^Точен си до негде брат. Ама комшичево од Скопје се врати да гласа за СДС, само затоа што мајка и добие решение медицинска сестра во болница. А вакви со (остварен/ветен/интерес) познавам еден куп кои се вратија. И секако не ги платија парите од џеб за превоз.
ШТо се однесува до овие избори според мене, целата корона ситуација и ова матно време им се погоди на СДС, затоа и им се брзаше. Со ваучерите од 9000-ки, па тие за туризам и слично, извршија еден вид „суптилен поткуп" на гласачко тело. Тука Ромиве во Прилеп, истите ги препродаваат ваучерите за пониски цени, во готови пари, околу 5000-ки. Во понеделникот средија и со тоа зелената нафта, башка што на терен „си одработуваа" пошто им се можеше на таа пара која ја имаа(т).
Разочарани ВМРОВци се наклонија кон Левица, бидејќи реториката за поништување на Договорот онака кажана храбро им го направи филмот, пошто не го слушнаа тоа што сакаа да го слушнат од матичната партија. Џапнаа од десницата и помалите партии како Интегра, Единствена, ГДУ, и со тоа ја остварија целта за која беа формирани. Во Прилеп Интегра изваде чинам 800 гласа, помаливе сателити ќе ги речам сите заедно околу 1300, се тоа гласови од десница, пошто сдсмовците си го гласаа СДС и тие си се лојални на каузата и македонскиот синдром на самоуништување.
И секако сума сумарум, имаш веќе некоја година преморен народ од политики, народ кој гледа денес да му е убо на курот а за утре ќе му ја мисли, народ на кој не му менува дали државава ќе дозамине јабана, дали ќе е федерација, дали ќе е Албанец премиер, дали ДУИ и натаму ќе си бичат филмот. Го земам мој близок роднина, вика не гласам, нека се распадни вукојебинава, ќе се преселам во Белград јас (значи не го интересира тоа што наши, ваши, деца ќе останат да живеат тука), шо знајте прајте вие тука.
На овие избори победи ДУИ. Сега се зависи од нив. А водејќи се по „принципите" на поранешниов премиер, знам каде сето тоа ќе заврши.