Како да си фатам девојка?

Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Некој ќе рече лесно е со жените, друг ќе рече дека треба да правиш SWOT анализа...
За кого како пријателе. Некој се раѓа како chick magnet, јебени Казанова, а друг се замара со мотивациони говорници, го сведува фаќањето женска на ниво на наука. Има доста психологија во тоа, не за џабе на сите листи истата фигурира како една од најплатените професии, со оглед на времето во кое живееме и степенот на искомплексираност на народот, не е ни чудо.
 
A

Aexil Kong

Гостин
За кого како пријателе. Некој се раѓа како chick magnet, јебени Казанова, а друг се замара со мотивациони говорници, го сведува фаќањето женска на ниво на наука. Има доста психологија во тоа, не за џабе на сите листи истата фигурира како една од најплатените професии, со оглед на времето во кое живееме и степенот на искомплексираност на народот, не е ни чудо.
Нема правда, нема мир :D
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147
Зарем треба стој на раце да прави кога излегува и дали има можности нешто повеќе од ова во нашава земја? Во најголем број иселени градови во државава на младинава се е сведено на ова. 0 културни настани. 0 понуда за ноќен живот.

Членот погоре убав пример ви дал со таа спортска асоцијација.
Пример ќе ти дам другар си фати девојка преку еден заеднички интерес, а тоа одгледување на кучиња и изложување на кучиња на изложби.
Се запознаа пријателот и девојката од изложби и сега се заедно 5-6 години.

Или оди посетувај планини, и таму може нешто да се најде од контакт со луѓе.

Да прилично е тенок културен живот во државава посебно надвор од Скопје.
Но тоа е нашата реалност. Ќе твориме и создаваме живот во овие услови кои ги имаме.

Не сме ние Мурињо па постојано да квичиме дека немаме финансиски услови како другите играчи на пазарот, Мурињо ќе менува фудбалски клубови, но нам потешко ни е да смениме држава ( фудбалски клуб).
Дај боже сите да сме во идеално општество ( држава) но додека не обезбедиме таква идеална средина ќе треба да се снаоѓаме и да играме според овие можности ки ги имаме во моментов.

И Микеланџело би правел можеби денес подобри слики да живеел во денешна епоха, но работел најдобро што можел во тие времиња и негови опкружувања.
 
A

Aexil Kong

Гостин
Членот погоре убав пример ви дал со таа спортска асоцијација.
Пример ќе ти дам другар си фати девојка преку еден заеднички интерес, а тоа одгледување на кучиња и изложување на кучиња на изложби.
Се запознаа пријателот и девојката од изложби и сега се заедно 5-6 години.

Или оди посетувај планини, и таму може нешто да се најде од контакт со луѓе.

Да прилично е тенок културен живот во државава посебно надвор од Скопје.
Но тоа е нашата реалност. Ќе твориме и создаваме живот во овие услови кои ги имаме.

Не сме ние Мурињо па постојано да квичиме дека немаме финансиски услови како другите играчи на пазарот, Мурињо ќе менува фудбалски клубови, но нам потешко ни е да смениме држава ( фудбалски клуб).
Дај боже сите да сме во идеално општество ( држава) но додека не обезбедиме таква идеална средина ќе треба да се снаоѓаме и да играме според овие можности ки ги имаме во моментов.

И Микеланџело би правел можеби денес подобри слики да живеел во денешна епоха, но работел најдобро што можел во тие времиња и негови опкружувања.
Добро другар, не ми беше за совет, констатација ми беше дека воопшто запознавањето на младиве во живо во денешно време е ограничено, посебно во малите градови. Сите се знаат меѓусебе, брзо се рашируваат муабетиве и сите имаат поголем штит. Резил и брука е да се пуштеш на женско во таква околина во кои има такви предрасуди. Социјалниве мрежи земаат примат во запознавањата денес. Човек не можеш да видеш по улициве ни преку ден, ни преку ноќ. Самиот јас знам зашто живеам во близина на мизерен иселен град во кој има 3-4 кафулиња и никакви други можности за повеќе. Планинарење да, ама можда во Скопје и другиве поголеми градови, а кај мене сум се интересирал за планинарењето и убаво знам кој категории лица одат и колку често. Така да не можеш да збореш за таа опција, во старт е исклучена во мали места.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Последниов месец дена сум во контакт со една украинка...жените се третирани таму како стока. Не вредат 5 пари, се ебат за една пијачка. Лично ми го има кажано со солзи во очите. Тоа е така затоа што нема саглам мажи. Поентата која ми е....ќе бира некој ако има што да бира или ќе има среќа да му се погоди, таа е суровата реалност.
За среќа на жените тука, има што да бираат. Може ќе им звучи смешно ама така е до негде.
Украина се на мајндсетот од 80-90ти во Југославија во поглед на овие прашања. Тие што јас ги познавам од таму женските се омажија до 25 години, уште ги држат некои вредности што беа тука пред 20тина години од аспект: традиции, адети, амин од постари, создавање на семејство на помала возраст и тн.

Каде и да си, или се прилагодуваш на пазарот или робата ќе ти остане непродадена.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
За почеток,средете си го физичкиот изглед,секогаш уредно потшишани,избричени,добро облечени и хигиена на ниво! После поработете на своето однесување и манири,бидете секогша кавалер и никогаш стипса,частете ја на првите состаноци за да не помисли дека сте скржавец,оти ова многу ги нервира девојките,ова како мои совети за почетници у овој занает,хехе
 
  • Хаха
Reactions: MSE
Член од
10 август 2013
Мислења
541
Поени од реакции
929
Друштво видете, секоја девојка си има однапред формирано своја цена на пазарот, тоа ти е исто како да си на Бит Пазар, секоја со својот филм што би се рекло, некоја е евтина, не бара којзнае што од момчето, освен една возвратена љубов, меѓусебна доверба. Но малку се таквите. Доколку сте заинтересирани за поскапите производи, таму секогаш и цената е многу покачена, таму сѐ е на “ниво” кое не може секој купец да си дозволи, но не мора да значи и дека е квалитетна робата, бидејќи во многу случаеви производите се само прскани и се нездрави за организмот хехехех поздрав..
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
За чорапите ништо никој не спомна :confused:
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Прво пожарите во Австралија,после се најавуваше трета светска војна,па коронава не снајде,па поплави,па торнада,и сеа у јули Анон да ти бил вистински CEO за жени...

 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Прво пожарите во Австралија,после се најавуваше трета светска војна,па коронава не снајде,па поплави,па торнада,и сеа у јули Анон да ти бил вистински CEO за жени...

Тоа е, до пред неколку години и ја бев слеп, си викав не бе Сусаро што ти е, не си во право, не се такви женските. Арно ама, се накотоманија лични искуства и искуства на пријатели, и тоа све у право да бил...
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Тоа е, до пред неколку години и ја бев слеп, си викав не бе Сусаро што ти е, не си во право, не се такви женските. Арно ама, се накотоманија лични искуства и искуства на пријатели, и тоа све у право да бил...
Хумор малку.Инаку се што прочитав од тебе на ова тема се сложувам и те поздравувам.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Хумор малку.Инаку се што прочитав од тебе на ова тема се сложувам и те поздравувам.
a бацки камо?
прати му некој пољубац, не биди скржав
 
A

Aexil Kong

Гостин
Пребрзо добив суд. Ме иритира тој избрзан нагон некои членови ко курлис и таквите што брзоплето знаат да дадат суд, а притоа без да се спуштат на земја и да не донесуваат брзи заклучоци за членот што влегува со сопствено мислење во дискусии/конфронтации. Пребрзо добив „напади“ без да знаете за подлогата зошто така размислувам и кај е коренот во тоа. Ама нејсе, тоа се должи оти мене ми се има дешавано, а не вас, вас друго, а денес редовна практика е луѓето да си се ставаат во одбрана, еве и јас ќе се ставам во моја одбрана. Малку оладен од песимизмост и разочараноста, решив да се изјаснам на темава, па нека чита кој сака и нека го прифати ова кој како сака.

За вакви теми не се знае крајот да му се најде. Може да се оди толку длабоко и да се поткопа секој детал што на моменти и не гледаш поента а ниту потреба оти пак ништо не се променува. Милиони страници да се испишат, еден тон наука да се испостави овде, нема никаква гаранција дека нештото ќе упали кај дечкото или било кој друг што сака да чита вакви теми.

Над седум милијарди луѓе на планетава, уште не знам колку „х“ пати повеќе дешавки и искуство има секоја единка на ваква тема. Секој си гради свое сопствено субјективно мислење за спротивниот пол врз база на искуството што го имал, врз база на информациите што ги добил, врз база на околината/општеството во која се наоѓа. Арбитрерна е привлечноста и хемијата. Мене да ме прашувате, само мене „мал милион“ бламажи и глупости сум имал кога секогаш се потсетувам на вакви теми и заради тие „нечовечки одбивања“ сум се решил да се поправам. Сум важел како мирен и повлечен. Никогаш ама баш никогаш не сум викал дека сум експерт за овие теми, туку напротив сум знаел да го стишам егото на ептен ниско ниво, да се самокритикувам заради грешките, да почнам и да научам од некого што имал стварно искуство со ова и јас само како „ученик“ да идам чекор подалеку. Почит плус од мене во вакви разговори добивале луѓето што се како „магнет казанова“ етикета прикачена од мене или ако не со толку висок процент на успешност барем имаат некој пристоен успех на ова поле. Љубомората за успесите кај другиве сум гледал да ја намалам, иако гневот нешто од внатре ми викаше поразличен си и и не ја прифаќај ваквата реалност, болна е, ама јас прифатив да сум на земја и да почнам да учам и само сум прибележувал на секоја моја грешка која ми ја некој укажал/увидел или сам сум ја увидел кај себе. Сум имал искуства и со „гуруа“ и сум ислушувал до крај со страст, со желба иако и многу нелогичности слушав што на прва не можев да си ги составев во глава. Исто доста слушав и нови работи за кои појма немав до тогаш. Некои attraction или seduction, release trauma пичке си мајчине работи. Кога зацепав во оваа тематика видов дека на ова му нема крај. Милион работи постоеле, едноставно компас можеш да изгубиш. Видов дека во последнава деценија на големо се организираат семинари и секакви „тренери-гуруа“ изникнуваат и земаат пари на момциве, а трендот и популарноста на ова се повеќе зголемуваше. Се организираат семинари на вакви теми низ Америка, и поретко во Европа и сум забележил дека одат луѓе што имаат над 40+ години и не се спознале самите себе и добиле решителност да се подобрат на ова поле. Решителност за поправање сум имал и јас и тоа сум имал повеќе од најголемиот оптимист на планетава. Денови и денови сум тепал и сум губил време да се анализирам, да се менувам од корен. Интерес постоел, му дадов примат на ова пред све друго, тоа може се должеше што другариве во околината ми беа такви. Ги интересираше ваквите теми па покрај нив и јас. Секое слободно време што го наоѓав работев на ваквите теми. Сериозно можам да кажам дека почнав да забележувам промени кај себе на подобро, во однесувањето, во мајндсетот, некои лоши навики ги изгубив и видов дека што е до мене, работиве почнаа да мрднуваат од корен. Но, големо но, увидов дека како одминува времето замарањето за ваквите работи почна да ми штети. Јас да, се променив, имав период од година дена кајшто негативна мисла кога се обидува да ми дојди и да ми напрај overthinking успешно и секундарно сум ја отстранувал. За таква техника да усовршам ми требаше време. Бев ставен на позитива максимум. Милион нови работи научив на ова поле. Милион, секојдневно црпев со другариве од сегде кадешто можеше да се црпи за ова. Книги, семинари, интернет итн... Запознав различни другари и друштва кои ме направија уште подобар. Се разбира стварите кои ги учев 95% беа за подобра самодоверба/самоконтрола. Срам да пријдам на некоја/некого непознат и да се запознаам го имав изгубено уште на почетокот, не ни имав проблеми многу со тоа. Првите чекори јас сум ги праел, не сум чекал да дојде подоброто, сум работил на тоа. Не сум бил нападен, не сум бил ниту ќутлив и две прости реченици да составам сум знаел. Секое друго поле ми одеше сосема солидно. Вежбав активно во тоа време, од физичкиот изглед задоволен и така и така, како мал не ми збореа многу дека сум убав може затоа не сум нарцосоиден. Се грижев за професијата која си ја избрав, читав многу и на тоа поле за да напредувам и да се усовршувам. Од спортување и хоби играв постојано кошарка, едноставно овие ствари не ми дадоа тој период да паднам ниту психички, а камоли физички. Топ кондиција бев тоа време, заразлика кога од порано кога бев опкружен со негативци и шабанарија. Нејсе, ден денес постојат вакви околу мене ама тогаш експресно не ми влијаеа, а сега ми влијаат и тоа многу. Јас барем си признавам, свесен сум, не летам во облаци, заради тоа што бев свесен дека е до мене и дека грешам негде се одлучив да се зацепам во вакви тематики. Ова не го правев за да се допаднам на другиве или да глумам нешто што не сум. Напротив, порив имав во мене да се променам, да бидам природен, секоја промена беше природна и за мене, а егото и нарцисоидот ни најмалку не беше форсирано. Да не должам многу. Сум пробал све, свашта, имам тон искуство, за година дена ми се чини доживеав искуство повеќе од тоа цел живот што го имав. Резултатите на крајот беа сосема исти, да не речам негде малце подобрени (пред се во social calibration и не-грижа за тоа дека сум одбиен од „еден милион“), ама повеќе полоши искуства испаднаа отколку што очекував. Целта ми беше да не одам на инстаграм манекенкиве, туку најголем мнозински процент беа просек 6/10 или 8/10 највеќе преку сила. Тоа што не очекував, тоа се случи, имаше типци што ги женскиве ги третираа како гомно, а имаа поголем успех од мене, можев да ги видам постојано во нивна кола со женски, немаа големи проблеми а ниту пак да се решат да се ебаваат со промена на нејзиниот однос. Јас тоа што го очекував за мене не се случи и ме удари една дамла за која сега веќе си стојам на ова мислење. Подобри резултати имаше другаров што бев постојано со него иако јас бев повеќе позитивен од него. Може премногу очекувања сум имал, којзнае што е била работава, може и требало малку повеќе филм да сум праел или приказни да раскажувам за да бидам поинтересен. Се разбира ме мрзи да се објаснувам што се` не се случи во период од година дена, ама таков бродолом, такви неочекувани удари, јебига, може доста очекував, со тоа резултираше една криза и нагло враќање на негативните емоции кај мене. Се што посакував да не се врати, се врати и тоа тродупло. Еве, не можам да се санирам од помислите на вакви теми. Значи да не должам, резултатот беше исти. 0. Не знам, највероватно оти јас во село живеам, а градскиве моми и гледаат со презир малце ама малце на селаниве. Ако имаш добар новац, кола и поширок круг на познанства очекувај некој си успех на ова поле, јас од ова само круг на познанства имав ама изгледа недоволно беше, ама ако го имаш останатото тогаш ништо да не те изненадува ако тие први почнат да ти приоѓаат, а ако го немаш ова, најдобронамерен совет, немаш потреба, ниту вреди да се замараш воопшто оти ќе заглавиш уште повеќе како мене. Само биди смирен и ако бидне некогаш, бидне, ако не и 180 степени да се преобразеш заради некаков си успех не ти гарантира никој никаков успех. Биди таков каков што си. Јас важам за човек кој бара правдини и тоа премногу правдини и ме погодуваат екстремни различности/различности во крајност. Затоа и ме погодуваа ваквите неправди. Не знам што е работава кај мене, ама не упалуваше ништо, а кој ме познаваше можеше да види сосема трансформација кај мене на подобро.
Нема универзален solution, еве да речеме самодоверба. Не е универзална метода на attraction. Арбитрерно е, некоја ќе се запали на самодоверба и може брзо да те остави оти си ја изгубил самодовербата, имаш такви што ќе ѝ се допаднеш со твојата срамежливост, ама имаш и други девојки што ќе се запалат на твојот скап аксесоар (карикирам) што го поседуваш или на цртите на лицето што ги имаш. Само што јас од искуство првиве што паѓаат на самодоверба се поретко ги среќавам барем околу мене и мојава околина. Такво е некако времето дојдено. Може да ти замижи на духовното и да те трпи ако имаш добра материјална потпора. Не знам, може тебе за месец од сега, година од сега, ќе ти се насмевне среќата и ќе си добиеш тоа што си бараш и да видеш дека немало воопшто потреба од ваква тема и вакво замарaње, како јас што се замарав.@Silcevic
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
80% од купувачите на коли, својата одлука ја базираат на надворешен визуелен дизајн, не на некои практични нешта, како на пример - што има под хауба и сл.
Поубавите луѓе добиваат поголеми плати, помали казни на суд и тн. и тн.

Луѓето се визуелни битија. Оваа карактеристика им одмага во рационалното донесување одлуки.
Жените пак, се многу повеќе визуелни битија од луѓето, а тој факт не помага, многу - многу, во проблемиве кои ги презентирате често на форумов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom