Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.515
Ние веќе сме во бездна од која верувам дека нема да се откопаме никогаш. Освен ако не дојде некој и не не земи како протекторат, да ни ги исплати долговите, да ни ги ликвидира криминалците и да ни постави ред и правила на игра.Не дека сум експерт и можеби ставовите на Левица се во иста линија со екстремната левица по Светот, но... еве ја прочитав програмата на Левица и истата не фрла во бездна од која нема да може да се откопаме во наредни 200 години. Програмата е напишана како за партија која секогаш ќе има 2 до 5 пратеници во Собрание, а не за некоја партија која има намери да има 10+ пратеници и еден ден да ја преземе власта.
Не дека имаат целосно лоша програма, ама барем 50% од работите, ако не и повеќе им се неизводливи, меѓународната политика погубна. Ќе поништеле Преспански договор, ќе ревидирале договор со Бугарија, ќе сме напуштеле НАТО, забрана на странски бази, бркање на странски воени мисии. Кои сме ние бе другари, ова што е наброено не може да го сменат велесили, ама ние ќе го смениме.
Оставам времето да покаже, Апасиев е интересен лик со добри ораторски вештини, но многу значајно е како ќе се претстави и другиот пратеник на Левица во наредните две-три години.
И во двата случаеви може да ти ветува што сака, не менува многу дали се 2+ или 10 пратеници.
Ние ветувања дека ќе имаме убав стандард и дека ќе влеземе во ЕУ добиваме 20 години од партии што секогаш освојуваат 40+ пратеници и никогаш не ги добивме (ЕУ пример отсекогаш е нереално и кој ќе ти каже дека ќе влезеш во следни 10 години да знаеш дека те лаже). Така да помал проблем е тоа што ветува Димче, секако не е во позиција, ниту ќе биде во позиција уште барем 2 изборни циклуси да мора да ветува опипливи и остварливи работи.
Затоа и Интегра ви ветуваше дека ќе отвориме NMNASA и какви не чудесии, тие во старт знаеја дека е скоро невозможно да земат пратеник, не пак да мора да исполнуваат.
Околу Преспанскиот ако навистина не можат да те избркаат од НАТО шибај мајсторе, раскинувај го, во ЕУ секако нема да влеземе, дај барем и ние да заебеме некој.
Последно уредено: