Имаше што да го убедува народот, посебно кога ВМРО на грб се уште го носи багажот од дивеењата на Грујо. Тие овие три години требаше да го убедат народот дека ВМРО не е веќе истата партија од тоа време. Народот веќе еднаш се изгоре со СДС сега нормално е да има изгубена доверба во било која партија и пред да одлучи да гласа ќе дува и на јогурт. Од овој аспект задача на ВМРО беше да ја врати изгубената доверба, да се реформира. Потоа да оформи став околу националните прашања, во суштина да му покаже на електоратот зошто го носи името ВМРО. Видете само колку поени собра преку Мизрахи. Требаше на таа карта да игра, макар тоа било и псевдо патриотизам.
Под овие околности мислам дека СДС немаше да има никави шанси, независно кој стоел зад нив, дали полнеле кутии. Пример референдумот. Цел Запад стоеше зад тој проект, Меркел дојде, Меј...на денот на гласање се полнеа кутии, шипците гласаа, ромите...и пак имаа неуспешен референдум, народот си остана дома.
ВМРО не му даде повод, причина на народот зошто би ги гласал. Излегоја на предизборна трка со смешен кадар, делуваа очајно. Таргетираа погрешна група на граѓани, заборавајќи на своите традиционални гласачи во македонските средини, руралните области, малите градови и нивната периферија.