Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Е ако се бетер де, нека се сменат луѓето малку.
Промените се нормална и здрава работа, ако може секаде да се менуваат работниците и компаниите оти кај нас да не може да се менуваат политичките партии и политичарите.
Јас ти кажувам отворено дека човек што пример работи во Скопје, нема никаков личен интерес од аспект на вработување, тендери и слични финансиски придобивки од одредена партија, а сеуште гласа во родното место, нема математика како да се врати дома само за еден ден гласање и пак назад (прво линиите за автобуси се редуцирани а свои возила немаат сите, второ тие што имаат рачунај за гориво и патарини во подалечните места напред назад ќе треба да изгориш 2000ки, трето по жешкото да се заебаваш да одиш и да чекаш во ред за гласање на сред вирус за никаков посебен финансиски интерес, четврто што и да одбереш пак ќе се пикаат џаболебари во администрација, ДУИ пак решава кој ќе прави влада, криминал, непотизам, корупција, нефункционални институции остануваат и никој не ветуваше дека ќе ги промени, враќање на име, поништување на договор со Бугарија пак ДПМНЕ не ветуваше, што мислиш колку треба да си ретардиран од 1-10 да се закренеш 300км за гласање ако немаш никаков личен интерес ниту пак ветување за средување на националните интереси?
Сите тие што се против непотизам, криминал, корупција и т.н. утре да им понудиш директорско место уште утре ќе се нафатат. И ќе бидат бетер од сите искусни политичари што поминале многу додека стигнат до таму. Тоа го докажаа сега СДС за три год. од ниви у Струмица кога ги акнаа по бироа.
Да ти објаснам нешто.....сите овие негативни работи се решаваат со системски промени и истите НИКОГАШ не зависеле од тоа какви биле вмровците или сдсовците или што знам кои други во тој план како луѓе. Тоа до сега го пробал само Грујо до негде со контроли и санкции, без разлика кој која партија е. Лично го имам осетено на своја кожа, ама наместо да се продолжи така ни се деси распад на системов. Не дека и тогаш не беше селективно применувано, ама во некој % да.
ДУИ решава затоа што тебе ти е проблем 300 Км, на друг корона, на трет апатија, на четврт дупка у мозок и т.н.
 
Добро штом е така, победија на избориве и сега ќе состават влада.
А бе за коментирање и „капачиња“ од страна, сите експерти, како старцине од Мапет Шоу.
 
Па ни СДСМ неможе да формира власт со ДУИ оти они сакаат власт со албанец премиер.
СДС со учките имаат точно 61 пратеник......воопшто нека не те зачуди и тоа да се случи, како што на шверцерски начин го донесоа Таљат во собрание и ни ја ебаа цела држава. Гласајте ги пак СДС се по список
 
Ти имаш некое компулсивно опсесивно растројство во врска со името.
Не, само со копитарите кои гласаа за оние што го продадоа и кои таквиот чин го нарекуваат храбар чекор!
Ти во која група си?
 
би се согласил со се освен за “бајаги паметно човече“ и за “10%“
...не се проблем 10% туку 80%, кои да им нацрташ нешто на тараба ќе помислат дека е тоа ...тоа!
Мислев на 10% од гласачкото тело, кои останаа дома друг да им одлучува :)
 
^Точен си до негде брат. Ама комшичево од Скопје се врати да гласа за СДС, само затоа што мајка и добие решение медицинска сестра во болница. А вакви со (остварен/ветен/интерес) познавам еден куп кои се вратија. И секако не ги платија парите од џеб за превоз.

ШТо се однесува до овие избори според мене, целата корона ситуација и ова матно време им се погоди на СДС, затоа и им се брзаше. Со ваучерите од 9000-ки, па тие за туризам и слично, извршија еден вид „суптилен поткуп" на гласачко тело. Тука Ромиве во Прилеп, истите ги препродаваат ваучерите за пониски цени, во готови пари, околу 5000-ки. Во понеделникот средија и со тоа зелената нафта, башка што на терен „си одработуваа" пошто им се можеше на таа пара која ја имаа(т).

Разочарани ВМРОВци се наклонија кон Левица, бидејќи реториката за поништување на Договорот онака кажана храбро им го направи филмот, пошто не го слушнаа тоа што сакаа да го слушнат од матичната партија. Џапнаа од десницата и помалите партии како Интегра, Единствена, ГДУ, и со тоа ја остварија целта за која беа формирани. Во Прилеп Интегра изваде чинам 800 гласа, помаливе сателити ќе ги речам сите заедно околу 1300, се тоа гласови од десница, пошто сдсмовците си го гласаа СДС и тие си се лојални на каузата и македонскиот синдром на самоуништување.

И секако сума сумарум, имаш веќе некоја година преморен народ од политики, народ кој гледа денес да му е убо на курот а за утре ќе му ја мисли, народ на кој не му менува дали државава ќе дозамине јабана, дали ќе е федерација, дали ќе е Албанец премиер, дали ДУИ и натаму ќе си бичат филмот. Го земам мој близок роднина, вика не гласам, нека се распадни вукојебинава, ќе се преселам во Белград јас (значи не го интересира тоа што наши, ваши, деца ќе останат да живеат тука), шо знајте прајте вие тука.

На овие избори победи ДУИ. Сега се зависи од нив. А водејќи се по „принципите" на поранешниов премиер, знам каде сето тоа ќе заврши.
 
Никој не погоди. Немаше опција која опфаќаше разлика од 2 пратеника, или нерешено.

Џоле, ме интересира твоето високо уважено експертско мислење, дали СДС победи на изборите или изгуби исто како на минатите?
 
Не, само со копитарите кои гласаа за оние што го продадоа и кои таквиот чин го нарекуваат храбар чекор!
Ти во која група си?
Веројатно во таа за која „името нема да ни ги плати сметките“.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom