Пребрзо добив суд. Ме иритира тој избрзан нагон некои членови ко курлис и таквите што брзоплето знаат да дадат суд, а притоа без да се спуштат на земја и да не донесуваат брзи заклучоци за членот што влегува со сопствено мислење во дискусии/конфронтации. Пребрзо добив „напади“ без да знаете за подлогата зошто така размислувам и кај е коренот во тоа. Ама нејсе, тоа се должи оти мене ми се има дешавано, а не вас, вас друго, а денес редовна практика е луѓето да си се ставаат во одбрана, еве и јас ќе се ставам во моја одбрана. Малку оладен од песимизмост и разочараноста, решив да се изјаснам на темава, па нека чита кој сака и нека го прифати ова кој како сака.
За вакви теми не се знае крајот да му се најде. Може да се оди толку длабоко и да се поткопа секој детал што на моменти и не гледаш поента а ниту потреба оти пак ништо не се променува. Милиони страници да се испишат, еден тон наука да се испостави овде, нема никаква гаранција дека нештото ќе упали кај дечкото или било кој друг што сака да чита вакви теми.
Над седум милијарди луѓе на планетава, уште не знам колку „х“ пати повеќе дешавки и искуство има секоја единка на ваква тема. Секој си гради свое сопствено субјективно мислење за спротивниот пол врз база на искуството што го имал, врз база на информациите што ги добил, врз база на околината/општеството во која се наоѓа. Арбитрерна е привлечноста и хемијата. Мене да ме прашувате, само мене „мал милион“ бламажи и глупости сум имал кога секогаш се потсетувам на вакви теми и заради тие „нечовечки одбивања“ сум се решил да се поправам. Сум важел како мирен и повлечен. Никогаш ама баш никогаш не сум викал дека сум експерт за овие теми, туку напротив сум знаел да го стишам егото на ептен ниско ниво, да се самокритикувам заради грешките, да почнам и да научам од некого што имал стварно искуство со ова и јас само како „ученик“ да идам чекор подалеку. Почит плус од мене во вакви разговори добивале луѓето што се како „магнет казанова“ етикета прикачена од мене или ако не со толку висок процент на успешност барем имаат некој пристоен успех на ова поле. Љубомората за успесите кај другиве сум гледал да ја намалам, иако гневот нешто од внатре ми викаше поразличен си и и не ја прифаќај ваквата реалност, болна е, ама јас прифатив да сум на земја и да почнам да учам и само сум прибележувал на секоја моја грешка која ми ја некој укажал/увидел или сам сум ја увидел кај себе. Сум имал искуства и со „гуруа“ и сум ислушувал до крај со страст, со желба иако и многу нелогичности слушав што на прва не можев да си ги составев во глава. Исто доста слушав и нови работи за кои појма немав до тогаш. Некои attraction или seduction, release trauma пичке си мајчине работи. Кога зацепав во оваа тематика видов дека на ова му нема крај. Милион работи постоеле, едноставно компас можеш да изгубиш. Видов дека во последнава деценија на големо се организираат семинари и секакви „тренери-гуруа“ изникнуваат и земаат пари на момциве, а трендот и популарноста на ова се повеќе зголемуваше. Се организираат семинари на вакви теми низ Америка, и поретко во Европа и сум забележил дека одат луѓе што имаат над 40+ години и не се спознале самите себе и добиле решителност да се подобрат на ова поле. Решителност за поправање сум имал и јас и тоа сум имал повеќе од најголемиот оптимист на планетава. Денови и денови сум тепал и сум губил време да се анализирам, да се менувам од корен. Интерес постоел, му дадов примат на ова пред све друго, тоа може се должеше што другариве во околината ми беа такви. Ги интересираше ваквите теми па покрај нив и јас. Секое слободно време што го наоѓав работев на ваквите теми. Сериозно можам да кажам дека почнав да забележувам промени кај себе на подобро, во однесувањето, во мајндсетот, некои лоши навики ги изгубив и видов дека што е до мене, работиве почнаа да мрднуваат од корен. Но, големо но, увидов дека како одминува времето замарањето за ваквите работи почна да ми штети. Јас да, се променив, имав период од година дена кајшто негативна мисла кога се обидува да ми дојди и да ми напрај overthinking успешно и секундарно сум ја отстранувал. За таква техника да усовршам ми требаше време. Бев ставен на позитива максимум. Милион нови работи научив на ова поле. Милион, секојдневно црпев со другариве од сегде кадешто можеше да се црпи за ова. Книги, семинари, интернет итн... Запознав различни другари и друштва кои ме направија уште подобар. Се разбира стварите кои ги учев 95% беа за подобра самодоверба/самоконтрола. Срам да пријдам на некоја/некого непознат и да се запознаам го имав изгубено уште на почетокот, не ни имав проблеми многу со тоа. Првите чекори јас сум ги праел, не сум чекал да дојде подоброто, сум работил на тоа. Не сум бил нападен, не сум бил ниту ќутлив и две прости реченици да составам сум знаел. Секое друго поле ми одеше сосема солидно. Вежбав активно во тоа време, од физичкиот изглед задоволен и така и така, како мал не ми збореа многу дека сум убав може затоа не сум нарцосоиден. Се грижев за професијата која си ја избрав, читав многу и на тоа поле за да напредувам и да се усовршувам. Од спортување и хоби играв постојано кошарка, едноставно овие ствари не ми дадоа тој период да паднам ниту психички, а камоли физички. Топ кондиција бев тоа време, заразлика кога од порано кога бев опкружен со негативци и шабанарија. Нејсе, ден денес постојат вакви околу мене ама тогаш експресно не ми влијаеа, а сега ми влијаат и тоа многу. Јас барем си признавам, свесен сум, не летам во облаци, заради тоа што бев свесен дека е до мене и дека грешам негде се одлучив да се зацепам во вакви тематики. Ова не го правев за да се допаднам на другиве или да глумам нешто што не сум. Напротив, порив имав во мене да се променам, да бидам природен, секоја промена беше природна и за мене, а егото и нарцисоидот ни најмалку не беше форсирано. Да не должам многу. Сум пробал све, свашта, имам тон искуство, за година дена ми се чини доживеав искуство повеќе од тоа цел живот што го имав. Резултатите на крајот беа сосема исти, да не речам негде малце подобрени (пред се во social calibration и не-грижа за тоа дека сум одбиен од „еден милион“), ама повеќе полоши искуства испаднаа отколку што очекував. Целта ми беше да не одам на инстаграм манекенкиве, туку најголем мнозински процент беа просек 6/10 или 8/10 највеќе преку сила. Тоа што не очекував, тоа се случи, имаше типци што ги женскиве ги третираа како гомно, а имаа поголем успех од мене, можев да ги видам постојано во нивна кола со женски, немаа големи проблеми а ниту пак да се решат да се ебаваат со промена на нејзиниот однос. Јас тоа што го очекував за мене не се случи и ме удари една дамла за која сега веќе си стојам на ова мислење. Подобри резултати имаше другаров што бев постојано со него иако јас бев повеќе позитивен од него. Може премногу очекувања сум имал, којзнае што е била работава, може и требало малку повеќе филм да сум праел или приказни да раскажувам за да бидам поинтересен. Се разбира ме мрзи да се објаснувам што се` не се случи во период од година дена, ама таков бродолом, такви неочекувани удари, јебига, може доста очекував, со тоа резултираше една криза и нагло враќање на негативните емоции кај мене. Се што посакував да не се врати, се врати и тоа тродупло. Еве, не можам да се санирам од помислите на вакви теми. Значи да не должам, резултатот беше исти. 0. Не знам, највероватно оти јас во село живеам, а градскиве моми и гледаат со презир малце ама малце на селаниве. Ако имаш добар новац, кола и поширок круг на познанства очекувај некој си успех на ова поле, јас од ова само круг на познанства имав ама изгледа недоволно беше, ама ако го имаш останатото тогаш ништо да не те изненадува ако тие први почнат да ти приоѓаат, а ако го немаш ова, најдобронамерен совет, немаш потреба, ниту вреди да се замараш воопшто оти ќе заглавиш уште повеќе како мене. Само биди смирен и ако бидне некогаш, бидне, ако не и 180 степени да се преобразеш заради некаков си успех не ти гарантира никој никаков успех. Биди таков каков што си. Јас важам за човек кој бара правдини и тоа премногу правдини и ме погодуваат екстремни различности/различности во крајност. Затоа и ме погодуваа ваквите неправди. Не знам што е работава кај мене, ама не упалуваше ништо, а кој ме познаваше можеше да види сосема трансформација кај мене на подобро.
Нема универзален solution, еве да речеме самодоверба. Не е универзална метода на attraction. Арбитрерно е, некоја ќе се запали на самодоверба и може брзо да те остави оти си ја изгубил самодовербата, имаш такви што ќе ѝ се допаднеш со твојата срамежливост, ама имаш и други девојки што ќе се запалат на твојот скап аксесоар (карикирам) што го поседуваш или на цртите на лицето што ги имаш. Само што јас од искуство првиве што паѓаат на самодоверба се поретко ги среќавам барем околу мене и мојава околина. Такво е некако времето дојдено. Може да ти замижи на духовното и да те трпи ако имаш добра материјална потпора. Не знам, може тебе за месец од сега, година од сега, ќе ти се насмевне среќата и ќе си добиеш тоа што си бараш и да видеш дека немало воопшто потреба од ваква тема и вакво замарaње, како јас што се замарав.
@Silcevic