортално, умрен во возило на брза помош, сигурна си дека имал бронхопневмонија ??
Починат на неврохирургија после комплицирана втора операција пак имал бронхопневмонија ???
Почината на гинекологија од сепса, пак имала бронхопневмонија ???
Близок на еден од форумот починат од мозочен удар пак имал бронхопневмонија ???
И многу, многу други случаи кои немат блага веза со таа бронхопневмохија се запишани како умрени од корона само поради тоа што биле позитивни.
Сакаш да ти барам од почеток кога објавуваа конкретно како починале да дискутираме или нема потреба, сите по тебе починати до сега се со бронхопневмонија како резултат на корона.
А шо се мачам и јас да дискутирам, ме заболе стојко на крај краева, верувајте си у што сакате, беда најголема се медицинарите, две чисти да се нема, ај некој запатејко ко тенекијата и да разберам, што му се сервира се голта, али струката што е влезена у СФ филм само докажува зошто здравството ни е брука.
Му умрел пациент на операција, корона јебига.
Умрел дома додека да стигне брза помош, корона јебига.
Сега имаат огромно оправдување за својата неспособност, за се е крива корона.
Дечко, ти не дискутираш, ти си дрзок и безобразен. Секоја втора реченица ти е медицинарите се вакви, медицинарите се такви. Контролирај се малку барем, заради малиот број на исклучоци кои монентално воопшто не ги заслужуваат твоите коментари.
 
Пикса ќе се согласи со ова, он размислува со сопствена глава иако ставил неколку фамилии и животи во опасност, одејќи на планина со температура.
Ти глуп си или што е работа, најди ми мој пост кај сум пишал дека сум бил на планина со температура, ако некогаш си стапнал надвор од асфалт јасно ке ти е дека не е така лесно одење во природа па плус со температура, па плус титов врв... околу останатиот дел од напишаното и сликата треба да знаеш дека таму култура на носење маска е поради загаденоста и во услови кога нема пандемија, мислам дека утре од власта да ти кажат да стоиш на една нога така корона не се фаќа, ке дојдеш тука и ке дуваш балони како некој што стои на две нозе загрозувал живот на цели фамилији... па кога ке ми текне за ракавици каква паника се дизаше, едноставно мизерија.
 
cropped_image_l.jpg


Ок ова е една од најсиромашните нации во свет со ниско IQ, државата се вика Јапонија и они не размислуваат со своја сопствена глава затоа што немаат брилијантни умови како Миленко, Ефтов, Јанко итн, да ги посоветуваат.

Пикса ќе се согласи со ова, он размислува со сопствена глава иако ставил неколку фамилии и животи во опасност, одејќи на планина со температура.
Тоа покажува колку сме примитивни....
Не разбирам.....толку ли е тешко да се почитуваат мерките?
Јас како и сите други, одам на работа, вршам останати обврски низ град, се шетам....едноставно живеам.
Маска носам таму каде што има гужва, односно неможност да се одржи растојание...пр. маркет, институции, на работа кога не сум сам во канцеларија, состанок.....итн.
На отворено не носам маска, каде што има доволно растојание...
По пазари, молови и кафани сега не одам....има време ќе биде и тоа.
Не влегувам во широк круг на луѓе....
Битно ми е моето и здравјето на моето семејство....ама некои сакаат да глумат паметни.

Сите го сакаме стариот начин на живот но се изменија работите...тоа е, мораме го прифатиме новиот начин на живот....сега за сега.
Повеќе ми е тешко што за прв пат во животот сме затворени....како во затвор, не можеме да мрднеме во странство.
 
Вчера поминав со точак низ плоштад, може да се каже дека треба да се радуваме што има дневно по околу нови 130случаеви во цела земја. Во просек на секои 100 души, дали едвај 1-2јца да носат маски правилно .
 
Трагично....починати на 1 милион жители....споредбено ние и нашите соседи
Македонија 221
Србија 60
Бугарија 49
Албанија 44
Грција 19
Прегледај го приврзокот 260256

Чекај бе ние имаме шведскo сценарио, а таму се на 570 умрени на милион.

Сега засега нашава шведска стратегија е дури 2.5 подобра.
 
  • Хаха
Reactions: A__
Дечко, ти не дискутираш, ти си дрзок и безобразен. Секоја втора реченица ти е медицинарите се вакви, медицинарите се такви. Контролирај се малку барем, заради малиот број на исклучоци кои монентално воопшто не ги заслужуваат твоите коментари.
Те прашав нешто и чекам одговор конкретен, уопште не сум безобразен, не исправувај криви дрини, одговори конкретно и брани ги тезите што ги застапуваш.
 
Чекај бе ние имаме шведскo сценарио, а таму се на 570 умрени на милион.

Сега засега нашава шведска стратегија е дури 2.5 подобра.

Шведска пројде 2 пати подобро од нас кога ќе ги земиш во предвид двете битни работи:

- Шведска има дупло повеќе стари луѓе него Македонија во процентуална бројка

- 221 е бројка на 2 милиони жители која кажи речи е преполовена денес

Реков дека без мерки ќе поминевме подобро
 
Те прашав нешто и чекам одговор конкретен, уопште не сум безобразен, не исправувај криви дрини, одговори конкретно и брани ги тезите што ги застапуваш.
Дечко, никакви криви дрини не исправам, туку кажав дека мене ми е дегутантно, да внуката на починатиот коментира на социјалните мрежи како нејзиниот вујко не починал од корона, туку бил пијаница и имал рак на белите дробови.
 
А да прашам нешто, како бе до сега не се најде една снимка, едно видео, аудио или слика од тие што им нудат пари за да ги пишат мртви од корона? У денешно време со инстаграми, тиктокови и слично се снимаат луѓето и кога одат во ВЦ а не пак вакви ствари да не бидат .....
Демек ќе веруваш во тоа видео...

Иначе да споделам работи кои ги дознав за пандемијава кај нас.
Бројката на заразена е далеку поголема ама огромна бројка се лечат дома од доктори приватно. Има индиции дека самите доктори советуваат да седат дома и тие да им ја извршат терапијата надвор од системот, секако приватно, после кога ќе им излезе од контрола тек тогаш одат во болница.
Веќе можеш да купиш негативен или позитивен корона тест, каков што сакаш.
Не знам за вас, ама за мене ова е лесно вероватно.
 
Иначе да споделам работи кои ги дознав за пандемијава кај нас.
Бројката на заразена е далеку поголема ама огромна бројка се лечат дома од доктори приватно. Има индиции дека самите доктори советуваат да седат дома и тие да им ја извршат терапијата надвор од системот, секако приватно, после кога ќе им излезе од контрола тек тогаш одат во болница.
Добро утро Македонијо :ROFLMAO:
 
Вчера поминав со точак низ плоштад, може да се каже дека треба да се радуваме што има дневно по околу нови 130случаеви во цела земја. Во просек на секои 100 души, дали едвај 1-2јца да носат маски правилно .
А бе дај не треси, на плоштад си поминал не носеле маски правилно, тоа бил проблемот и било супер што имаме малку заболени.
Кафичине кркљанац без маски на преблиска дистанца, маските на плоштад не ги носеле правилно... па на плоштад не треба ни воопшто да ги носат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom