Ја ете сум математичар па ми беше чудно како од 400 мртви, од кој повеќе од пола шипци, ти имаш 3ца блиски умрени и уште 20 познаници заболени? Успат го ругаш човекот за ширење рекла казала муабети за негови познаници. Може и двајцата сте у право, може и двајцата лажете. Небитно.
И не се секирај за мене, ми сметаше само колективното лудило кое сва среќа заврши. Да те потсетам дека ја пцуеше дијаспората зашто се враќа дома, а се пофали после дека си се убил од шетање периодов. Да не ве барам и другите што пцуевте луѓе зашто биле по 2 пати у продавница или трчале на кеј, а сеа се веројатно се журкате у Охрид по новите протоколи.
Не си математичар, електраш си
Не знам што ти е чудно, да ме прашуваш мене не би сакал да ги познавам луѓето кои починале, па ете се случило. Голема фамилија сме и поради возрасната граница, многу мои роднини се далеку постари, имам многу познанства затоа што работев на такво работно место.
Двајца починати кои ги познавам од 450-тина починати не е бројка за чудење, за дечкото ти кажав дека не го познавам, туку знам луѓе кои го знаат и се распрашав, затоа што ме интересирало. Од 9000 луѓе да имаш 10-тина познаници кои се заразиле не е голема бројка, особено ако живееш во Скопје и си во средни години во кои има најголем број на заразени. Сите одат на работа (познавам заразени од Ван Хол и од кластерот на Кондратенко), сите излегуваат и се потенцијални позитивни. Само од форумов да ги преброиш ќе изброиме 20 заразени
Колку чудно, а?
Замисли, во фамилија имам починат роднина од леукемија на 20 години, друга блиска роднина преброди рак на дојка на 40 години, а пред некој месец имавме смртен случај од рак на простата. Маста ни излезе со човекот, пола година да го гледаш како умира. Несреќи се случуваат, ништо не е чудно тука.
Ме изритиравте дека стигнаа обвинувања дека сум лажел за умрените. Ти кажав, треба да сте мрднати за да мислите дека некој ќе лаже за починати луѓе кои ги познавал. Ме изритира тврдењето дека повеќето луѓе од друго умирале и затоа му реплицирав. Ако умрел првиот што го познавам од друго, тогаш од што се заразија цела негова фамилија? Имунитетот од жал да не им опаднал?
Да, нема начин да докажам, ама некои работи се јасни и срамота е да се оди со глава во ѕид на темава.
Прво, од форумов има 2-3 ботци кои од дома не мрдаат и им е интересно да контраат на темава со глупави подбуцнувања. Тие се најуплашени, ама пошто немаат еден пријател во животот дремат дома 24/7 и константно поттикнуваат глупави дискусии, затоа што сакаат да ги поттикнат. Досадно им е, намерно контрираат, дури и со ставови кои не ги застапуваат. Ги исполнува дека ќе се цитираат со некого, ќе го надмудрат. И ваквите кога ќе ги банираш, ќе цмиздрат како пичиња во сите теми, ќе прават нови акаутни, пошто се лепат како мува на гомно и животот без „интелектуално интернет надмудрување“ им нема смисла. Покрај овие малокуриња, имаш луѓе со кои не вреди да се убедуваш затоа што едноставно толку им дал господ.
Ти си океј дечко и Пикса е, али ете имаме спротиставени ставови на оваа тема.
Дури и да немав искуство со познати починати, гледајќи што се случува по болниците, со сигурност немаше да тврдам дека некој намерно ме лаже и да ја рамнам короната со сезонски грип. Објаснив погоре зошто е тоа така.
Јас имав криза во март-април од каква во животов не сум бил поуплашен. Со температурата која не се симнуваше 25 денови и покрај негативниот тест, ми остана сомнеж дека можеби сум прележал во тој период. Воглавно имам јак организам, освен од стомачни вируси, не памтам да сум пропатил од некој друг вирус/грип во последниве 20 години. Апчиња во живот не сум пиел, за витамини не сум знаел. Од целото медиумско влијание, во страв дека можно е и моите да ги заразам (ранлива категорија), паднав психички и ептен се заинтересирав за коронава.
1. Прво, матичните доктори уште не примаат луѓе на преглед во мојава околина. Типката ми оставаше рецепти и упати на ограда.
2. Второ, ниту еден оддел не работи нормално, а низ градот секојдневно ечат сирени од брза помош. Сакате да кажете дека и претходно било вака или зимно време исто болнициве се преполни од сезонскиот грип? Јас не познавам човек што умрел од грип, ниту пак знам некој што тешко прележал грип. Можеби е до психата, ко ќе кренев температура ни апчиња не сум пиел, знам дека ќе помине за некој ден. Ко помал ќе ми шибнеле некоја инјекција ако не се смирува и то је то.
3. Не знам како замислувате дека некој не лаже? Во Македонија во која сите знаеме кој на кого е швалер, кој колку пари троши на излегување, немаше да се расчуе дека „лошите лекари се собрале и ни направиле ваков заговор“? Сериозно?
4. Видете ги возрастите на луѓето кои умираат (иако, може и во тоа не веруваат луѓево, пошто се е лага во државава). Застрашувачки е која е просечната возраст, што кажува какво срање од здравје имаат луѓето во државава. Дали е од загадениот воздух, од стресот, храната од Ш класа, госпоид знае.
Ајде за она другото.
На почетокот бев пренервозен од тоа што се враќаа дијаспорците. И пак ќе ги пцујам, апсолутно немаше потреба да се враќаат во нашата држава.
Луѓето кои се плашат во голема мерка не се исплашија од вирусот, ТУКУ ОД КАПАЦИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВОТО. Јас знам што гомно услови сме, знам дека на урологија немаше капак на шољата од вецето и сами купувавме и монтиравме секоја втора недела. Знам како персоналот се однерсуваше со пациентите кои се пред умирање, знам дека кога човек ќе дојде до апарати, само господ го спасува. И затоа што знам колку несериозен народ живее во државава, знам дека капацитетите можеа да доживеат италијанско фијаско.
И уште ме плаши она што може да се случува во есен, кога ќе се помешаат со сезонскиот грип. Луѓе не болуваат само од корона, ова чекање може многу лошо да се одрази врз хронично болните. Друга работа е што болнициве ни се извор на зараза, три пати би размислил дали би отишол на некакво друго снимање, во случај да отворат некои оддели.
Јас ги оправдував почетните мерки, но нивното целосно олабавување по бајрамот, беше тотално фијаско и од тогаш одлучив дека „мора да живеам со вирусот“.
Да, излегувам, се дружам цело време, бев надвор од Скопје неколку пати, сум бил и во кафана, а завчера прв пат и на журка. Удрив повеќе на возење точаци, спортување.
Ама, мене ни ова не ми е нормално, затоа што сум некој што скоро цело време шета. Не ми е нормално да не можам да се качам во воз и да се потресувам да не ме зарази некој, не ми е нормално што седиме само на отворено и цело време гледаме да држиме некое растојание, да се гушиме со маски во кола, да не можам да си го извадам македонското и да пејам со некоја певаљка во кафана. Изиграв фудбал ама цело време под страв. Не ми е нормално што на работам дремам со маска кога шетам низ зградата, не ми е нормално што е празна скоро цела зграда и се тресеме да не се заразиме од вентилацијата. Не ми е нормално што не можам да мрднам од државава.
Многу работи не се во нормала, но и покрај сите излегувања, внимавам највеќе што можам да си дозволам.
Ви спомнав одамна, луѓето на темава се плашат затоа што имаат живот, ги плаши неизвесноста, ги плаши тоа што апсолутно не знаеш кој може да е заразен и да ти пренесе. Другар работи во кладилница, дневно има контакт со милион луѓе. Треба ли да не се дружам со него? Не, заедно сме цело време, ама внимаваме. Нема поздравувања со гушкање со други луѓе, нема бацување во образ со роднини
Девојка ми работи на ризично место, јас можам колку сакам да се пазам, на крајот од денот, заедно сме, џабе ми е.
Ама не е дека АКО СМЕТАМЕ ДЕКА ВИРУСОТ Е ОПАСЕН дека цело време сме затворени дома и куцаме на темава. Па да ви барам постови, анти - коронашиве имате највеќе постови со сигурност. Мене на теми кои не ме интересираат, воглавно не коментирам. Од толку години на форумов, 95% од постовите ми се во спортски теми. Ако нешто не го сметам за нешто што ме интересира, го прескокнувам. Темава не ја посетувам за да ве убедувам некои члењнови за тоа какво мислење имам за короната, туку сакам од нејзе да црпам информации. Ќе прочиташ некое исксуство, секој на различен начин го поминал вирусот.
Да бев модератор во подфорумов, жими се ќе ги бришев некои постови. Едно е да некој сподели искуство дека поминал без проблем, друго е да не убедува дека вирусот е играчка и да тера некои глупави заговори. Светот не функционира, ниту една стратегија досега не се покажа како добра (анти телата имаат краток век, а тие земји не ги спасија ни економиите), светот оди кон рецесија, али тука некој дунстер ќе кажува како СЗО плаќале пари за да пишуваме луѓе за болни.
На крај, после април „ги олабавив мерките“ затоа што сфатив дека џабе јас внимавам и се пазам, кога околу мене, на секој што внимава има 3 што не внимаваат. Носам маски во затворено, не се возам со автобуси, мијам раце цело време кога имам можност, дезинфицирам и ЗА ПРВ ПАТ ВО ЖИВОТОТ почнав да пијам витамини. Ќе ја водам битката, појачан со витамин Ц, витамин Д, селен и цинк
Со јака психа, до победа
Не сум за враќање на мерките од сегашна перспектива, но се уште се сложувам дека почетните мерки беа оправдани. Во моментов не сум за мерки, затоа што знаеме колку се почитува во некои краишта од државава. Плус, многу важно е што веќе не се знае кој е позитивен, буквално секој може да биде, за разлика од почетокот кога се имаше некаков ред. Вирусот е тука, си циркулира насекаде во Скопјево. Ако веќе има некакви, би поддржал целосен карантин (локдаун) за да се зачисти малку состојбата, нои при новото олабавување, пак ќе биде по старо. Би вовел мерки во зависност од капацитетите на болниците. Бројката на хоспитализирани ризично растеше, но сега има некаква стабилизација.