Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ај да ти одговорам на ниво, иако немаш основи да разбереш
... не си компетентен тоа да го тврдиш, како и јас не можам да тврдам за тебе, секој со своето, ќе одговорам само сега, а ако ме цитираш повторно тоа ќе го сториш со линк кон подфорумот „Здравје“ каде може со линкови и клинички студиии и искуства малку да се повикаме, овде во „општи муабети„ да не идеме до опширното образложување...
Асимптоматски лежи 14 дена затоа што на некој така му текнало, најверојатно за да не развие симптоми.
...а ако асимптоматски позитивни не лежат 14 дена во самоизолација „ќе развијат симптоми“ ? демек ако тој седи дома нема да развие симптоми, ама ако излезе надвор ќе развие?
... кога човекот доаѓа во близок контакт со друг човек кој е инфициран со коронавирус истиот се заразува со коронавирус, штом тој се сомнева во таков контакт мора да се тестира ( располагаме со два теста) со брис од нос и грло или серолошки тест, со чие тестирање се доаѓа до потврдување на присутен коронавирус и велиме дека е тој позитивен, а во моментот ако нема симптоми тогаш ќе кажеме дека е тој човек е асимптоматски позитивен на коронавирус,

...истиот кој е асимптоматски позитивен значи вирусот е во него и тој пациент е инфициран/заразен со коронавирус и може да врши „вирусна трансмисија“ пренесување на вирусот и инфицирање на други и затоа таа особа мора да се самоизолира цели две недели за да би се формирала заштитна антитела IgG што ќе се избори и ќе го уништи коронавирус во тие две недели, а за тоа време нема да го пренесе вирусот оти ќе биде самоизолиран, по тие 14 дена повторно се прави тест каде IgG ќе биде со висок титар, а IgM во трагови и тогаш ќе биде заведен како негативен т.е. после уште една недела ако повторното тестирање дава негативен тест т.е. покачен IgG, а исчезната антитела IgM тој пациент ќе се смета за излечен од коронавирус!
Асимптоматски нема да развие игм, откаде си сигурна во тоа, или кој те убедува во тоа би било правилно прашањето.
... асимптоматски ПОЗИТИВЕН, значи дека го има коронавирусот во него и телото почнува со создава антитела IgM што е знак дека е влезен патоген во телото и тоа се наоѓа во акутна фаза на инфекција, доколку телото успее да го победи побрзо коронавирусот титарот на таа IgM антитела се намалува споредбено со појава и растење на IgG која го запамтува патогенот и тоа всушност е таа одбранбена антитела од повторно инфицирање, значи не може некој да има патоген во него и да е инфициран, а да нема создавање на IgM антитела, единствено ако имунолошкиот одговор е супресиран или воопшто го нема!
За сумамедот што имаш дилеми, само докажуваш дека немаш контакт со медицина. Основно и најпросто кажано, сумамедот е многу поголема акутна доза на лек и затоа се дава 3 дена. Се користи како понов антибиотик и како таков се смета дека има многу малку развиена резистентност од бактериите и најчесто се препишува како втор антибиотик доколку првиот не дал резултати. Има многу повеќе контраиндикации отколку синтетички пеницилини, но поради помала резистентност од бактериите се дава како последна опција.
65b07eba6fa40e90.jpg Sumamed.jpg images.jpg

sumamed-forte-dlya-detej-instrukciya-po-primeneniyu-1.jpg w63ZtXsbVuxiiMOyoSnA.jpg

... азитромицин (сумамед) спаѓа како подгрупа на макролидни антибиотици исто како што е и миокамицин (макропен), ти си убеден дека „сумамедот има поголем акутна доза на лек и многу контраиндикации и се дава како последна опција“ , тогаш зашто има три педијатриски форми на сумамед (или друг макролиден антибиотик како макропен) доколку макролидните антибиотици се последна опција и имаат многу контраиндикации, зашто на пример нема сируп на антибиотикот ципрофлоксацин (цитерал) како „послаб“ антибиотик?
д-димери, нешто си прочитала или си чула и не ти е јасно што се.
Дали знаеш како функционира зараснувањето на оштетени крвни садови воопшто. Се ствара тромб, крвно згрутчување на оштетеното место. Процесот завршува со разградување на тој тромб откако ќе се формира повторно крвниот сад. Тоа е процес кој се одвива нормално во организмот. После секоја операција, а и кај луѓе кои се залежени, кои се долго време неактивни и во лежечка позиција се дава превентивно клексан за разредување на крвта бидејќи се зголемени шансите за стварање на тромб. Ако тоа тебе ти се поврзува со болни од ковид, зголемени д-димери, пациенти кои лежат на клиника, само потпаѓаш на пропаганда.Се испитуваат кај пациенти со тромбоза, со проширени вени поради зголемено стварање на тромби. Таму се клинички оправдани, и кај бремени жени.

D-dimer levels among COVID19
... пак ќе се повторам „ не сум чула“ туку гледам лабораториски резултати на пациенти кои доаѓаа со средно тешки и тешки симптоми со болест КОВИД19 во болница имајќи вредности над 10 000 ng/mL ( до 500 ng/mL е референтна), а не зборуваме за примена на Д-димер што ми ги набројуваш тука според тромбозна статистика на трансфузиона или гинекологија, зборуваме за болеста КОВИД19 и непознато делување на коронавирус врз хемостазата на човекот!
ice_screenshot_20200723-163633.png
 
Последно уредено:
При одржувањето на Rt одреден период над 1 епидемијата се шири и обратно - при одржувањето на Rt под 1 епидемијата стивнува. Поедноставно кажано, да се сведе репродуктивниот број на 0.7 значи дека во просек од 10 заразени седуммина заразувале уште по еден човек а тројца не би заразиле никој. И со текот на времето како што заразените ќе се опоравуваат или умираат, вкупниот број на активни случаи, т.е. индивидуи кои би можеле да заразат други, ќе опаѓа и епидемијата ќе стивнува додека и последниот човек не се опорави или почине.
Rt
График Rt. Репродуктивен број по денови (Rt) во Македонија. Точките и линиите го покажуваат движењето на проценетиот Rt во тек на време. Бледо-сините сенки ги покажуваат 95% интервалите на доверба, т.е. покажуваат од каде до каде може да е вистинскиот Rt и ја одразуваат несигурноста во проценетиот Rt.

1595518410887.png
После подолго време бројот на хоспитализирани лица во инфективни одделенија падна под 400.
 
Последно уредено:
... не си компетентен тоа да го тврдиш, како и јас не можам да тврдам за тебе, секој со своето, ќе одговорам само сега, а ако ме цитираш повторно тоа ќе го сториш со линк кон подфорумот „Здравје“ каде може со линкови и клинички студиии и искуства малку да се повикаме, овде во „општи муабети„ да не идеме до опширното образложување...

...а ако асимптоматски позитивни не лежат 14 дена во самоизолација „ќе развијат симптоми“ ? демек ако тој седи дома нема да развие симптоми, ама ако излезе надвор ќе развие?
... кога човекот доаѓа во близок контакт со друг човек кој е инфициран со коронавирус истиот се заразува со коронавирус, штом тој се сомнева во таков контакт мора да се тестира ( располагаме со два теста) со брис од нос и грло или серолошки тест, со чие тестирање се доаѓа до потврдување на присутен коронавирус и велиме дека е тој позитивен, а во моментот ако нема симптоми тогаш ќе кажеме дека е тој човек е асимптоматски позитивен на коронавирус,

...истиот кој е асимптоматски позитивен значи вирусот е во него и тој пациент е инфициран/заразен со коронавирус и може да врши „вирусна трансмисија“ пренесување на вирусот и инфицирање на други и затоа таа особа мора да се самоизолира цели две недели за да би се формирала заштитна антитела IgG што ќе се избори и ќе го уништи коронавирус во тие две недели, а за тоа време нема да го пренесе вирусот оти ќе биде самоизолиран, по тие 14 дена повторно се прави тест каде IgG ќе биде со висок титар, а IgM во трагови и тогаш ќе биде заведен како негативен т.е. после уште една недела ако повторното тестирање дава негативен тест т.е. покачен IgG, а исчезната антитела IgM тој пациент ќе се смета за излечен од коронавирус!

... асимптоматски ПОЗИТИВЕН, значи дека го има коронавирусот во него и телото почнува со создава антитела IgM што е знак дека е влезен патоген во телото и тоа се наоѓа во акутна фаза на инфекција, доколку телото успее да го победи побрзо коронавирусот титарот на таа IgM антитела се намалува споредбено со појава и растење на IgG која го запамтува патогенот и тоа всушност е таа одбранбена антитела од повторно инфицирање, значи не може некој да има патоген во него и да е инфициран, а да нема создавање на IgM антитела, единствено ако имунолошкиот одговор е супресиран или воопшто го нема!

Прегледај го приврзокот 260017 Прегледај го приврзокот 260020 Прегледај го приврзокот 260021

Прегледај го приврзокот 260018 Прегледај го приврзокот 260022

... азитромицин (сумамед) спаѓа како подгрупа на макролидни антибиотици исто како што е и миокамицин (макропен), ти си убеден дека „сумамедот има поголем акутна доза на лек и многу контраиндикации и се дава како последна опција“ , тогаш зашто има три педијатриски форми на сумамед (или друг макролиден антибиотик како макропен) доколку макролидните антибиотици се последна опција и имаат многу контраиндикации, зашто на пример нема сируп на антибиотикот ципрофлоксацин (цитерал) како „послаб“ антибиотик?

D-dimer levels among COVID19
... пак ќе се повторам „ не сум чула“ туку гледам лабораториски резултати на пациенти кои доаѓаа со средно тешки и тешки симптоми со болест КОВИД19 во болница имајќи вредности над 10 000 ng/mL ( до 500 ng/mL е референтна), а не зборуваме за примена на Д-димер што ми ги набројуваш тука според тромбозна статистика на трансфузиона или гинекологија, зборуваме за болеста КОВИД19 и непознато делување на коронавирус врз хемостазата на човекот!
Прегледај го приврзокот 260025
Пак ти со преводи на гугл транслејт, работите јас што ти ги кажувам не се учат на гугл.
Си има книги за тоа, колку и да бараш и преведуваш не може да сватиш пошто немаш подлога. Секој молер може да пребарува и да постира, денес барем е лесно.
 
Пак ти со преводи на гугл транслејт, работите јас што ти ги кажувам не се учат на гугл. Си има книги за тоа, колку и да бараш и преведуваш не може да сватиш пошто немаш подлога. Секој молер може да пребарува и да постира, денес барем е лесно.
... КОВИД19 болест во штипските учебници или кои? ние да не правиме случајно клинички студии за коронавирус, па да не ги гледаме на Нет? а што е „гугл“ според тебе што не се учи од таму? :icon_lol:
не сум имала подлога :pos:
...ти работите што ги кажуваш од каде ги знаеш дај бе некој линк, не туку се фалиш само...книги??? мислам ејј...ај терај си очигледно си го изгубил компасот и во време и во просторот, кога не знаеш што да кажеш паѓаш испод ниво на интелектуалец за што самиот се декларираш, ајт веќе не те читам и ова е многу што ти посветив!
 
Ова е таа шипурска фешта организирана на 12 јули пред Влада......нешто како завршен митинг им беше ова......ова веќе се треба да е заразено....една опција е да не одат на лекар/тестирање или предобро ни ги кројат бројкиве на новозаразени од МЗ....
 
Србиве тераат турбо деновиве.
 
Денес две свадби сигурни овде од едната уште трештит музика сеа ред е и калашите да заигрет не ги чув уште нив
 
Туку што бидна работава, пројдоа избориве. Ќе не затвараат или влада се чека?
 
Ме мрзи да преведувам во 2 саат, ама според него вирусот е посмртоносен од грипот, но отприлика е 1% или помалку од 1% смртноста.
Зборува и за моментот на порачување на милиони вакцини иако не се знае дали вакцината ќе биде успешна или не, а во случај да не е, покриени се од државата.
Има и други работи, кои што чекаат анализи и студии од аутопсии за да видат како делува вирусот врз телото и останатите органи.

Последно уредено:
и членовте на неговото семејство исто
а на оној член му викаат нема тестови у Скопје, иди у друг град или на приватно
Јас и брат ми во Биотек тестирани, нормално по наша волја затоа што имавме симптоми, си плативме по 4000 и уште вечерта имавме резултати. Аналогно на ова нели и моите мораа да се тестираат али немаа симптоми и одеа преку матичен. На мајка ми и закажаа утредента во Чаир, на татко ми за два дена воооо, кхм.... КУМАНОВО. Велком ту Северен Фиром. :D
 
Ме мрзи да преведувам во 2 саат, ама според него вирусот е посмртоносен од грипот, но отприлика е 1% или помалку од 1% смртноста.

Зависи кој и како брои. Пример може и вака да се брои:
 
Вчера ми стигна вториот негативен па сега и дефинитивно можам да зборувам и од мое искуство.
Значи сум имал грип и од мое искуство тврдам дека грипот е х10 позаебан вирус, со два дена температура и во тие два дена имам истрчано 8 км, плус титов врв го имам изодено без никаков проблем кога сум позитивен на корона, најтешко ми падна изолацијата 21 ден кревет искривив од легање, без никаков симптом.
Околу заразноста само девојками ја имам заразено која еве веќе 24 дена нема ама баш никакви симптоми ниту пак е имала, друго со таткоми работам во иста канцеларија по 8 сата дневно тој е негативен, со тие што бев на планинарење што се возевме во иста кола исто така негативни, девојками работи во зегин со 4 колешки сите негативни, така да тоа дека се ширел ако на некого кажеш здраво на улица шије ми га ѓуро.
Во глобала безпотребна паника и хистерија се направи, мерките беа тотално неосновани и повеќе штета направија од колку корист што од економска гледна точка, што од тоа што луѓето полудеа од стрес, плус што болниците се затворени и неможе други болести да се превенираат и третираат.
 
Ама тоа е твоето искуство, што правме со оние што умираат и особено оние млади што умираат без никакви хронични болести???
 
Затоа и потенцирам дека од мое искуство кажувам, инаку тоа дека од еднаш почнаа млади да умираат во исто време и во Србија и овде не ми е многу за верба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom