Два дена после изборите, додека терористите од ДУИ поставуваат нови максималистички барања и додека на нивните масовни прослави се скандира "Умри Филипче", партиските полтрони повеќе се фокусираат на Левица и фрлаат со дрва и камења по Апасиев. Не можат да се помират со фактот дека Апасиев станува политички фактор, а со ваквите континуирани напади во иднина може да стане и уште поголем политички фактор.
Апасиев е одличен говорник, но мора да почне со припреми за неговите настапи во собрание бидејќи сега е во тешка категорија, поминаа времиња кога дебатираше со ботови како бунтур и слични. Сега ќе дебатира со терористи, мафијаши, криминалци, со луѓе без грам срам и морал, со луѓе кои што газат преку живи луѓе за да ги остварат сопствените интереси. Тоа што е пообразован и има поголем речник не мора ништо да значи бидејќи ова не се Струшките вечери на поезијата, туку гнасна политика каде искусни удбаши и провокатори ќе се обидуваат да го извадат од такт, да му превртуваат зборови и да му ѓи ваѓаат од контекст. Се надевам дека е свесен за ова и дека ќе е спремен бидејќи му се дешавале повеќе пати така да го извадат од такт и тоа ботови како Бунтур, а овие се далеку поопасни и поискусни. Друга работа што мора да научи е real политик, глупости од типот на одпризнавање на Израел и слични работи се недозволиви доколку сакаат да станат посериозен политички фактор во иднина.
Без разлика што во моментов се само нова опција и се уште се далеку од некаков политички фактор, сепак тоа што Левица влезе во парламент е единствена светла точка во овој изборен циклус. Апасиев е единствен политичар кој во моментов отворено зборува за сите општствени проблеми со кој се соочува Македонец и ако не отстапува од тоа во иднина ќе може и уште повеќе да го канализира незадоволството на Македонците од се што се случува во државава. Кога можеше еден Трамп кој му се смееше цел свет кога се кандидираше за претседател и да победи на изборите во 2016, кога можеше еден Најџел Фараж кој кога ја формираше UKIP беше константно исмеван од бирократите во ЕУ да успее да го издејствува Брегзит, тогаш зошто да не може и Левица во иднина да стане поголема политичка партија и да ја турне штетната оска сдс-дпмне.