- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.590
Она биди свој, она што си, не може да важи како универзално правило за секој, не носи по дифолт успех како што некој си замислува, колку и ослободувачки и да звучи. Ако некој работи на случајот, пробува, меѓутоа без успех, ондак ова правило само ќе го пролонгира неговиот љубовен статус кво. Не може некој со ниска самодоверба, никакви социјални вештини, потпросечен физички изглед, никакви интереси да се води по ова правило. Работата е во согледувањето на сопствените недостатоци и работењето на истите, создавање на менталитет на континуирано самоподобрување, лоцирање на недостатоците, учење на грешките...
Пример еден познаник, се жали оти немал успех со жените, следува оној класичниот изговор, дека трчале по пари, гледале каков автомобил возиш, недвижнини, каде работиш...а ликот сосем нормален за наше поднебје, со океј работа, океј изглед, знае да состави проста реченица. Каде е проблемот? Епа оти истиот лик има проблем со перцепцијата према жените, искривени гледишта за идеалната жена. На социјални мрежи ги следи баш тие, што очигледно трчаат по пари и им е битен материјалниот статус, плитки погледи према животот и од сето ова сам следи заклучокот за неговиот неуспех на љубовен план.
Важно е самоспознанието, самоанализа на сопствената личност, правење една SWOT анализа, согледување на сопствените јаки страни, работење на недостатоците, откривање на можностите, поставување на дофатливи цели, факторот среќа е исто многу важен, упорноста...има еден куп варијабли и на крај и веројатноста за неуспех е се уште присутна, едноставно не постои универзално правило за успех.