Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

C

CoolIris

Гостин
Пишуваат луѓето објективно, дека се сомневаат или тврдат дека не е можно да е од корона умрен, а не да докажат дека корона нема. Не извртувај тези. Доколку имал рак на црн дроб, било што може да биде тригер, почнувајќи од настинка, па било каква бактерија, па откажување на бубрези, застој на срце и било што друго.
Скопје и многу други градови се презагадени и секогаш се теоретизира дека тоа ја зголемува смртноста. Прашање за тебе, како ќе докажеш дека некој починал поради тоа.
Дали треба кога ќе почнат маглите и смогот во Скопје, да почне да се пишува дека некој починал од загаден воздух, бидејќи еве тоа би бил очигледен тригер за некој со хронични болести или ќе биде како што било од рак или удар или нешто трето.
Прашањето твое веќе неколку пати го имам одговорено.
Основна причина за смрт - болест
Непосредна причина за смрт - компликација од болеста
Коморбидитет - придружна болест.

Значи, човек со карцином, десет дена пред смрт, заболува од корона, 5 дена после корона развил бронхопневмонија.

Основна причина за смрт е корона.
Непосредна причина за смрт е бронхопневмонија.
Ракот во случајот не е причина за смртта, затоа што без короната и бронхопневмонијата, можело многу подруга да биде ситуацијата кај него.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.706
Поени од реакции
115.453

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.551
Поени од реакции
2.741
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во:Скопје-60, Куманово-13, Дебар-5, Штип-16, Прилеп-3, Тетово-7, Струга-1, Велес-3, Битола-5, Охрид-1, Гостивар-11, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-5.


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти од: Скопје-53, Дебар-3, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-7, Велес-5, Битола-2, Кавадарци-1, Гостивар-11, Струмица-1, Крушево-1, Кичево-3, Ресен-9.


Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје (48, 78 и 57г), двајца од Куманово (92 и 75г), по еден пациент од Штип (80г) и Струга (79г) и двајца од Гостивар (55 и 74г). Од нив 7 пациенти се починати во болница, двајца вон болнички услови, потврдени позитивни вчера и денес.


Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9934, бројката на оздравени пациенти е 5357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:


• Скопје 4569, активни 1920
• Куманово 966, активни 269
• Дебар 185, активни 117
• Штип 718, активни 372
• Прилеп 321, активни 51
• Тетово 983, активни 284
• Струга 402, активни 193
• Велес 212, активни 21
• Битола 109, активни 55
• Охрид 259, активни 108
• Кавадарци 33, активни 16
• Гостивар 357, активни 218
• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
• Струмица 31, активни 20
• Крива Паланка 22, активни 8
• Радовиш 27, активни 22
• Крушево 15, активни 9
• Кочани 93, активни 23
• Пробиштип 47, активни 28
• Демир Хисар 22, активни 20
• Македонски Брод 10, активни 6
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 1
• Делчево 2, активни 1 (*1 лице од ПЕ Делчево е од Македонска Каменица)
• Кратово 12, активни 7
• Свети Николе 215, активни 200
• Кичево 118, активни 91
• Ресен 143, активни 45
• Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)


Направените 1542 теста се преку: ИЈЗ-579, ЦЈЗ Скопје-31, Авицена-142, Биотек-135, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-268, Систина со PCR метода -171, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-53, Инфективна клиника-6, ГАК-26. Досега во земјата се направени вкупно 94092 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.


На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и една мајка и едно дете суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 99 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 42, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.


Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)


• Чаир – 269
• Аеродром - 213
• Бутел - 141
• Гази Баба - 197
• Центар – 157
• Карпош – 171
• Сарај – 111
• Кисела Вода – 178
• Ѓорче Петров – 129
• Студеничани – 101
• Шуто Оризари – 120
• Арачиново – 34
• Илинден – 24
• Петровец – 22
• Чучер Сандево – 11
• Сопиште – 21
• Зелениково- 10
• Странец – 7
• Нераспределен- 4
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.030
Поени од реакции
74.438
Ја ете сум математичар па ми беше чудно како од 400 мртви, од кој повеќе од пола шипци, ти имаш 3ца блиски умрени и уште 20 познаници заболени? Успат го ругаш човекот за ширење рекла казала муабети за негови познаници. Може и двајцата сте у право, може и двајцата лажете. Небитно.

И не се секирај за мене, ми сметаше само колективното лудило кое сва среќа заврши. Да те потсетам дека ја пцуеше дијаспората зашто се враќа дома, а се пофали после дека си се убил од шетање периодов. Да не ве барам и другите што пцуевте луѓе зашто биле по 2 пати у продавница или трчале на кеј, а сеа се веројатно се журкате у Охрид по новите протоколи.
Не си математичар, електраш си :D
Не знам што ти е чудно, да ме прашуваш мене не би сакал да ги познавам луѓето кои починале, па ете се случило. Голема фамилија сме и поради возрасната граница, многу мои роднини се далеку постари, имам многу познанства затоа што работев на такво работно место.
Двајца починати кои ги познавам од 450-тина починати не е бројка за чудење, за дечкото ти кажав дека не го познавам, туку знам луѓе кои го знаат и се распрашав, затоа што ме интересирало. Од 9000 луѓе да имаш 10-тина познаници кои се заразиле не е голема бројка, особено ако живееш во Скопје и си во средни години во кои има најголем број на заразени. Сите одат на работа (познавам заразени од Ван Хол и од кластерот на Кондратенко), сите излегуваат и се потенцијални позитивни. Само од форумов да ги преброиш ќе изброиме 20 заразени ;) Колку чудно, а?
Замисли, во фамилија имам починат роднина од леукемија на 20 години, друга блиска роднина преброди рак на дојка на 40 години, а пред некој месец имавме смртен случај од рак на простата. Маста ни излезе со човекот, пола година да го гледаш како умира. Несреќи се случуваат, ништо не е чудно тука.

Ме изритиравте дека стигнаа обвинувања дека сум лажел за умрените. Ти кажав, треба да сте мрднати за да мислите дека некој ќе лаже за починати луѓе кои ги познавал. Ме изритира тврдењето дека повеќето луѓе од друго умирале и затоа му реплицирав. Ако умрел првиот што го познавам од друго, тогаш од што се заразија цела негова фамилија? Имунитетот од жал да не им опаднал?

Да, нема начин да докажам, ама некои работи се јасни и срамота е да се оди со глава во ѕид на темава.
Прво, од форумов има 2-3 ботци кои од дома не мрдаат и им е интересно да контраат на темава со глупави подбуцнувања. Тие се најуплашени, ама пошто немаат еден пријател во животот дремат дома 24/7 и константно поттикнуваат глупави дискусии, затоа што сакаат да ги поттикнат. Досадно им е, намерно контрираат, дури и со ставови кои не ги застапуваат. Ги исполнува дека ќе се цитираат со некого, ќе го надмудрат. И ваквите кога ќе ги банираш, ќе цмиздрат како пичиња во сите теми, ќе прават нови акаутни, пошто се лепат како мува на гомно и животот без „интелектуално интернет надмудрување“ им нема смисла. Покрај овие малокуриња, имаш луѓе со кои не вреди да се убедуваш затоа што едноставно толку им дал господ.

Ти си океј дечко и Пикса е, али ете имаме спротиставени ставови на оваа тема.
Дури и да немав искуство со познати починати, гледајќи што се случува по болниците, со сигурност немаше да тврдам дека некој намерно ме лаже и да ја рамнам короната со сезонски грип. Објаснив погоре зошто е тоа така.

Јас имав криза во март-април од каква во животов не сум бил поуплашен. Со температурата која не се симнуваше 25 денови и покрај негативниот тест, ми остана сомнеж дека можеби сум прележал во тој период. Воглавно имам јак организам, освен од стомачни вируси, не памтам да сум пропатил од некој друг вирус/грип во последниве 20 години. Апчиња во живот не сум пиел, за витамини не сум знаел. Од целото медиумско влијание, во страв дека можно е и моите да ги заразам (ранлива категорија), паднав психички и ептен се заинтересирав за коронава.

1. Прво, матичните доктори уште не примаат луѓе на преглед во мојава околина. Типката ми оставаше рецепти и упати на ограда.
2. Второ, ниту еден оддел не работи нормално, а низ градот секојдневно ечат сирени од брза помош. Сакате да кажете дека и претходно било вака или зимно време исто болнициве се преполни од сезонскиот грип? Јас не познавам човек што умрел од грип, ниту пак знам некој што тешко прележал грип. Можеби е до психата, ко ќе кренев температура ни апчиња не сум пиел, знам дека ќе помине за некој ден. Ко помал ќе ми шибнеле некоја инјекција ако не се смирува и то је то.
3. Не знам како замислувате дека некој не лаже? Во Македонија во која сите знаеме кој на кого е швалер, кој колку пари троши на излегување, немаше да се расчуе дека „лошите лекари се собрале и ни направиле ваков заговор“? Сериозно?
4. Видете ги возрастите на луѓето кои умираат (иако, може и во тоа не веруваат луѓево, пошто се е лага во државава). Застрашувачки е која е просечната возраст, што кажува какво срање од здравје имаат луѓето во државава. Дали е од загадениот воздух, од стресот, храната од Ш класа, госпоид знае.

Ајде за она другото.
На почетокот бев пренервозен од тоа што се враќаа дијаспорците. И пак ќе ги пцујам, апсолутно немаше потреба да се враќаат во нашата држава.
Луѓето кои се плашат во голема мерка не се исплашија од вирусот, ТУКУ ОД КАПАЦИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВОТО. Јас знам што гомно услови сме, знам дека на урологија немаше капак на шољата од вецето и сами купувавме и монтиравме секоја втора недела. Знам како персоналот се однерсуваше со пациентите кои се пред умирање, знам дека кога човек ќе дојде до апарати, само господ го спасува. И затоа што знам колку несериозен народ живее во државава, знам дека капацитетите можеа да доживеат италијанско фијаско.
И уште ме плаши она што може да се случува во есен, кога ќе се помешаат со сезонскиот грип. Луѓе не болуваат само од корона, ова чекање може многу лошо да се одрази врз хронично болните. Друга работа е што болнициве ни се извор на зараза, три пати би размислил дали би отишол на некакво друго снимање, во случај да отворат некои оддели.
Јас ги оправдував почетните мерки, но нивното целосно олабавување по бајрамот, беше тотално фијаско и од тогаш одлучив дека „мора да живеам со вирусот“.
Да, излегувам, се дружам цело време, бев надвор од Скопје неколку пати, сум бил и во кафана, а завчера прв пат и на журка. Удрив повеќе на возење точаци, спортување.
Ама, мене ни ова не ми е нормално, затоа што сум некој што скоро цело време шета. Не ми е нормално да не можам да се качам во воз и да се потресувам да не ме зарази некој, не ми е нормално што седиме само на отворено и цело време гледаме да држиме некое растојание, да се гушиме со маски во кола, да не можам да си го извадам македонското и да пејам со некоја певаљка во кафана. Изиграв фудбал ама цело време под страв. Не ми е нормално што на работам дремам со маска кога шетам низ зградата, не ми е нормално што е празна скоро цела зграда и се тресеме да не се заразиме од вентилацијата. Не ми е нормално што не можам да мрднам од државава.
Многу работи не се во нормала, но и покрај сите излегувања, внимавам највеќе што можам да си дозволам.

Ви спомнав одамна, луѓето на темава се плашат затоа што имаат живот, ги плаши неизвесноста, ги плаши тоа што апсолутно не знаеш кој може да е заразен и да ти пренесе. Другар работи во кладилница, дневно има контакт со милион луѓе. Треба ли да не се дружам со него? Не, заедно сме цело време, ама внимаваме. Нема поздравувања со гушкање со други луѓе, нема бацување во образ со роднини :D Девојка ми работи на ризично место, јас можам колку сакам да се пазам, на крајот од денот, заедно сме, џабе ми е.
Ама не е дека АКО СМЕТАМЕ ДЕКА ВИРУСОТ Е ОПАСЕН дека цело време сме затворени дома и куцаме на темава. Па да ви барам постови, анти - коронашиве имате највеќе постови со сигурност. Мене на теми кои не ме интересираат, воглавно не коментирам. Од толку години на форумов, 95% од постовите ми се во спортски теми. Ако нешто не го сметам за нешто што ме интересира, го прескокнувам. Темава не ја посетувам за да ве убедувам некои члењнови за тоа какво мислење имам за короната, туку сакам од нејзе да црпам информации. Ќе прочиташ некое исксуство, секој на различен начин го поминал вирусот.
Да бев модератор во подфорумов, жими се ќе ги бришев некои постови. Едно е да некој сподели искуство дека поминал без проблем, друго е да не убедува дека вирусот е играчка и да тера некои глупави заговори. Светот не функционира, ниту една стратегија досега не се покажа како добра (анти телата имаат краток век, а тие земји не ги спасија ни економиите), светот оди кон рецесија, али тука некој дунстер ќе кажува како СЗО плаќале пари за да пишуваме луѓе за болни.

На крај, после април „ги олабавив мерките“ затоа што сфатив дека џабе јас внимавам и се пазам, кога околу мене, на секој што внимава има 3 што не внимаваат. Носам маски во затворено, не се возам со автобуси, мијам раце цело време кога имам можност, дезинфицирам и ЗА ПРВ ПАТ ВО ЖИВОТОТ почнав да пијам витамини. Ќе ја водам битката, појачан со витамин Ц, витамин Д, селен и цинк :D Со јака психа, до победа :D

Не сум за враќање на мерките од сегашна перспектива, но се уште се сложувам дека почетните мерки беа оправдани. Во моментов не сум за мерки, затоа што знаеме колку се почитува во некои краишта од државава. Плус, многу важно е што веќе не се знае кој е позитивен, буквално секој може да биде, за разлика од почетокот кога се имаше некаков ред. Вирусот е тука, си циркулира насекаде во Скопјево. Ако веќе има некакви, би поддржал целосен карантин (локдаун) за да се зачисти малку состојбата, нои при новото олабавување, пак ќе биде по старо. Би вовел мерки во зависност од капацитетите на болниците. Бројката на хоспитализирани ризично растеше, но сега има некаква стабилизација.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.815
Поени од реакции
12.306
Овие тајни дека некој не команда, дека злите сили измислуваат пандемии кои не постојат, м ги открија еден продавач и еден електричар. Затоа ли, ко што велат, клавет желевца во маските, како антени за 5гто.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.219
Поени од реакции
13.109
Најјако е ова релативизирањево на темава од страна на некои ликови дека секој што не паничи,пробува рационално да размислува и не плаче да го затворат дома -автоматски тврдел дека корона не постои.

Дали се нема доволно капацитет,дали колку да се направат интересни - стварно незнам.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.030
Поени од реакции
74.438
Во Македонијава сум запознал премногу луѓе, што од работа, што од форумов, што од навивачките трибини.
И сум сфатил дека некои луѓе навистина си веруваат во глупостите што ги зборуваат, не напразно сме број 1 во фејк вести. Јас гледам и другари што сме факултетски образовани не може да препознаат некои фејк вести (од типот сподели за младо дете кое оди на операција во пичке си материне). Па пичка му матер, правиш гугл срч на сликата, гледаш дека нема допирна точка со Македонија. Дури и образованите веќе имаат потешкотии да препознаат лажни вести, затоа што сме угушени од ШОКАНТНО/СКАНДАЛОЗНО вести.
И ги разбирам некогаш луѓево кои работат по шалтери што се однесуваат нечовечки, па некогаш и докториве. Какви се пациенти има, има луѓе кои се психички оболени, а поради несоодветно работење на институциите, не се згрижени, кои пропагираат измислици кои народот од сожалување лесно ги впива. Да, кај нас оние на функција најчесто се гад луѓе, но приказните често имаат две страни.
Влегува стар човек во Т-мобајл, еден час му укажуваше таа дека он е на А1(ВИП). И на крај ја нападна, ти не сакаш да ме услужиш, вака онака. И ќе излезе приказна, стар човек, не бил услужен бла бла.

Така и со овие што пропагираат вакви вести, за лажно умрени и слично. Факт е дека некои умреле од друг проблем, ама короната го забрзала развојот на другата болест, откажување на орган со послаба функција од претходно. Не е тајна дека ги напаѓа луѓето со послаб имунитет. Да немале корона, немало да умрат сега, не знам што не е јасно. Ако се со хронични болести, не значи дека нивната смрт е неважна.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.057
Поени од реакции
2.067
Прашањето твое веќе неколку пати го имам одговорено.
Основна причина за смрт - болест
Непосредна причина за смрт - компликација од болеста
Коморбидитет - придружна болест.

Значи, човек со карцином, десет дена пред смрт, заболува од корона, 5 дена после корона развил бронхопневмонија.

Основна причина за смрт е корона.
Непосредна причина за смрт е бронхопневмонија.
Ракот во случајот не е причина за смртта, затоа што без короната и бронхопневмонијата, можело многу подруга да биде ситуацијата кај него.
Овој одговор неколку пати го имам коментирано.
Позитивен на тест постмортално, умрен во возило на брза помош, сигурна си дека имал бронхопневмонија ??
Починат на неврохирургија после комплицирана втора операција пак имал бронхопневмонија ???
Почината на гинекологија од сепса, пак имала бронхопневмонија ???
Близок на еден од форумот починат од мозочен удар пак имал бронхопневмонија ???
И многу, многу други случаи кои немат блага веза со таа бронхопневмохија се запишани како умрени од корона само поради тоа што биле позитивни.
Сакаш да ти барам од почеток кога објавуваа конкретно како починале да дискутираме или нема потреба, сите по тебе починати до сега се со бронхопневмонија како резултат на корона.
А шо се мачам и јас да дискутирам, ме заболе стојко на крај краева, верувајте си у што сакате, беда најголема се медицинарите, две чисти да се нема, ај некој запатејко ко тенекијата и да разберам, што му се сервира се голта, али струката што е влезена у СФ филм само докажува зошто здравството ни е брука.
Му умрел пациент на операција, корона јебига.
Умрел дома додека да стигне брза помош, корона јебига.
Сега имаат огромно оправдување за својата неспособност, за се е крива корона.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.016
Трагично....починати на 1 милион жители....споредбено ние и нашите соседи
Македонија 221
Србија 60
Бугарија 49
Албанија 44
Грција 19
coronavirus-data-explorer(8).png
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.706
Поени од реакции
115.453
А да прашам нешто, како бе до сега не се најде една снимка, едно видео, аудио или слика од тие што им нудат пари за да ги пишат мртви од корона? У денешно време со инстаграми, тиктокови и слично се снимаат луѓето и кога одат во ВЦ а не пак вакви ствари да не бидат евентуално снимени.
Автоматски споено мислење:

Најјако е ова релативизирањево на темава од страна на некои ликови дека секој што не паничи,пробува рационално да размислува и не плаче да го затворат дома -автоматски тврдел дека корона не постои.

Дали се нема доволно капацитет,дали колку да се направат интересни - стварно незнам.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Да ти ги цитирам постовите кај што иронично викаш дека луѓе умираат по пат и слични досетки или нема потреба? Тоа на што асоцира според тебе, на бунење против мерките или на нешто друго?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.929
Поени од реакции
19.293
А да прашам нешто, како бе до сега не се најде една снимка, едно видео, аудио или слика од тие што им нудат пари за да ги пишат мртви од корона? У денешно време со инстаграми, тиктокови и слично се снимаат луѓето и кога одат во ВЦ а не пак вакви ствари да не бидат евентуално снимени.
Ми го зеде зборот, досега барем еден ќе излезеше со доказ со снимка, има емисии наутро ќе се јавеше некој досега ќе се изјаснеше, тој и тој доктор ми нудеше пари.
Најголемата глупост е ова со нудењето пари, зошто да ти нуди пари по богу, ќе излези Филипче ќе речи денес имаме 1000 заразени, кој ќе докажи аки веќе сакаат да лажираат бројки, ама пари :pos:
Јас разбирам, лажни тестови, и такви ствари, се дешава, ама ова.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.219
Поени од реакции
13.109
А да прашам нешто, како бе до сега не се најде една снимка, едно видео, аудио или слика од тие што им нудат пари за да ги пишат мртви од корона? У денешно време со инстаграми, тиктокови и слично се снимаат луѓето и кога одат во ВЦ а не пак вакви ствари да не бидат евентуално снимени.
Автоматски споено мислење:


Да ти ги цитирам постовите кај што иронично викаш дека луѓе умираат по пат и слични досетки или нема потреба? Тоа на што асоцира според тебе, на бунење против мерките или на нешто друго?
На иронија во која ги исмевам падавичарите како тенџерето и амди.
Модераторов од погоре еднаш го замолив да најде пост каде тврдам дека корона не постои и одма ќе се самобанирам од темава.

До ден денес се прави васка илиева.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.444
Поени од реакции
7.726


Ок ова е една од најсиромашните нации во свет со ниско IQ, државата се вика Јапонија и они не размислуваат со своја сопствена глава затоа што немаат брилијантни умови како Миленко, Ефтов, Јанко итн, да ги посоветуваат.

Пикса ќе се согласи со ова, он размислува со сопствена глава иако ставил неколку фамилии и животи во опасност, одејќи на планина со температура.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom